Контакт

Здравје

Француските научници развиле молекул што ги напаѓа клетките на меланомот

Објавено пред

Француските научници успеале да развијат молекула што е во состојба да ја намали способноста на преживување на клетките на меланомот, а при тоа да не им наштети на здравите клетки, што им раѓа надеж на заболените од овој вид на многу агресивен рак на кожата.

dobivaj vesti na viber

Молекулата наречена HA15 ја разви група научници од францускиот Институт за здравје и медицински истражувања(Инсерм) во Ница, под водство на Стефан Рочи.„Станува збор за малиген тумор на клетките на кожата со потекло од меланоцитот, клетки кои нормално се наоѓаат во нашата кожа и се одговорни за синтезата на меланинот, пигментот што и дава на кожата потемна боја“, се потсетува во соопштението на Инсерм и се додава дека постојат три клинички стадиуми на малигниот меланом: локализиран меланом само на подрачјето на кожата без клинички видливи регионални метастази, потоа клинички видливи метастази во лимфните јазли и трет степен кога зборуваме за метастазите.„Идентификацијата на новите молекули е неодминлив елемент во примената на ефикасната биотерапија кај овој вид на рак, чија раширеност во последните десет години се удвои“, се вели во соопштението на Инсерм. Во тој контекст, француските научници откриле нова група молекули – tiazol benzensulfonamide(TZB) кои имаат антиканцерогени својства, кои се оценети како ‘интересни’.„најпрво оваа група молекули беше откриена кај дијабетесот од типот 2. Имено, ја зголемувала чувствителноста на клетките на инсулинот. Но, доколку сакаме да ја употребиме во борбата против ракот, ќе мора да ја елиминираме таа проинсулинска активност“, објасни Рочи.По повеќе обиди научниците успеале да ја изменат основната структура на TZB и да создадат формула чија ‘главна состојка’ е наречена HA15 , важна бидејќи благодарејќи на процесот апоптоза(програмирана смрт на клетката) и аутофаготицоза(механизам на разградување на внатрешните најчесто непотребни или дисфункционални клеточни делови за да се осигура преживување на клетката во целост), доведува до смрт на клетките на меланомот.Во експериментите спроведени врз лабораториски глувци оваа група молекули била многу ефикасна во намалувањето на големината на туморот, а при тоа не му штетела на околното ткиво, ниту, пак, влијаела врз здравствената состојба на глодарот.„Во истражувањето спроведено на ткивото на пациенти заболени од меланом се покажало дека молекулите биле многу активни во уништувањето на станиците на меланомот, посебно на оние што биле чувствителни или не реагирале на терапијата“, велат француските научници.Се чини дека HA15 е ефикасен и кога станува збор за други тумори, како ракот на дојката, дебелото црево, простата, панкреасот и хроничната леукемија.„Целта на овој проект и нашата студија е да се употребат новите молекули во лекувањето на меланомот, како и на другите видови карцином“, порача Рочи.Резултатите од истражувањето беа објавени во четврток во стручниот американски магазин Cancer Cell. /крај/хн/ст

Извор: Hina

Забава

Трик од 60 секунди ќе ви помогне да го изгубите вишокот на стомакот, а има многу придобивки

Објавено пред

Дали знаевте дека постои 60-секунден ритуал кој може да ви помогне да го израмните стомакот, да го подобрите расположението и генерално да станете поотпорни – сè пред да го испиете првиот голтка кафе?

dobivaj vesti na viber

Звучи одлично што можете да постигнете толку многу за 60 секунди, нели? Не, не е смути од суперхрана или некој прескап гаџет. Тајната е во стандарден дел од опремата во секоја бања. Тоа е вашиот туш. Или поточно, ладна вода. Овој едноставен, но моќен „трик“ е познат како терапија со ладна вода. Бесплатен е, достапен за сите и изненадувачки ефикасен.

Зошто функционираат туширањата со ладна вода (и што вели науката)

Изложеноста на студ се користи со векови за подобрување на здравјето и отпорноста, а современите истражувања конечно го докажуваат тоа. Докажано е дека туширањата со ладна вода имаат следниве придобивки:

– Активираат кафеави масти, кои помагаат во согорувањето калории и регулирањето на телесната температура

– го намалува воспалението во телото (главен фактор што придонесува за стареење и хронични заболувања)

– ги зголемува нивоата на допамин за 250 проценти – хемикалија во мозокот што ја подобрува благосостојбата и фокусот

– го намалува кортизолот, хормонот на стрес, и промовира мирно, стабилно расположение

– го зајакнува имунитетот со стимулирање на лимфниот систем

Накратко, ладната вода го раздвижува вашето тело на најдобар можен начин. Ве буди, ментално и метаболички. Исто така, го тренира вашиот нервен систем подобро да се справува со стресот. Затоа е толку моќна за луѓе кои се справуваат со анксиозност или прегорување. Го учи вашето тело како брзо да се опорави и да остане здраво.

Предизвик со ладен туш
Пред да почнете да паничите и да замислувате ледени бањи, знајте дека не мора постојано и подолг временски период да се изложувате на екстремен студ за да ги искористите придобивките од ладните тушеви. Препорачливо е да започнете со таканаречениот предизвик со ладен туш – нежен, без стрес вовед за секојдневните луѓе кои сакаат да се чувствуваат подобро, и тоа многу брзо.

Еве како да го направите тоа:
Започнете полека – На крајот од вообичаеното туширање со топла вода, преминете на ладна вода само 30 секунди. Фокусирајте се на длабоко дишење. Можеби малку ќе врескате, но тоа е нормално. Постепено зголемувајте го времето на туширање – по три до пет дена, зголемете го времето на туширање со ладна вода на 60 секунди. Ќе бидете изненадени колку брзо вашето тело се адаптира.

Опуштете се целосно – конечно, обидете се да се истуширате целосно со ладна вода, од почеток до крај. Утрото е идеално, бидејќи ќе ве остави да се чувствувате енергично во текот на целиот ден.

Бонус совет: Комбинирајте ладен туш со утринска сончева светлина за природно зголемување на вашиот ритам на кортизол и подобро расположение во текот на денот.

Прикажи повеќе...

Забава

Паста диета: можете да изгубите 3 килограми за само 5 дена

Објавено пред

Диетата со шпагети трае само пет дена и ви овозможува да изгубите до три килограми. Кога избирате тестенини, обидете се да ги изберете оние од цело зрно, кои се особено богати со хранливи материи и витамини.

dobivaj vesti na viber

Ден 1.
Појадок: парче леб намачкано со крем сирење, украсено со киви одозгора.

Ручек: варени шпагети (70 г), за сосот користете половина кромид, 2 домати и 150 грама печурки на пареа и зачинете сè со лута пиперка.

Вечера: тестенини (70 г), пиперка (3 парчиња), 2 домати и малку рендано сирење.

Ден 2.
Појадок: чаша јогурт (1,5% масленост) со две лажици овесни снегулки и половина јаболко.

Ручек: сварете 70 грама тестенини, со 1 лажица доматен сос и тиквички.

Вечера: топли тестенини (40 г), 1 домат, маслинки, 3 млади кромиди и 40 г сирење. Зачинете со маслиново масло и сок од лимон.

Ден 3.
Појадок: овошна салата од мандарина, 1/2 јаболко, киви и 1/4 банана.

Ручек: шпагети (70 г), сос од 3-4 домати, грашок и 1 морков.

Вечера: 70 г сварени тестенини со сос (2 лажици доматно пире и малку кромид).

Ден 4.
Појадок: тост со сирење и парче киви.

Ручек: сварете 70 грама тестенини, послужете со 150 г варен зеленчук (грав, моркови, грашок, карфиол). Посипете со рендано сирење.

Вечера: шпагети (70 г), 1 краставица, портокал за десерт.

Ден 5.
Појадок: јогурт и јаболко.

Ручек: Сварете тестенини (70 г), додадете малку брокула (150 г), додадете рендано сирење, лук и пипер.

Вечера: 40 г тестенини со сирење, 4 маслинки и домати. Зачинете со 1 лажичка маслиново масло, сок од лимон и пипер.

Прикажи повеќе...

Забава

Едноставно, евтино и ефикасно решение за намалување на салото на стомакот – една намирница што сите ја сакаме

Објавено пред

Летото речиси започна, иако можеби не според календарот, но сме сведоци на жештините, па затоа е крајно време да се подготвиме за морето и новата сезона на бикини. Сепак, тие фрустрирачки наслаги околу стомакот едноставно не ве напуштаат? Не очајувајте, постои едноставно решение за тоа.

dobivaj vesti na viber

Нутриционистката Роксана Ехсани ја откри тајната за витка фигура: обичен, обезмастен грчки јогурт.

Висцералните масти, кои се акумулираат длабоко во стомакот, можеби се невидливи однадвор, но имаат сериозни здравствени последици. Го зголемуваат ризикот од срцеви заболувања, дијабетес и други сериозни состојби. Но, и за тоа постои решение – променете ја исхраната.

Додадете обичен, обезмастен грчки јогурт во вашата исхрана. Студиите покажаа дека исхраната богата со протеини, калциум и витамин Д може да ги намали висцералните масти.

Грчкиот јогурт е богат со протеини, што ви помага да се чувствувате сити и спречува прејадување. Исто така, содржи пробиотици кои го поддржуваат здравјето на цревата.

Едноставно, евтино и ефикасно решение за намалување на салото на стомакот.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет7 часа

Ердоган повика на итно запирање на конфликтот меѓу Израел и Иран

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска телефонски разговарал со американскиот претседател Доналд Трамп, и повикал на „итна акција“ за да...

Свет9 часа

Иран попладнево започна нов бран ракетни напади врз цели во Израел

Иран попладнево започна нов бран ракетни напади врз цели во Израел, објави иранската новинска агенција Фарс. Во Тел Авив и...

Македонија11 часа

Алиу: Aко влезете во чекална на Онкологија тоа личи на се, само не на Клиника која треба да која треба да лекува такви пациенти

Министерот за здравство Азир Алиу, на денешната прес-конференција најави дека ќе се дисперзираат базичните услуги за онколошките пациенти низ државава,...

Свет12 часа

Русија и предаде на Украина уште 1.200 тела на украински војници убиени во војната

Русија денеска и предаде на Украина уште 1.200 тела на украински војници убиени во војната, објавија руските новински агенции ТАСС...

Македонија13 часа

Вкупно 22 лица досега побарале асистенција за напуштање на Израел и враќање во Македонија

Вкупно 22 лица досега побарале асистенција за напуштање на територијата на Израел и враќање во Македонија. Станува збор за државјани...

Македонија14 часа

Во МНР формиран кризен штаб достапен 24 часа за македонските државјани од Израел и Иран

Согласно влошената безбедносна состојба на Блискиот Исток, Министерството за надворешни работи и надворешна трговија апелира до сите државјани на Македонија...

Свет17 часа

Израел испрати предупредување за евакуација

Израел  започна нови напади насочени кон нуклеарната програма на Иран, а Иран возврати со ракетни напади во кои загинаа најмалку...

Свет19 часа

Конфликтот меѓу Израел и Иран влезе во опасна фаза, а ова се најлошите сценарија, светот би бил во пламен

Засега, борбите меѓу Израел и Иран се чини дека се ограничени на двете нации. Имаше широки повици за воздржаност во...

Свет19 часа

Иран ноќеска започна нов бран ракетни напади врз Израел

Иран ноќеска започна нов бран ракетни напади врз Израел, во кои, според израелските медиуми, загинаа најмалку осум лица, а над...

Свет1 ден

Убиени политичарка и нејзиниот сопруг во САД, ранети сентатор и неговата сопруга

Гувернерот на Минесота, Тим Волц, изјави дека поранешната претседателка на Претставничкиот дом, Мелиса Хортман, и нејзиниот сопруг, Марк, биле убиени...

Економија1 ден

Од идеја до бизнис со помош на државата, Владата обезбеди 40 милиони евра

Министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши, денеска престојуваше во Тетово каде што оствари работна посета и средба со граѓани,...

Топ2 дена

Маж нападнал девојче со нож, полицијата пукала за да го спречи, но тој избегал

Велешката полиција вчера попладне испукала неколку предупредувачки куршуми во воздух во обид да го спречи нападот од 23-годишно лице кое...

Економија2 дена

Мицкоски: Земјоделците се херои на денешницата, Владата останува посветена на нивната поддршка

На манифестацијата „Од нива до трпеза“, која денеска се одржува во Скопје, премиерот Христијан Мицкоски упати јасна порака за поддршка...

Топ2 дена

Го следеле од менувачница, го нападнале и му ги зеле парите

Основното јавно обвинителство Куманово поведе истражна постапка против две лица осомничени за кривично дело – Разбојништво по член 237 став...

Македонија2 дена

СДСМ тврди дека Јанев и Тошковски знаеле сè, а се сомневаат и во уништување на докази

Приведените полициски службеници за трагедијата во Кочани се истите за кои СДСМ со месеци наназад алармираше, објавуваше факти и аргументи...

Свет2 дена

Две лица загинаа, а 19 се ранети во четвртиот ирански напад врз Израел

Иран утрово започна четврти бран ракетни напади врз Израел, во рамки на Операцијата „Вистинско ветување 3“, соопшти иранската државна телевизија....

Македонија2 дена

Денеска топол ден низ цела Македонија

Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) информира дека денеска нѐ очекува претежно сончево и топло време, со слаб до умерен ветер,...

Македонија2 дена

(Видео) ВМРО-ДПМНЕ ги објави имињата на уште осум кандидати за градоначалници

Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, вечерва во Штип определи уште осум кандидати за градоначалници за претстојните локални избори. ВМРО-ДПМНЕ донесе одлука...

Свет2 дена

(Видео) Се шират снимки од иранскиот напад врз Израел

На социјалните мрежи се шират снимки од иранскиот напад врз Тел Авив. Иран истрела стотици различни балистички ракети кон Израел,...

Свет2 дена

Иран: Одмаздата против Израел почна

Иран потврди дека почнал да се одмаздува против Израел, јавува државната новинска агенција ИРНА. Иран истрела стотици различни балистички ракети...