Црна хроника
Кривична пријава за екс директорот на „Нискоградба“ Охрид

Охридската полиција поднесе кривична пријава против поранешниот директор на јавното претпријатие „Нискоградба“ Охрид и против раководител на Одделението за комунален развој во општина Охрид.
Спорeд полицијата, во март 2011 година директорот на „Нискоградба“ без склучен писмен договор за изведување водоводни линии, без соодветна документација, како и без извршен надзор од порачувачот МЈП „Проаква“-РЕ Водовод Охрид одобрил, „Нискоградба“ да изведе реконструкција на водоводната линија. По неговата смена од работната позиција, новиот директор ги прекинал реконструктивните работи. Вработениот во општина Охрид пак без да прибави потребна градежна и правна документација изготвил, потпишал и заверил налог за работа за реконструкција на водоводна линија и покрај тоа што знаел дека работните ангажмани на истата линија од „Нискоградба“ биле започнати пред околу три месеци без склучен писмен договор. Со ова јавното претпријатие било оштетено за 11.323.836 денари. /крај/мф/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Возило на 26-годишник оштетено од неколку проектили од огнено оружје: полицијата го расчистува случајот

Вчера околу 21:20 часот во СВР Скопје, 26-годишниот Ш.Ј. од село Крушопек, општина Сарај, пријави дека на паркинг простор пред угостителски објект во село Лака, скопско, неговото паркирано патничко возило „сеат алтеа“ со скопски регистарски ознаки било оштетено од неколку проектили од огнено оружје.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Тешко повредена 29-годишна жена од Битолско по пад од трактор

Вчера во 19:20 часот во СВР Битола е пријавено дека на регионалниот пат Р-2333 Битола-Драгош, на крстосница за село Барешани, додека 30-годишниот Р.М. од село Острец, битолско, управувал трактор „тафе“ со приколка, неговата сопатничка У.М.(29) од истото село, паднала од тракторот, при што се здобила со тешки телесни повреди констатирани во Клиничка болница Битола.
Извршен е увид од увидна екипа на СВР Битола.
Црна хроника
14-годишник нападнат на трим-патека во Кисела Вода од повеќе малолетници

Вчера во 14:30 часот во СВР Скопје, 54-годишниот Д.Х. од Скопје пријави дека на 09.08.2025 околу 22:30 часот на трим патека на подрачје на Кисела Вода во Скопје, неговиот 14-годишен син, додека бил со неговиот брат и другарка, по претходна расправија, бил физички нападнат од повеќе малолетници, кои ги познава и кои носеле и метални предмети.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот