Контакт

Компании

Замена на постојните и издавање нови транзитни царински гаранции во Комерцијална банка

Објавено пред

Комерцијална банка АД Скопје во четвртокот соопшти дека е првата банка државата која е подготвена за замена на постојните и за издавање на нови транзитни царински гаранции.

dobivaj vesti na viber

Во соопштението се наведува дека Комерцијална банка преку своите добри деловни контакти и соработници од својата разгранeта мрежа на кореспондетни банки го исполни неопходниот услов за воспоставување агенти во сите земји членки на транзитната конвенција, односно адреси за потребите на доставување на барања на наплата на гаранциите и соодветна документација согласно условите на гаранцијата пропишани во Конвенцијата за заедничка транзитна постапка.

Република Македонија почнувајќи од 01 јули 2015 година ќе стане полноправна членка на Конвенцијата за заедничка транзитна постапка, со што ќе биде прва од земјите од Западен Балкан што ќе се приклучи кон оваа Конвенција и целосно ќе се интегрира во делот за транзитот на стоки со сите земји членки на ЕУ, ЕФТА и Турција. Со пристапувањето кон оваа Конвенција ќе се овозможи полесно и побрзо движење на стоката без застој на граничните премини и без поднесување на посебни царински документи во секоја попатна земја.

Во таа насока Банките, вклучително и Комерцијална банка АД Скопје имаат значајна улога во делот на издавањето на банкарските гаранции за транзит на економските оператори кои се главните носители во транзитната постапка. Со пристапувањето кон Конвенцијата, неопходни се промени во обрасците на банкарските гаранции кои банките досега ги издаваа. Истите беа важечки само на национално ниво, додека новите мора исклучиво да важат во сите земји членки на ЕУ, и по избор во земјите на ЕФТА и Турција, со кои главните обврзници имаат деловна соработка. /крај/мф/ап

 

Извор: Макфакс



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија

БРАКО на АНАНАС: медицинскиот мебел на БРАКО отсега и со онлајн продажба на Ананас

Објавено пред

Дел од програмата на медицински мебел на БРАКО отсега ќе може да се купи на сајтот за онлајн тргување Ананас. На сајтот се изложени производи кои се од домашно македонско производство и кои досега беа достапни за купување директно oд капацитетите во фабриката во Велес.

dobivaj vesti na viber

На овој начин, со партнерството со популарниот сајт за онлајн продажба Ананас, се излегува во пресрет на приватни лица и помали правни субјекти од областа на здравството и козметологијата да можат набават опрема за лично користење и за обавување на својата дејност, на начин кој е во тек со светските трендови на купување.

На сајтот се достапни кревет за медицински преглед, столчиња за медицински преглед, медицински паравани, рефлектори, сталаци, отомани за физиотерапија и масажа, сервисни колички и други производи.

Палетата на БРАКО која ќе биде достапна на Ананас во иднина ќе се проширува и ќе биде од корист особено за постари лица и лица кои се соочуваат со одредени физички здравствени попречености и на кои им се потребни помагала за олеснување на секојдневното функционирање, дома и надвор од домот.

Сите големи нарачки на медицински мебел и натаму се возможни во директен контакт со производителот БРАКО.

(ПР)

Прикажи повеќе...

Економија

BLACK FRIDAY во СЕТЕК со попусти и до 70 отсто

Објавено пред

Акцијата BLACK FRIDAY во СЕТЕК ги носи најголемите попусти и до 70 проценти.

dobivaj vesti na viber

На едно место бирајте сè што ви е потребно од најпознатите светски брендови за бела техника, телевизори, ИТ, мобилни уреди, апарати за домаќинство и уште многу други останати производи за домот и деловниот простор.

Искористете ја можноста да купите најмногу техника со најниски цени за BLACK FRIDAY во сите салони на Сетек и онлајн на www.setec.mk .

Сетек и оваа година, со радост ве очекува во сите салони полни со вашите омилени производи и уникатно шопинг искуство.

Акцијата трае oд 25 ноември до 2 декември 2024.

Има зошто сите купуваат во СЕТЕК.

Сетек – сè од техника е помеѓу водечките во трговијата со техника.

Не пропуштајте, сè што е најдобро – сега е и достапно: бела техника, апарати за домаќинство, уреди за ладење и греење, телевизори, мобилни телефони, гејминг опрема и ИТ уреди.

Сетек континуирано, повеќе од 30 години ја развива својата мрежа и стратегија за блискост со купувачите. Со застапеност на 32 различни локации и модерни салони, вклучувајќи ја и онлајн продавницата, Сетек е достапен до секој миленик на современата техника.

Воедно Компанијата нуди и и многу помошни улуги како лојална програма, кешбек, премиум достава, можности за кредитирање, рати без камата и многу експертски услуги за правилен избор и корисна употреба.

(ПР текст)

Прикажи повеќе...

Економија

Креативен пристап на MINT Fintech Group на eCommerce конференцијата

Објавено пред

На 13 ноември, MINT Fintech Group беше значајна поддршка на eCommerce конференцијата 2024 како бронзен партнер, настан кој ги собра водечките професионалци и ентузијасти од светот на е-трговијата. Оваа конференција се истакна како платформа за најновите трендови и иновации, овозможувајќи им на учесниците непроценливо искуство за вмрежување и размена на знаења.

dobivaj vesti na viber

Во својот корнер, MINT понуди уникатен пристап, спојувајќи ја финтек индустријата со релаксирачки активности, меѓу кои и масажа во соработка со My Spa.

„Ова е наш начин да го направиме искуството на посетителите подинамично и поопуштено,“ истакна претставник на MINT Fintech Group. „Реакциите беа исклучително позитивни, а редиците за масажа зборуваа сами за себе, сепак ова се личности чија професија е најчесто поврзана со долгочасовно седење, па оттука и нашата идеја да бидеме корисни.“

MINT Fintech Group и понатаму останува посветен на својата визија за поддршка на дигиталната економија и креирање нови можности за развој и соработка во финтек индустријата.

(ПР)

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија6 часа

МВР ќе ги награди полицајците кои ги фатија разбојниците во „Нептун“

На денешната прес-конференција, министерот за внатрешни работи Панче Тошковски објави детали за вчерашното разбојништво во позната продавница за бела техника....

Македонија6 часа

Најдено е детето кое се изгуби во Чаир

Најдено е детето кое се изгуби денес во Чаир. Од семејството за Макфакс соопштуваат дека детето е најдено. За момчето...

Македонија7 часа

Мицкоски не гледа причина за лидерска средба, ама најави дека ќе размисли

Премиерот Христијан Мицкоски коментирајќи го денешното барање на СДСМ за лидерска средба, нагласи дека во моментов не гледа причина за...

Македонија7 часа

Со пушки во раце учениците во Челопек имале приредба во униформи на воени групации, Јаневска најави санкции

Министерката за образование и наука, Весна Јаневска преку објава на нејзиниот профил на Фејсбук најавува поведување постапка против раководството и...

Топ8 часа

Македонски државјанин за пари заминал во Москва да и се приклучи на руската војска

Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал – Сектор за борба против тероризам, насилен екстремизам и радикализам во соработка...

Топ11 часа

Фатен е малолетникот што ја откорна таблата од Конзулатот на Србија во Куманово (ВИДЕО)

Полициски службеници од СВР Куманово лишија од слобода 17-годишен малолетник од Куманово, постапувајќи по добиена пријава на 29.11.2024 во 09.05...

Македонија14 часа

Во тешка сообраќајка загина поранешниот директор на затворот „Идризово“, Живко Пејковски

На 61-годишна возраст, вчера во сообраќајна незгода загина Живко Пејковски, поранешен пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и поранешен директор на...

Македонија1 ден

Град Скопје: Заклучокот за приватните превозници е изгласан без кворум, нема да поддржиме акт со елементи на кривично дело

Градоначалничката Данела Арсовска одбива да изврши измени во одлуката за исплата на надоместокот за изминат километар на приватните превозници. Град...

Македонија1 ден

Славески ја обвини Арсовска и нејзината администрација за опструкции за решавање на проблемот со приватните превозници

Претседателот на Советот на Град Скопје, Трајко Славески вели дека по налог на градоначалничката Данела Арсовска, администрацијата го опструира и отворено...

Македонија1 ден

Се бара притвор за три лица за уништувањето на македонското знаме

Обвинителството поднесе предлог за притвор за три лица за уништувањето на македонското знаме синоќа во централното градско подрачје. Од тука...

Топ1 ден

Две млади лица загинаа во тешка сообраќајна несреќа кај Дебарца

Тешка сообраќајна несреќа се случила утрово во атарот на селото Ботун, во општина Дебарца, пришто животот го загубија момче и...

Македонија1 ден

За вчерашните инциденти со македонското знаме уапсени четири лица, изјави Тошковски

Во текот на вечерта се уапсени осум лица, од кои четири за предизвикување верска и национална омраза, извести министерот за...

Македонија1 ден

„Влен“: Масовната прослава ги поттикна дестабилизаторите, најостро го осудуваме палењето знамиња

„По досега невидената прослава на 28 ноември, додека албанската песна и оро одекнуваа низ целата земја, очигледно оваа празнична атмосфера...

Македонија1 ден

Алијансата за Албанците: Извршителите на овие грди дела не му направиле чест ниту на знамето ниту на својот народ

„Сите знамиња на народите во светот заслужуваат почит. Остро го осудуваме сквернавењето на државното знаме и палењето на албанското знаме,...

Македонија2 дена

ДУИ: Го осудуваме индивидуалниот чин на палење на државното знаме како реакција на несоодветната интервенција на полицијата

„Демократската унија за интеграција остро ја осудува полициската интервенција без преседан за време на прославата на Денот на албанското знаме,...

Македонија2 дена

За сквернавењето на македонското знаме е известен јавниот обвинител: се преземаат дејства за расчистување на настанот

Во текот на вчерашниот ден додека се славеше Денот на албанското знаме на две места е снимено сквернавење на македонското...

Македонија2 дена

„Вчерашниот чин на кинење и сквернавење на македонското знаме е крајно вандалски и ние сме згрозени“, велат од Сојузот на борците

„Секогаш и во времето на НОБ заедно сме се бореле за слободата. Вчерашниот чин на кинење и сквернавење на македонското...

Македонија2 дена

„Да газиш и да кинеш, да уништуваш знаме на држава која те израснала, образовала, платила и плаќа, вложува во тебе – е злосторство и треба да одговараш“, рече Димитриевски

Денеска како човек но и градоначалник на сите граѓани во Куманово од почит кон моите сограѓани од Албанската заедница го...

Македонија2 дена

СДСМ најостро ги осудува инцидентите и сквернавењето на македонското знаме

СДСМ најостро ги осудува инцидентите и сквернавењето на македонското знаме, нарушувањето на јавниот ред и мир, како и употребата на...

Македонија2 дена

Приватните превозници задоволни од предлогот за зголемување на цената по километар, се очекува од понеделник да се вратат во сообраќај

Советниците од ВМРО-ДПМНЕ во Град Скопје и приватните превозници се договорија за повисока цена за изминат километар. Координаторот на советничката...