Регион
Кимпеану именуван за нов премиер на Романија, по оставката на Понта
Романскиот претседател Клаус Иоханис го именуваше во четвртокот министерот за образование Сорин Кимпеану за привремен премиер откако досегашниот претседателот на владата Виктор Понта поднесе оставка во средата поради протестите кои се проширија низ целата земја, а за кои повод беше трагедијата од ноќта кон минатата сабота кога во пожар во ноќен клуб во престолнината Букурешт животите ги загубија 32 млади лица.
Во четвртокот романските медиуми проценуваат дека во средата вечерта на улиците на Букурешт излегле 25.000 луѓе, а илјадници се собрале на плоштадите ширум Романија со барање сега веќе поранешниот премиер Виктор Понта, и самиот обвинет за корупција, да поднесе оставка откако, според нив, „чашата ја прелеа“ трагедијата во ноќниот клуб.
„Имам важна порака за вас: ве водов, ве слушнав, вашите барања ми се важни“, изјави романскиот претседател Клаус Иоханис.
Според демонстрантите, оставката на социјалдемократската влада треба да претставува само почеток на големите реформи во романскиот политички систем, за кој е вообичаено да се тврди дека е корумпиран, што и доведе до трагедијата во таквите ноќни клубови кои работат без почитување на безбедносните стандарди и никогаш не се проверувани.
Се очекува дека оставката на Понта ќе доведе до составување на нова влада, којашто веројатно ќе ја води технократ. Претседателот Иоханис изјави дека ќе се консултира со партиите и цивилниот сектор за новиот премиер во следните два дена, за кој крајот на седмицата веќе да може да има именувања на новата влада.
Доколку во дава обида претседателот не успее да состави влада, ќе бидат распишани предвремени парламентарни избори./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Тлото на Санторини не мирува, серија од 20 земјотреси се регистрирани на грчкиот остров
Земјотрес со јачина од 4 степени според Рихтеровата скала е регистриран утрово во 9.16 часот во Грција, на Санторини каде е прогласена вонредна состојба по серијата силни земјотреси кои со денови го потресуваат, принудувајќи илјадници луѓе да се евакуираат.
Епицентарот на земјотресот, според податоците на Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар, се наоѓал на длабочина од приближно 10 километри под површината на земјата.
Засега нема извештаи за материјална штета или повредени, а надлежните служби ја следат состојбата.
Претходно, земјотрес со јачина од 3,4 степени беше регистриран во 8.33 часот. а две минути пред тоа земјотрес со јачина од 3 степени. Истата магнитуда на земјотресот е забележана и во 7.54 часот. И нешто по 19 часот земјотрес со јачина од 3,4 степени.
Од полноќ на Санторини се регистрирани повеќе од 20 земјотреси.
Регион
Вучиќ: Имаме речиси пет милијарди евра на сметка, БДП годинава достигнува 90 милијарди
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска изјави дека Србија во моментов има речиси пет милијарди евра на сметката, што е цифра што на сметките ја немаат ни земји 10 пати поголеми од нив.
„Во изминатите 12 години го зачувавме мирот, имавме целосна стабилност. Имавме најголем раст во историјата на Србија, сакале или не – од 32 милијарди бруто домашен производ тогаш, оваа година ќе завршиме со 89-90 милијарди“, рече Вучиќ за време на разговорот со граѓаните.
Тој посочи дека Владата се обидела на сериозен начин да ја заштити јавната каса, наведувајќи дека „секогаш имаме пари за инвестирање и секогаш можеме да им помогнеме на оние на кои тоа им е најпотребно“.
Регион
Во Црна Гора два дена бојкот на трговските синџири. „Сложно, обединето, упорно“
Во Црна Гора денеска почна дводневен бојкот на малопродажните синџири поради високите цени, на кој повика невладиното здружение „Алтернатива“.
„Се повикуваат жителите на Црна Гора денеска и утре да не пазарат во големите продавници, туку доколку мораат, да пазарат во мали продавници со најмногу десет вработени.
Секојдневно сме сведоци на невидени поскапувања на основните производи, додека сопствениците на големи синџири акумулираат профит на сметка на народот“.
Истото невладино здружение минатиот петок организира бојкот на продавниците во Црна Гора кога, според Даночната управа на Црна Гора, петте најголеми трговски синџири забележаа пад на прометот од 56,14 отсто.
Минатата недела повеќето жители на северниот дел на Црна Гора се одѕваа на повикот за бојкот на големите продавници, а одѕивот беше нешто помал во централниот и јужниот дел на Црна Гора.