Свет
Најмалку девет мртви при уривањето на тунелот во Јапонија
Најмалку девет лица загинаа во делумното уривање на тунел во Јапонија во неделата, соопштија во понеделник јапонските медиуми.
Претходните податоци на Националната агенција за управување со пожари и природни катастрофи говореа за шест мртви, од кои пет лица јагленисани во едно запалено возило, како и еден возач на камион, извлечен повреден, кој подоцна починал во болница.
Агенцијата Кјодо во понеделник наутро јави за уште три смртни случаја, на три постари лица, еден маж и две жени кои се наоѓале во едно возило.
Јапонското Министерство за сообраќај во понеделник нареди инспекција на сите тунели слични на оној што се урна во неделата.
Јапонската влада вети детална истрага и најави дека ќе бидат потребни нови инвестиции во патната инфраструктура, која, како и тунелот, датира од периодот меѓу 1950 и 1970 година.
„Сметаме дека староста е една од главните причини“, изјави претставник на компанијата Некско, која управува со тунелот во кој се случи несреќата, на 80 километри западно од Токио. /крај/хн/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Жена во Хрватска го уби мажот со нож
Рано утрово во Селница Шќитарјевска во близина на Велика Горица, Хрватска, 40-годишна жена убила 52-годишен член на семејството, соопшти полицијата.
Според првичните информации, мажот најверојатно бил убиен со остар предмет. Како што неофицијално пренесе Индекс.хр, жртвата бил сопругот.
Осомничената е под надзор на полицијата, а на местото на настанот во тек е истрага која ќе ги утврди околностите за ова тешко кривично дело.
Свет
Петмина загинати и повеќе од 100 повредени во торнадо во Бразил
Најмалку пет лица загинаа, а 130 се повредени во торнадо кое синоќа опустоши дел од село во јужен Бразил, во сојузната држава Парана, соопштија локалните власти.
– Цивилната заштита на Парана со жалење објавува дека веќе се потврдени пет смртни случаи по торнадото што ја погоди општината Рио Бонито до Игуасу, се вели во соопштението.
Свет
(Фото) Русите пак ја нападнаа Украина, има загинати
Украина пријави нов руски напад врз нејзината енергетска инфраструктура во текот на ноќта, во кој едно лице загина, а неколку региони останаа без струја. На пат кон освојување на важниот логистички центар Покровск на исток, руската војска ги интензивира и воздушните напади врз гасните и енергетските постројки низ цела Украина, зголемувајќи ги стравувањата од сурова зима за цивилите со падот на температурите.
„Непријателот повторно започнува масовен напад врз енергетската инфраструктура на Украина. Затоа се воведени вонредни прекини на електричната енергија во голем број региони“, изјави министерката за енергетика Свитлана Гринчук на Фејсбук.
🤬 Russians massively attacked Dnipro and its suburbs with kamikaze drones. One of the drones punched through a residential block, collapsing several floors.
Eyewitnesses have shared photos of the aftermath. pic.twitter.com/6vIC0HsbYY
— Denys from Kharkiv (@GlushkoDenys) November 7, 2025

