Црна хроника
Сведок во „Дива населба“ со спротивни искази пред Обвинителството и пред Судот
Сведок во случајот „Дива населба“, односно за вооружениот судир меѓу полицијата и вооружената група што се случи во мај во Куманово, дал дијаметрално спротивни искази пред јавниот обвинител во предистражната постапка и во петокот на главната расправа пред Судот, тврди обвинителката, Вилма Рускоска која е обвинител во овој случај.
Обвинителката побара вкрстено испитување на сведокот поради неговите спротивни искази, но адвокатите приговараа бидејќи го немале добиено записникот од исказот на сведокот што го дал пред обвинителот. Судијката донесе решение на одбраната да ѝ се достави записникот од исказот на сведокот, а потоа да се продолжи со испрашување на сведокот. Судењето за овој случај неколку месеци беше затворено за јавноста, бидејќи беа испрашувани заштитени сведоци. Денеска во судот исказ даваше сведокот Љутвиу кој живее на улицата „Перо Илиевски“ во кумановската „Дива населба“. Тој е во роднинска врска со обвинетите Ирфан Љутвиу и Фадил Фејзулаху. На 8-ми мај минатата година не забележал ништо невообичаено во населбата и не видел непознати луѓе. На 9-ти мај се разбудил од првите пукотници, се облекол и веднаш отишол во куќата на Ирфан Љутвиу која се наоѓа до неговата. Таму го видел таткото на Ирфан кој спиел и додека траеле пукотниците останал во куќата на Ирфан. Од горниот кат се симнале доле, бидејќи хеликоптерите летале многу ниско и ќерамидите од куќата се треселе, тврди сведокот. Потоа во куќата дошла полиција, им ставила лисици и почнале да ги испрашуваат и, како што рече, да ги малтретираат и да ги пцујат. Не му верувале на тоа што го кажувал и мислеле дека дошол од Косово. Сведочењето беше прекинато бидејќи одбраната не го добила записникот од неговиот претходен исказ. Судењето продолжи со изведување на материјални и вербални докази. Судењето за случајот „Дива населба“ почна од почеток.Овој случај се спои со случајот „Молња“, односно со осумтемина логистичари кои беа уапсени неколку месеци по судирот.Сите обвинети на судењето рекоа дека не се виновни и дека судирот бил „проeктиран“ за пари од високи функционери од Управата за безбедност и контраразузнавање./крај/мф/ффс
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Кривична против маж од Врапчиште: со закана изнудил 5000 евра од негова роднина
СВР Тетово поднесе кривична пријава против Ј.Ј.(84) од село во општина Врапчиште поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „изнуда’’.
Во текот на јули 2025 година, пријавениот со закана побарал и добил 5000 евра од едно женско лице – негова роднина, а откако таа побарала да ѝ ги врати парите ја прекинал комуникацијата со неа.
Црна хроника
Инцидент во болница во Ѓорче Петров: Пациент физички нападнал вработена
Вчера во 11:00 часот во СВР Скопје, 56-годишната Д.Ѓ. од Скопје пријави дека околу 04:00 часот на работното место во здравствена установа на подрачјето на Ѓорче Петров била физички нападната од едно лице, кое се лекувало во установата.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Семејно насилство во Скопско: им се заканувал на ќерките, а се обидел да ја нападне сопругата, полицијата го уапси 56-годишникот
Вчера во 20:30 часот во скопско село, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода 56-годишниот С.К. затоа што упатувал закани кон неговата 44-годишна сопруга и се обидел физички да ја нападне, а претходно со остар предмет упатувал закани и кон нивните две ќерки и притоа оштетил дел од покуќнината во семејниот дом.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

