Европа
Антисемитски графити на Берлинскиот ѕид

Антисемитски графити осамнаа на Берлинскиот ѕид во времето кога во германската престолнина се одржува Макабијадата, собирот на еврејските спортисти од целиот свет, соопшти во саботата германската полиција.
Говорот на омраза испишан е на ткн источна галерија East Side Gallery, најдолгиот преостанат дел од Берлинскиот ѕид на кој се наоѓаат преку сто мурали и претставува најголемата светска галерија на отворено.
Полицијата изјави дека инцидентот се истражува, како и дека муралот преку кој е напишан антисемитскиот текст привремено е прекриен, додека графитите не бидат отстранети. Не се соопштува што е испишано на ѕидот.
Повеќе од две илјади спортисти учествуваат на Макабијадата којашто се одржува на Олимпискиот стадион во Берлин, изграден во периодот на нацизмот, со што првпат некое големо натпреварување на еврејски спортисти се одржува во земјата којашто е одговорна за најголемиот геноцид врз овој народ во неговата историја.
Отворањето на Олимпискиот стадион во Берлин во 1936 година бил настан за паметење и покрај тоа што е оценето како целосна негација на духот на Олимписките игри, бидејќи обилувало со воена симболика во времето кога германскиот нацистички водач Адолф Хитлер се подготвувал за воените походи кои ќе следат неколку години подоцна.
Речиси осум децении подоцна, истиот стадион е домаќин на две илјади еврејски спортисти од 35 држави, учесници на традиционалната Макабијада, која се одржува на секои четири години од 1932 година.
Ваквите паневрејски спортски игри биле организирани на почетокот од XX век, како што се истакнува, како одговор на системскиот антисемитизам во европскиот спорт што ја поттикнало еврејската заедница да втемели сопствена платформа за спортски натпреварувања.
Изборот на берлинскиот Олимписки парк за одржување на игрите е важен и затоа што на Евреите им било забрането да настапа на Олимписките игри во 1936-та како германски претставници, но и затоа што замислата да се одржи во Берлин ја отфрлаа постарите еврејски генерации. Меѓутоа, „младите поколенија на крајот победија“, истакна Мајер.
Значителен дел од буџетот за организација на игрите, кој изнесува 5 милиони евра, е наменет за безбедноста.
Учеството на Евреите на организираните спортски манифестации во Германија е одбележано и со трагедијата на Олимписките игри во Минхен во 1972 година, кога радикална палестинска група грабна и уби 11 членови на израелската спортска експедиција./крај/мф/сн
Извор: DPA
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
(Видео) Русија: Украина го нападна нашиот брег на Црното Море

Русија во петокот објави дека Украина го нападнала нивниот брег на Црното Море во близина на Сочи со ракети и беспилотни летала.
Градоначалникот на Сочи, туристичка дестинација на источниот брег на Црното Море, објави дека украинскиот напад е запрен.
Tourists in Sochi spent the night sheltering in basements and car parks as waves of unknown drones hit the area, reportedly targeting a nearby oil refinery near Adler, the southern district of Sochi close to the Abkhazian border.
The mayor claims a missile attack was repelled,… pic.twitter.com/yxdGxmAGLI
— Shaun Pinner (@olddog100ua) October 17, 2025
Жителите на градот, кој беше домаќин на Олимписките игри во 2014 година, објавуваа на социјалните мрежи за тревогите и експлозиите. Градоначалникот ги повика луѓето да ги избегнуваат плажите и крајбрежните области и да побараат засолниште.
Локалните медиуми објавија дека сообраќајот на меѓународниот аеродром во Сочи е привремено запрен. Нема непосредни извештаи за штети.
Руското Министерство за одбрана соопшти дека 32 украински дронови биле пресретнати над Кримскиот полуостров.
Burning oil depot in #Hvardiyske – view from the highway near #Simferopol 🔥🔥🔥 pic.twitter.com/X4z4t82WLK
— Aurora Borealis 🤫 (@aborealis940) October 17, 2025
Службениците изјавија дека немало штета на електраните или прекини во снабдувањето со електрична енергија.
Германската новинска агенција ДПА цитира непотврдени извештаи и видеа на социјалните мрежи дека голем објект за складирање нафта во Симферопол, Крим, бил погоден.
фото: принтскрин
Европа
(Видео) Експлозија во станбена зграда во Букурешт: две лица загинаа, 12 сповредени

Силна експлозија потресе осумкатна станбена зграда во Букурешт.
Bucharest, Romania, Now pic.twitter.com/1a4cNKXVlY
— Musat Sorin Mihai (@sorinmihaimusat) October 17, 2025
Според првичните извештаи од властите во романската престолнина, две лица загинаа, а 12 други се хоспитализирани, објави „Ројтерс“.
An explosion occurred in a residential building in Bucharest, destroying several apartments on the 5th and 6th floors.
Authorities in the Romanian capital confirmed that two people were killed, while another 12 were hospitalized, according to preliminary reports. pic.twitter.com/rxPsE1wIaM
— NEXTA (@nexta_tv) October 17, 2025
Експлозијата искрши прозорци во блиското средно училиште и уништи неколку станови на петтиот и на шестиот кат од зградата.
фото: принтскрин
Европа
Путин го свика Советот за безбедност на Русија по разговорите со Трамп

Рускиот претседател Владимир Путин свика состанок на моќниот Совет за безбедност на Русија по телефонскиот разговор со американскиот претседател Доналд Трамп, објавија денес руските новински агенции повикувајќи се на помошникот на Кремљ, Јуриј Ушаков.
Според Ушаков, Путин детаљно ги информирал членовите на Советот за безбедност за разговорот со Трамп.
Трамп и Путин се согласија в четврток да одржат уште еден самит за војната во Украина, изненадувачки потег што дојде откога најавата за нова американска воена поддршка за Киев предизвика загриженост во Москва.
Во Русија, Советот за безбедност е клучно тело за донесување одлуки за најважните прашања за националната безбедност на Русија.
фото: принтскрин