Европа
ЕУ потврди дека не го признава присоединувањето на Крим
Високата претставничка на Европската унија за надворешна и безбедносан политика Федерија Могерини предупреди во понеделникот дека ЕУ не го признава нелегалното руско анектирање на црноморскиот полуостров Крим и на Севастопол по повод годишнината од рефереднумот со кој тамошното доминантно руско и рускојазично население изгласа враќање на автономијата укината со осамостојувањето на Украина во 1990-те и за присоединувањето кон Руската Федерација што два дена подоцна го прифати рускиот парламент.
Точно пред една година, откако во Киев прозападната опозиција по долгите протести и безредија со стотина мртви го отстрани од власта претседателот Виктор Јанукович кој важеше за проруски човек и ги смени челниците на југоисточните рускојазични региони, населението на Крим донесе одлука да спроведе референдум за приклучување кон Русија, што според организаторите е прифатено со над 96 отсто од излезените избирачи чиј одѕив беше над 83 проценти од двомилионското население на полуостровот.
Освен Русија, каде Крим отсекогаш се доживувал како неделив дел од руската историја и култура, којашто два дена подоцна формално прогласи приклучување, Западот овој чин го смета за прекршување на меѓународното право. Севастопол, пак е пристанишен град кој го основала руската царица Катарина Велика беше седиште на руската Црноморска флота изминатите 230 години каде што проруското расположени секогаш беше силно изразено.
„Една година по нелегалниот и нелегитимен референдум и нелегалната анексија на Крим и Севастопол од страна на Руската Федерација, Европската унија останува цврсто приврзана на суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина“, се истакнува во писмената изјава на шефицата на европската дипломатија Федерика Могерини. Се додава дека ЕУ ќе биде истрајна на својот став за непризнавање на „овој нелегален чин, вклучително и преку санкциите“. Во изјавата се изразува и „длабока загриженост“ од јакнењето на воените сили и наводното „влошување на човековите права на Крим, вклучително и негирањето на слободата на говорот и прогонот на припадниците на националните малцинства“.
Минатата година ЕУ поради присоединувањето на Крим, ЕУ и САД, како и некои нивни сојузници, воведоа санкции против руски функционери и локалните власти на Крим, како и против руски компании, кои откако избувна бунтот на рускојазичното население на истокот од Украина по укинувањето на законот со кој рускиот јазик го загуби статусот на службен, западните санкции беа проширени и на руската економија и врз рускиот увоз на технологии. Москва возврати со ембарго на увозот на западни прехранбени продукти, и се закани дека ќе го прошири и на други области, како што е на пример забраната за прелети над нејзината територија.
Во понеделникот и германската канцеларка Ангела Меркел во друштво на украинскиот претседател Петро Прошенко кој од неделата престојува во посета на Берлин, во врска со годишнината од референдумот на Крим изјави дека „Западот не го заборава однесувањето на Русија во однос на Крим“, но и порача дека „ситуацијата е таква што неопходно е да се оди натаму“ кон мирното решение на украинскиот конфликт.
„Ние нема да го заборавиме тоа, вклучително и фактот што на овој начин европскиот мировен поредок беше доведен во прашање. Но, сеедно, токму поради тоа, важно е ние да работиме за достигнување на мирното решение и да не дозволиме територијалната севкупност на Украина да биде доведена во прашање“, изјави Меркел по разговорите со Порошено.
Се очекува дека челниците на ЕУ ќе разговараат за украинскиот конфликт на самитот оваа седмица, а следните месеци мора да ја донесат одлуката што натаму со санкциите наметнати против Русија поради нејзината наводна вмешаност во конфликтот во соседната земја. Иднината на овие санкции воведени во јули и септември минатата година со рок од една година, веројатно ќе зависат од оцените за спроведувањето на договорот за прекинот на огнот во источна Украина потпишани првично ланскиот 5-ти септември а потоа на 12-ти февруари годинава потврдени во белоруската престолнина Минск, со потписите на челниците на Украина, Русија, Франција и Германија.
Британскиот министер за надворешни работи, Филип Хамонд, изјави во понеделникот во Брисел дека санкциите треба да бидат продолжени „сé додека Минск не биде спроведен во целост“, што оцени дека е сигнал за Москва дела „мора да ги исполни своите обврски пред да бидат укинати санкциите“.
Литванскиот шеф на дипломатијата Линас Линкевичиус, чија земја претседава со ЕУ, во понеделникот пред состанокот на министрите за надворешни работи на ЕУ изјави дека „санкциите се единствениот начин на кој можеме да го одржуваме притисокот, а притисокот мора да се одржува“./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
(Видео) Украина почнува да го користи американскиот систем „Темпест“
Украина очигледно го распоредила најновиот американски противвоздушен ракетен систем „Темпест“ со краток дострел. Откритието доаѓа од видео објавено од Командата на воздухопловните сили на Украина на почетокот на оваа година, за кое аналитичарите велат дека го прикажува системот во акција.
Командата на воздухопловните сили на Украина го објави видеото како дел од својата новогодишна порака, на кое се гледа одбивањето на воздушен напад без никаква официјална најава или идентификација на новото оружје. Сепак, украинската аналитичка група „Водохраи“ подоцна објави дека видеото всушност го прикажува системот „Темпест“ како пресретнува руски дрон за време на ноќен напад.
Американската одбранбена компанија V2X ја претстави платформата „Темпест“ на изложбата на Здружението на армијата на Соединетите Американски Држави (AUSA) во октомври 2025 година, но трансферот на системот во Украина не е јавно објавен. Противвоздушниот ракетен систем „Темпест“ е дизајниран да се справи со беспилотни летала, хеликоптери и авиони што летаат ниско во сите временски услови.
Европа
Русија изврши уште еден голем напад со дронови во текот на ноќта
Русија изврши голем напад врз Украина преку ноќ со 156 ударни дронови од типот „Шахед“, „Гербера“ и други. Од вкупниот број, околу 110 летала беа дронови камикази од типот „Шахед“, информираше Командата на украинските воздухопловни сили, како што објави „Украинска правда“.
Според прелиминарните податоци објавени до 8 часот наутро, украинските сили за воздушна одбрана успеале да соборат или електронски да блокираат 135 руски ударни дронови. Одбраната дејствувала на широка област, опфаќајќи ги северните, јужните, источните и централните делови на земјата.
И покрај високата стапка на пресретнување, регистрирани се 16 погодоци на ударните дронови на вкупно 11 локации. Покрај тоа, остатоците од соборените дронови паднале на две места.
Воздухопловните сили, противвоздушните ракетни единици, средствата за електронско војување, единиците за беспилотни системи и мобилните противпожарни групи на украинските одбранбени сили учествувале во одбивањето на воздушниот напад. Властите предупредуваат дека нападот сè уште е во тек и дека неколку руски дронови сè уште се во украинскиот воздушен простор.
Европа
Туристи заглавија во Финска поради екстремно ниските температури
Илјадници туристи останаа заробени во северна Финска откако екстремно ниските температури ги приземјија авионите и принудно откажаа летови.
Температурите на аеродромот Китила во Лапонија паднаа на рекордно ниско ниво од -37°C во недела наутро, предизвикувајќи прекини во воздушниот сообраќај, објави Скај њуз.
Арктичкиот студ го погодува аеродромот со денови, што ги прави операциите на аеродромот, вклучително и клучното одмрзнување на авионите, речиси невозможни. Сепак, постои надеж за блокираните британски туристи, со летови до Манчестер и Лондон закажани за понеделник попладне. Успехот на тие летови останува неизвесен бидејќи метеоролозите предвидуваат дека температурите сепак ќе бидат околу -28°C.
Иако жителите на финска Лапонија се навикнати на сурови зими, овогодинешниот студен бран, кој погоди големи области на северна, централна и источна Европа, беше поинтензивен отколку во претходните години. Обилните снежни врнежи, силните ветрови и заледените патишта го направија патувањето опасно низ овој дел од континентот.
Во Германија, патниците со железнички превоз доживеаја големи доцнења и откажувања во неделата откако националниот оператор „Дојче Бан“ ги запре сите услуги на северот од земјата. Властите во Северна Рајна-Вестфалија, најнаселената покраина во Германија, објавија дека сите училишта ќе бидат затворени во понеделник поради ниските температури, а наставата ќе се одржува преку интернет.
Во балтичките земји Естонија и Литванија, возачите беа повикани да ги одложат сите непотребни патувања поради прогнозираните снежни бури. Соседна Латвија, исто така, издаде предупредување за снег за западниот дел од земјата.

