Црна хроника
Кочанчанец ја избодел сопругата, па се обесил
Семејна драма завршила со смрт во Кочани, откако маж со нож си ја прободел сопругата, за потоа да се обеси, пишува „Старплус“ на ТВ Стар.
Насилството кое се претворило во трагедија се случило во семејниот дом на сопружниците во т.н. Белско маало во Кочани.Таму, мажот најнапред жестоко ја тепал сопругата, а потоа и со кујнски нож ја прободел во десната рака, на 17 октомври, по што го напуштил домот. Во семејната куќа каде живеел со сопругата и двете ќерки се вратил два дена подоцна, но не за да се смири со семејството, туку за да се обеси и тоа на терасата, додека најблиските спиеле во куќата. Обесен, 52-годишниот кочанец со иницијали С.А. први го виделе комшиите кои утрината тргнале на работа:„Околу шест часот наутро минувачи и комшии го виделе како виси на терасата , тој се обесил откако претходно ја преттепла својата сопруга“, рекоа соседи.Што и како се случувало изминатите две дена со С.А. не знае никој, но веројатно е дека одлуката за смрт ја донел токму додека бил сам и далеку од семјството.Инаку, во Кочани и во маалото тој важел за пристоен човек, па неговото насилство и смрт, за многумина се изненадување:„Тој овде во населбата беше друштвен човек и досега вакво нешто не се случило овде“, велат соседите.Инаку, сопружниците во брак биле скоро 30 години и инциденти и проблеми меѓу нив, видливи за јавноста, досега немало./крај/мф/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Познат идентитетот на скопјанецот кој ноќеска загина во сообраќајка на патот Штип -Кочани
Познат е идентитетот на мажот кој ноќеска загина во сообраќајна несреќа на патот Штип -Кочани.
– На 06.05.2024 во 02.45 часот во СВР Штип било пријавено дека на експресниот пат Штип -Кочани, во близина на с.Крупиште, патничко возило „рено лагуна“ со скопски регистарски ознаки, управувано од С.М.(34) од Скопје, излетало надвор од коловозот. По несреќата, возачот и сопатниците, И.М.(39) од Скопје и двајца малолетници биле пренесени во Клиничка болница Штип, каде што кај И.М. била констатирана смрт, додека кај возачот и малолетниците биле констатирани телесни повреди, информираа од полицијата.
Увид на местото извршиле јавен обвинител и увидна екипа од СВР Штип.
Црна хроника
Велосипедист е тешко повреден во сообраќајка во Охрид
Вчера околу 14.45 часот во СВР Охрид било пријавено дека на ул.„Питу Гули“ во Охрид се случила сообраќајна несреќа помеѓу велосипед управуван од Ј.Д.(74) од Охрид и патничко возило „хјундаи “ со охридски регистарски ознаки, управувано од Д.В.(28) од Охрид.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил велосипедистот, констатирани во специјалната болница „Св.Еразмо“ во Охрид.
Увид на местото извршила екипа од СВР Охрид.
Црна хроника
Скопјанец измамен во менувачница од двајца странски државјани
Скопјанец пријавил дека во менувачница во Старата скопска чаршија бил измамен од страна на двајца странски државјани за сума од 25.000 евра, информираат попладнево од Министерството за внатрешни работи.
Синоќа во 19.15 часот во СВР – Скопје, Х.М., на возраст од 34 години од главниот град на државава, пријавил дека околу 15 часот во менувачница во Старата скопска чаршија бил измамен од двајца странски државјани.
Според пријавеното, откако се договориле во менувачницата да сменат пари за 25.000 евра, лицата дошле со чанта со договорената сума на пари во денари, при што еден од нив ја заменил чантата со денари со друга иста чанта, која во долниот дел била полна со хартиени ливчиња.
Како што пријавил Х.М., тој им ги дал еврата без да ја провери чантата, а откако заминале, сфатил дека е измамен, појаснуваат од МВР.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.