Црна хроника
Отворил интернет клуб во Дебар и користел нелиценциран Microsoft
Жител на Дебар отворил интернет клуб „Ајдини“ во градот на улица „Атанас Илиќ“ во комплексот Мимоза во градот, без регистрирана фирма и на два од вкупно десет компјутери користел нелиценциран Microsoft.
Против него е поднесена кривична пријава за повреда на правото од пријавен или заштитен пронајдок и топографија на интегрални кола.Од извршените проверки во компјутерите и оперативниот систем кој беше инсталиран во компјутерите, констатирано е дека на два комјутери е инсталиран нелиценциран софтвер на Microsoft т.е на оперативниот систем Windows XP, заштитен со патент од фирмата Microsoft. Со тоа, пријавениот фирмата ја оштетил во износ од 21.100 денари и противправно стекнал исто толкава парична имотна корист.Доколку се користи лиценциран софтвер на Microsoft, за истиот треба да се поседува оригинал ДВД на кое е назначено за кој оперативен систем се однесува, да се поседува налепница која се става на надворешниот дел од куќиштето на компјутерот на која е назначено кој оперативен систем се користи и неговиот број. Тие податоци треба да се совпаѓаат со податоците од налепницата и оригиналниот ДВД. Пријавениот требало да поседува и набавна фактура за софтверот каде е наведено кој оперативен систем се користи и со кој број. Пријавениот Е.М. за двата компјутери не ги поседуваше наведените т.е потребните ДВД, налепници и фактури за оперативниот систем Windows XP кој беше инсталиран и го користеше на комјутерите./крај/мвр/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Три жени пријавиле семејно насилство за 12 часа – приведени осомничени во Кисела Вода, Центар и Чаир
Во текот на изминатото деноноќие, во три одделни случаи на семејно насилство, три жени пријавиле дека биле физички нападнати од нивните партнери на подрачјата на Кисела Вода, Центар и Чаир.
Во првиот случај, пријавен на 12 февруари во 17:50 часот, полициски службеници од СВР Скопје извршиле службен разговор со П.Л. (45) од Скопје, откако било пријавено дека во неговиот дом ја нападнал својата 48-годишна вонбрачна партнерка. Случајот се документира и ќе следува соодветна пријава.
Во вториот случај, на истиот ден во 22:00 часот, на подрачјето на Центар, полицијата го привела Н.Ј. (52) од Скопје, поради сомнение дека околу 17:00 часот физички ја нападнал својата 32-годишна партнерка. По комплетирање на доказите ќе биде поднесена пријава.
Во трет случај, на 13 февруари во 04:40 часот, 35-годишна жена пријавила дека околу 01:40 часот, на подрачјето на Чаир, била физички нападната од нејзиниот партнер Б.С. (24) од Скопје. И за овој настан ќе биде поднесена соодветна пријава по целосна документација.
Од МВР информираат дека сите случаи се обработуваат.
Црна хроника
Пронајдени коски и парче облека во Скопје, полицијата истражува
На локација викана „Сулејманови ливади“ во село Горно Количани, скопско, биле пронајдени коски слични на човечки, а во близина и парче облека.
Случајот бил пријавен во СВР Скопје во текот на вчерашниот ден, по што на местото излегла увидна екипа која извршила преглед.
Од МВР информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот.
Црна хроника
Пешак тешко повреден на Орце Николов, возило удри во 56-годишна жена
На улицата „Орце Николов“ во Скопје, 56-годишната Д.Д. од Скопје била тешко повредена откако во неа удрило патничко возило „опел“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.Ѓ. (46) од Скопје.
Несреќата се случила околу 13:00 часот, а повредите на жената биле констатирани во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“.
На местото на настанот извршен е увид од екипа на СВР Скопје.

