Регион
Бугарија не гледа алтернатива на рускиот гас за Европа
Бугарија не гледа алтернатива за сегашните испораки на рускиот природен гас за Европа, изјави во четвртокот бугарскиот вицепремиер Ивајло Калфин на средбата во Москва со челникот на рускиот Совет за меѓународна политика, Константин Косачев.
Бугарија не гледа алтернатива за сегашните испораки на рускиот природен гас за Европа, изјави во четвртокот бугарскиот вицепремиер Ивајло Калфин на средбата во Москва со челникот на рускиот Совет за меѓународна политика, Константин Косачев.
„Европа сега се обидува да ги ограничи испораките на руски гас, но во дадениов момент за тоа нема алтернатива. Тоа не е само мој став, тоа е позицијата на владата на Бугарија, зашто заеднички работевме да обезбедиме најкорисно за двете страни снабдување со руски гас на Европа“, изјави бугарскиот вицепремиер Ивајло Калфин.
Рече дека не гледа економска оправданост во намалувањето на испораките на руски гас во Европа. „Сега Русија доставува околу 40 отсто од севкупните европски потреби од гас, притоа во земјите од Централна и Источна Европа овие бројки достигнуваат и до 80 отсто“, рече Калфин. Бугарскиот политичар истакна дека при разработката на транзитните рути за бугарската страна ќе бидат важни условите под кои ќе биде испорачуван гасот.
Калфин посочи и дека бугарската економија трпи штети од санкциите што Европската унија ги воведе против Русија, поради нејзината наводна улога во украинската криза, како и од контрасанкциите што ги воведе Москва, и оти сегашната ситуација не може да ја задоволи владата во Софија. „Економските санкции, претставува проблем за нас. Бугарија, исто така, трпи загуби од санкциите и контрасанкциите коишто ги воведе Русија“, рече Калфин во текот на неговата посета на Москва.
Бугарскиот вицепремиер укажа и за завршување на тешкиот период во односите меѓу ЕУ и Русија може да се зборува само доколку се разреши ситуацијата во југоисточна Украина. „Бугарија секогаш го имала и ќе го има, веројатно не толку гласно како некои други, ставот дека ситуацијата на истокот од Украина мора да биде надмината, и дека сите треба да придонесеме за тоа“, порача Калфин.
Истакна, исто така, дека за Бугарија „Русија е многу важен партнер, а „односите меѓу Бугарија и Русија меѓу двата народа се многу топли и пријателски“.
Од друга страна, рускиот политичар Косачев констатираше дека Бугарија, сменувајќи го „векторот на својата геополитичка ориентација“ кон НАТО и ЕУ, може „во рамките на тие организации да ја зазема својата сопствена улогата во смисла на соработката меѓу тие организации и Русија“.
„Ние сметаме дека овој очигледен потенцијал на Бугарија многу малку е користен, и со жалење можевме да констатираме дека токму Бугарија беше несовладливата пречка на патот за реализација на проектот Јужен тек“, рече претседателот на рускиот Совет за меѓународна политика, Константин Косачев.
Рускиот претседател Владимир Путин на 1-ви декември, при посетата на турската престолнина Анкара по средбата со својот домаќин турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган, објави дека Москва се откажува од проектот Јужен тек. Веднаш потоа беа потпишани договори со Турција за изградба на гасовод по дното на Јужно Море, кој ќе излегува на турско копно, наместо претходно планираното во Бугарија.
Веќе истиот ден „Газпром“ и турската компанија „Ботас“ потпишаа меморандум за разбирање за изградба на гасовод преку Црното Море со капацитет од 63 милијарди кубни гас годишно, исто како и Јужен тек. Од ова количество, 14 милијарди кубни метри гас ќе бидат наменети за Турција, којашто најверојатно добива и повластена цена, а другите 49 милијарди кубни метри руски гас ќе бидат пренасочени кон гасниот центар на границата меѓу Турција и Грција.
Путин оваа одлука ја објави, како што рече, поради опструкциите и „неконструктивната позиција“ за негово градење од страна на Европската унија. Овој гасовод требаше, исто така, по дното на Црното Море да ја заобиколи Украина, и да излезе на копното во Бугарија, да минува низ Србија, Унгарија и Словенија до Австрија и Италија. /крај/мф/сн
Извор: ТАСС
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Бахамите го признаа Косово
Бахамите официјално ја признаа Република Косово како независна и суверена држава, соопшти косовската претседателка Вјоса Османи.
Османи го потпишала договорoт на Бахамите со премиерот Филип Брејв Дејвис. На социјалната мрежа „Икс“ беше објавено заедничко соопштение во кое се наведува дека двете земји воспоставиле дипломатски односи, кои стапуваат на сила со денот на потпишување на заедничкото комунике, во согласност со меѓународното право и Виенската конвенција за дипломатски односи од 1961 година.
Bahamas recognizes the Republic of Kosovo as a sovereign and independent state! 🇽🇰 🇧🇸
We just signed our bilateral agreement with Prime Minister @honphilipedavis. On behalf of the people of Kosovo, I extend my sincere gratitude for this decision of historic significance!
Full… pic.twitter.com/a9LLtW2BW7
— Vjosa Osmani (@VjosaOsmaniPRKS) December 19, 2025
Во соопштението се наведува дека Бахамите и Косово ја потврдиле посветеноста на целите и принципите на Повелбата на Обединетите нации и изразиле намера да развиваат соработка во области од заемен интерес, како што се трговијата, туризмот, образованието, културата, технологијата и јавниот сектор.
Двете земји изразиле очекување за воспоставување топло и продуктивно партнерство.
Годинава, независноста на Косово ја признаа и Сирија, Судан и Кенија.
depositphotos
Регион
Путин првпат зборуваше за НИС: Верувам дека Белград ќе ги исполни своите обврски
Рускиот претседател Владимир Путин повеќе од две децении одржува годишна прес-конференција, на која ги презентира своите политички ставови и анализи на јавноста во Русија и во странство.
За време на конференцијата, новинар од Србија го потсети рускиот претседател дека Нафтената индустрија на Србија (НИС), заедничко вложување меѓу Русија и Србија, ги трпи последиците од западните санкции. Тој го праша Путин како ја коментира оваа ситуација?
„Што се однесува до НИС, притисокот од западните санкции продолжува, а ова е показател за политичка моќ. Москва претпоставува дека Белград ќе ги исполни своите обврски, а двете земји ќе спроведат многубројни други проекти“, рече Путин не сакајќи да се продлабочува на оваа тема.
Претходно денес, рускиот претседател изјави за „Спутник“ дека знае што се случува со компанијата НИС и дека се надева оти ќе се најде заедничко решение.
„Знаеме што се случува со компанијата НИС. Имаме меѓудржавен договор и претпоставуваме дека пријателското српско раководство ќе го земе ова предвид. Имаме идеја за насоката во која сакаме да се движиме заедно. Работиме на тоа и се надевам дека ќе го најдеме потребното решение“, рече рускиот претседател.
Тој исто така рече дека без оглед на надворешната аспирација за подобрување на односите, притисокот со санкции ќе продолжи како начин за покажување сила, пренесува „Раша тудеј“.
„Москва претпоставува дека Белград ќе ги исполни своите обврски и дека Русија и Србија ќе спроведат многубројни други заеднички проекти“, рече тој.
НИС е под санкции на САД од почетокот на октомври поради мнозинската руска сопственост, што значително го комплицира работењето на една од најважните компании за функционирање на целата српска економија.
Рускиот „Газпромнефт“ е мнозински сопственик на НИС, а рускиот претседател рече дека земјата инвестирала повеќе од три милијарди долари во компанијата.
фото/депозитфотос
Регион
E-пошта со безбедносни закани во училиштата во Словенија: учениците итно евакуирани
Неколку основни и средни училишта низ Словенија денес добија е-пошта со безбедносни закани, а некои беа евакуирани како мерка на претпазливост, објави полицијата.
Главната полициска управа на Љубљана изјави дека реагирала веднаш по приемот на заканувачки пораки, собрала информации и ги спровела сите потребни мерки за да ја осигура безбедноста на учениците и персоналот, објави СТА.
Досега собраните податоци укажуваат дека станува збор за генерички закани, без конкретна оперативна опасност.
Полицијата процени дека ситуацијата носи мал ризик и дека нема потреба од дополнителен аларм.
Министерот за образование беше информиран за инцидентот, пишуваат медиумите.
Фото: депозитфотос

