Европа
На годишнината од нападот Charlie Hebdo на насловната ќе објави брадест Господ убиец
За првата годишнина од нападот на радикалните исламисти кој ја десеткуваше редакцијата на парискиот сатиричен магазин Charlie Hebdo поради објавувањето карикатури на пророкот Мухамед, неговото следно специјално издание во средата на насловната страница ќе објави цртеж на брадест Господ во крвава одежда со калашников во раце, проследен со насловот „Една година подоцна, убиецот и натаму шета“.
Овој број ќе биде печатен во околу милион примероци, иако пред ланските напади најголемиот нарачан тираж на Charlie Hebdo изнесуваше 60.000 што е минорно за францускиот пазар. Десетици илјади примероци од специјалниот број треба да бидат испратени во странство.
Во споменатото издание ќе биде додаден специјален прилог со цртежите на убиените карикатуристи Кабу, Волински, Шарбо, Тињус, Оноре и прилози на надворешни соработници, меѓу кои на француската министерка за кутура Флер Пелерен, актерките Шарлот Генсбург и Жулиет Бинош. Како и на познати интелектуалци како Елизабет Бединтер, Таслим Насрин, Расел Банксои музичарот Ибрахим Малуф.
Карикатуристот Рис, главниот уредник на магазинот кој важеше до нападите за невлијателно збиралиште на личности со неодредени либерални ставови, кој беше тешко ранет на 7-ми јануари 2015 година, напиша воведник во кој се залага за секуларизам и ги критикува фанатиците и оние кои ја посакуваат смртта на весникот кои „се осмелува да ѝ се потсмева на верата“.
Во воведникот, исто така, Рис ветува дека „убедувањето на атеистите и лаиците може да придвижи и повеќе планини отколку верата на верниците“.
Редакцијата Charlie Hebdo беше нападната поради упорното објавување на карикатури на пророкот Мухамед, што предизвика протести ширум светот поради тоа што во муслиманскиот свет тоа се смета за богохулство. Тогаш исламистички напаѓачи убија 17 луѓе во редакцијата на сатиричниот магазин и во продавница за еврејска кошер храна во Париз.
Меѓутоа, француската престолнина кон крајот на 2015 година, на 13-ти ноември се соочи со уште поголема бруталност на терористите кои во својот џихадистички поход убија 130 луѓе./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Зеленски се обиде да го назначи поранешниот премиер за министер за енергетика, парламентот го одби
Украинските пратеници го отфрлија назначувањето на министерот за одбрана во заминување Денис Шмихал за министер за енергетика, што е ретка критика кон претседателот Володимир Зеленски додека се обидува да ги реорганизира клучните сектори во критичен момент од војната со Русија.
Шмихал, кој беше премиер пет години пред да биде преместен во Министерството за одбрана минатата година, беше назначен од Зеленски да го води енергетскиот сектор потресен од обвинувања за корупција и руски напади врз инфраструктурата.
Последната постојана министерка за енергетика беше отпуштена минатата година поради корупциски скандал во кој беше вклучен нејзиниот претходник.
За номинацијата на Шмихал беа потребни 226 гласови за да биде одобрена. 210 гласаа „за“, а три опозициски партии беа воздржани.
Шмихал беше номиниран како дел од големата реконструкција на кабинетот, додека Киев се соочува со растечки руски притисок во војната што влегува во својата петта година следниот месец.
Европа
(Видео) Украина почнува да го користи американскиот систем „Темпест“
Украина очигледно го распоредила најновиот американски противвоздушен ракетен систем „Темпест“ со краток дострел. Откритието доаѓа од видео објавено од Командата на воздухопловните сили на Украина на почетокот на оваа година, за кое аналитичарите велат дека го прикажува системот во акција.
Командата на воздухопловните сили на Украина го објави видеото како дел од својата новогодишна порака, на кое се гледа одбивањето на воздушен напад без никаква официјална најава или идентификација на новото оружје. Сепак, украинската аналитичка група „Водохраи“ подоцна објави дека видеото всушност го прикажува системот „Темпест“ како пресретнува руски дрон за време на ноќен напад.
Американската одбранбена компанија V2X ја претстави платформата „Темпест“ на изложбата на Здружението на армијата на Соединетите Американски Држави (AUSA) во октомври 2025 година, но трансферот на системот во Украина не е јавно објавен. Противвоздушниот ракетен систем „Темпест“ е дизајниран да се справи со беспилотни летала, хеликоптери и авиони што летаат ниско во сите временски услови.
Европа
Русија изврши уште еден голем напад со дронови во текот на ноќта
Русија изврши голем напад врз Украина преку ноќ со 156 ударни дронови од типот „Шахед“, „Гербера“ и други. Од вкупниот број, околу 110 летала беа дронови камикази од типот „Шахед“, информираше Командата на украинските воздухопловни сили, како што објави „Украинска правда“.
Според прелиминарните податоци објавени до 8 часот наутро, украинските сили за воздушна одбрана успеале да соборат или електронски да блокираат 135 руски ударни дронови. Одбраната дејствувала на широка област, опфаќајќи ги северните, јужните, источните и централните делови на земјата.
И покрај високата стапка на пресретнување, регистрирани се 16 погодоци на ударните дронови на вкупно 11 локации. Покрај тоа, остатоците од соборените дронови паднале на две места.
Воздухопловните сили, противвоздушните ракетни единици, средствата за електронско војување, единиците за беспилотни системи и мобилните противпожарни групи на украинските одбранбени сили учествувале во одбивањето на воздушниот напад. Властите предупредуваат дека нападот сè уште е во тек и дека неколку руски дронови сè уште се во украинскиот воздушен простор.

