Политика
Ахмети: Ниедна политичка партии не смее да ја загрози евроатлантската перспектива
Ниту една од политичките партии не смее да ја загрози евро-атлантската перспектива на земјата, изјави во средата челникот на Демократската унија за интеграција (ДУИ) Али Ахмети, ви текот на средбата со делегацијата на француското министерство за надворешни работи, која престојува во еднодневна посета на Македонија а ја води Арлем Дезир, министер за европски прашања.
Откако Дезир претходно во средата оствари низа средби со навјисоките државни фунцкионери, во попладнето со Ахмети во резиденцијата на француската мабасада во Скопје разговараа околу меѓупартискиот договорот од Пржино, преговорите на работните групи, спорот за името и евро-атланската интеграција како и меѓуетничките односи.
Притоа, Ахмети истакна дека договорот од Пржино целосно треба да биде спроведен и партиите мора да покажат посветеност. „ДУИ се ангажира овој договор да успее, бидејќи тоа ќе го зајакне нашито пат кон и ќе ги засили евро-атланските институции и ќе ги зајакне институциите во земјата“, рече челникот на ДУИ, информираа од партиската служба за односи со јавноста.
„Ниту една од политичките партии не смее да ја загрози евро-атлантската перспектива“, на земјата, истакнал притоа Ахмети.
Дезир, како што натаму се вели во информацијата, ја истакнал важната улога на Ахмети и ДУИ и нагласил дека Франција ќе продолжи да ја поддржува Македонија, но побарал доследна примена на Договорот од Пржино.
Во врска со меѓуетничките односи, Ахмети зборуваше за разликите со македонските партии во врска со давањето статус на албанскиот јазик како официјален, како и за имплементацијата на духот и нормите на Рамковниот договор./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Николоски: Во четврта изборна единица ВМРО-ДПМНЕ предвидува инфраструктурно поврзување, поддршка на земјоделието и воспоставување на ред во државата
„Во четвртата изборна единица предвидуваме како и на државно ниво враќање на редот во државата и воспоставување на функционална правна држава“, истакна Александар Николоски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ и носител на изборна единица 4 во јавување во емисијата „Стадион“ на Канал 77.
„Во четворката предвидуваме и инфраструктурно поврзување тука е пред експресниот пат Прилеп – Градско кој што седум години актуелната власт не успеа да го заврши. Понатака автопатско решение на Прилеп до Битола и граница со „Меџитлија“, значи нешто плус од ова што се предлага имајќи в предвид дека ние нема да бараме како Артан Груби провизии од 20% и од прилика е толку разликата. Ние не планираме да бараме провизии значи ќе има простор за повеќе да се изгради“, појасни Николоски.
Николоски додаде дека третиот фокус во изборната единица 4 е земјоделието. Најголем дел од земјоделското производство во Македонија е токму во изборната единица 4. За тука се предвидени значајни работи кои што сака идната Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ да ги направи, и во делот на производството на тутун, и во делот на производство на грозје и вино, во делот на раноградинарски култури, праски итн.
„Во однос на помалите политички партии кои што имаа свои претседателски кандидати очекувам нивните гласачи затоа што беа проопозициски кандидати да гласаат за Гордана Силјановска Давкова во вториот круг. И на тој начин да имаме успешни претседателски избори и Гордана да стане претседател“, повика Николоски.
Тој посочи дека со идната Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ започнуваат промените во Македонија, време е за проекти кои ќе се од корист за граѓаните и државата.
Македонија
Мојсоска: Усеини уништува антифашистичко наследство додека СДС и ДПМНЕ молчат
Од локацијата кај познатата Бела куќа на ул. ,,Димитар Влахов” бр. 9 во Охрид, од каде бескруполозно беше тргната плочата од НОБ, Носителот на ИЕ5 и Генерален секретар на Левица, Јована Мојсоска истакна:
,,Овој културен објект беше уништен од страна на локалниот шериф, Нефи Усеини. Плочата на АСНОМ каде пишува за осудените антифашисти од страна на бугарскиот окупатор, беше тргната пред месец дена. Од градоначалникот Пецаков нема никаква реакција додека се уништува антифашистичкото наследство од страна на поранешниот функционер на ДУИ”.
Мојсоска се наврати кон 2019 година кога беа силни обвинувањата на ВМРО – ДПМНЕ кон Усеини. Според Мојсоска, наспроти тоа, се испоставува дека коалицијата ДПМНЕ – ДУИ сега е уште посилна, благодарение на заедничките бизнис – интереси.
,,Ќе потсетам дека во 2019 година, токму ВМРО-ДПМНЕ обвинуваше дека Усеини го тероризира Охрид. За жал, Охрид го губи својот автентичен изглед, иако за овој објект има Решение за уривање. Институциите молчат, молчи и Министерството за култура кое е раководено од социјал-демократите”, додава Мојсоска за криминалот на поединците и молкот на институциите.
Јована Мојсоска како Носителот на ИЕ5 и Генерален секретар на Левица, порачува:
,,Затоа на 8 мај, да заокружиме број 5, за да ставиме ред во безредието и закон во беззаконието!”
Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: ДУИ се обидува да поткупува гласачи дури и во верски објекти, залудни сценарија, секако ќе одат во опозиција
ДУИ се обидува да поткупува гласачи дури и во верски објекти, залудни сценарија, секако ќе одат во опозиција, велат ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение.
– Функционери на ДУИ се забележани дури и во места како Виница, Кочани, Берово, Делчево каде во верски објекти со полицајци се обидуваат да поткупуваат гласачи. Со ова се обидуваат да освојат голем резултат, мислејќи дека така ВМРО-ДПМНЕ ќе мора да седне со нив, но се лажат. ДУИ оди во опозиција и со тоа треба да се помират. Залудно е и полнењето кутии. Примерите кои се нотирани во Липково, не им помогнаа во првиот круг, нема ниту сега во вториот. Времето кога го купуваа гласот на народот завршува. Време е Македонија да ја вратиме на народот. Македонија повторно твоја, – додаваат од партијата.