Регион
Почна евакуацијата на бегалците од Идомени, помалку доаѓања од Турција

Грчките власти започнаа со евакуирање на мигрантите кои се блокирани во кампот крај Идомени на границата со Македонија, објави во саботата полицијата истовремено потврдувајќи дека е намалено пристигнувањето на мигрантите и бегалците на грчките острови од Турција.
Осум автобуси пренеле околу 400 мигранти од кампот во Идомени во центрите за прифаќање во истата област, истакна локалната полиција. Десетина други автобуси чекаат во саботата да ги превезат мигрантите од истиот камп кои се согласуваат да заминат од него, повеќето семејства со деца кои повеќе не можат да ги поднесат тешките услови во Идомени.
Според официјалните бројки, 11.603 лица се наоѓаа во саботата претпладнето во Идомени, откако Македонија ја затвори својата граница на почетокот од март откако тоа претходно го сторија другите земји на ткн балканска бегалска рута.
„Од понеделник ќе се интензивираат напорите“, изјави претходно во четвртокот Јоргос Киритис, портпарол на службата за координација на миграциските политики. Според него, ќе бидат оспособени 30.000 нови места во центрите за прифаќање во следните три седмици.
Истовремено приливот на мигранти од Турција продолжил да паѓа од стапувањето на сила на договорот меѓу Европската унија и Турција, пред една седмица. Во саботата грчките власти дека само 78 лица пристигнале во петокот на грчките острови, во однос на 161 човек во четвртокот. Претходно во средата, пак, не беше регистрирано ниту едно пристигнување на мигранти, првпат откако стапи на сила договорот ЕУ-Турција чија цел е да се спречи миграциската рута преку Егејското Море./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
На охридското крајбрежје откриена можеби најстарата населба во Европа на езеро

Археолозите велат дека пронашле докази за најстарата човечка населба на европско езеро на албанската страна од Охридското Езеро за која се верува дека е стара до 8.000 години.
Тим научници од Швајцарија и Албанија поминуваат три часа под вода секој ден макотрпно отстранувајќи дрвени столбови на кои биле потпрени куќите, објави „Ројтерс“. Археолозите исто така наоѓаат коски од домашни и диви животни, бакарни предмети и керамика со детаљни резби.
Алберт Хафнер од Универзитетот во Берн рече дека слични населби се пронајдени во алпскиот и во медитеранскиот регион, но населбата во Лин, Албанија, е половина милениум постара датирајќи помеѓу шест и осум илјади години.
„Органскиот материјал е добро зачуван бидејќи е под вода, што ни овозможува да откриеме што јаделе овие луѓе, што саделе“, рече Хафнер.
Неколку студии покажаа дека Охридското Езеро, кое се наоѓа помеѓу Македонија и Албанија, е најстарото езеро во Европа – повеќе од еден милион години.
Староста на наодите се утврдува со радиоизотопско датирање и дендрохронологија, која ги брои прстените на дрвјата. Од локацијата се собрани повеќе од илјада примероци од дрво. Се верува дека населбата, во која можеби живееле неколку стотици луѓе, се протегала на околу шест хектари, а сега, по шест години работа, ископан е само околу еден процент од вкупниот материјал.
Регион
(Видео) Зебра избега од Зоолошката градина во Белград, повредени три лица

Од трите лица повредени вчера кога зебра избега од ограден простор во Зоолошката градина во Белград, две се однесени во Военомедицинската академија, но се пуштени на домашно лекување бидејќи повредите биле полесни, соопшти утрово Ургентниот центар на ВМА.
Зебрата удрила во маж и го прегазила, по што му биле констатирани полесни повреди, додека другата жена била донесена во ВМА без физички повреди, но во состојба на шок, изјавија за РТС.
Од Зоолошката градина во Белград вчера, зебра избегала од ограден простор и повредила вкупно три лица, од кои едно било дете, кое било пренесено во Детска клиника.
Регион
Три лица извлечени од морето во разни делови на Грција: меѓу нив и српски државјанин

Три лица, меѓу кои и еден српски државјанин, беа извлечени во несвест од морето во различни делови на Грција, соопшти крајбрежната стража.
Во раните утрински часови во среда, 88-годишен грчки државјанин беше извлечен во несвест од морето во областа Агиос Андреас Малаконтас во Еретрија, според Прототема.
Неколку часа подоцна, 69-годишен српски државјанин беше извлечен во несвест од морето во Олимпискиот брег во областа Пиерија.
Во трет инцидент, друг грчки државјанин (61) беше извлечен од морето во пристаништето Милина во општина Јужен Пелион.
За сите три инциденти, надлежните пристанишни власти спроведоа прелиминарна истрага и беше наредена обдукција.
Вчера сите беа шокирани од веста за смртта на 13-месечно бебе од Србија, кое се задуши додека беше на плажа со своите родители на Халкидики. Момчето се задавило со храна додека било во бар на плажа во областа Ормос Панагиас.