Контакт

Европа

Кардиф: Азилантите мора да носат алка за да добијат хуманитарна помош

Објавено пред

Фирмата партнер на британското министерство за внатрешни работи се најде во понеделникот на ударот на критиките во Велика Британија, бидејќи на азилантите им наметна задолжително носење нараквици во боја за да добијат хуманитарна помош.

dobivaj vesti na viber

Ваквото правило го вовела компанијата „Clearsprings“, којашто управува со центар за прифаќање на барателите на азил во велшката престолнина Кардиф.

Конкретно, бегалците за да можат да добијат бесплатен оброк мора да носат црвена алка околу зглобот, што документирано го докажува фотографијата објавена во весникот The Guardian, кој започна да пишува за овој скандал.

Од „Clearsprings“ за весникот појаснуваат дека ја вовеле таа мерка за да го олеснат распознавањето на лицата кои имаат право на помошта во храна и другите лица, поради зголемениот број баратели на азил.

Меѓутоа, овие алки предизвикаа бес кај невладините организации и локалните пратеници кои ја осудија практиката на стигматизирање на имигрантите, па ова прашање треба веќе во понеделникот да биде тема пред парламентот во Вестминстер.

„Тоа потсетува на нацистичкиот режим“, коментираше Хана Варф, функционер во Велшкиот совет за бегалци.

Џо Стивенс, пратеничка на лабуристите од Кардиф, на Twitter напиша дека „разговарала“ со претставник на компанијата, и уверува дека задолжителното носење на алките ќе биде прекинато до крајот на понеделникот./крај/мф/сн

Извор: AFP

Европа

Редок истап на Ангела Меркел, го критикува свјот наследник на чело на партијата

Објавено пред

Поранешната германска канцеларка Ангела Меркел го критикуваше лидерот на својата партија поради усвојувањето на предлогот во парламентот со поддршка на екстремно десничарската Алтернатива за Германија (AfD). Меркел го обвини лидерот на ЦДУ Фридрих Мерц дека го прекршил ветувањето дека нема да соработува со АфД во Бундестагот.

dobivaj vesti na viber

Во средата пратениците на АфД гласаа за предлогот на ЦДУ за построги правила за имиграција. Мерц, кој се очекува да биде следниот канцелар на Германија поради водството на ЦДУ во анкетите, објасни дека политиката не е погрешна само затоа што „погрешните луѓе ја поддржуваат“ и дека тој не ја барал или ја сакал поддршката од АфД.

Сепак, Меркел го обвини дека го прекршил ветувањето што го дал во ноември дека ќе работи со Социјалдемократската партија и Зелените за донесување закони, наместо со АфД. Ова претставува многу необичен и редок истап на жената која ја водеше Германија 16 години, пишува Би-би-си.

Меркел потсети дека Мерц изјавил дека „нема да биде дел од мнозинството со оние од АфД дури и при поставувањето на дневниот ред во парламентот“.

Прикажи повеќе...

Европа

Севернокорејците повлечени од линијата на фронтот во Русија, пишува „Њујорк тајмс“

Објавено пред

Севернокорејските војници кои им се придружија на руските сојузници во борбите со украинските сили се повлечени од првите линии на фронтот откако претрпеа големи загуби, соопштија украинските и американските власти, пишува Њујорк тајмс.

dobivaj vesti na viber

Севернокорејските трупи, кои беа испратени да ги засилат руските сили кои се обидуваат да ја одбијат украинската офанзива во границите на Русија, не се видени на бојното поле околу две недели, изјавија официјални лица, барајќи анонимност поради чувствителноста на воените и разузнавачките информации.

Пристигнувањето на околу 11.000 севернокорејски војници во Русија во ноември предизвика загриженост во Украина и меѓу нејзините западни сојузници, кои стравуваа дека нивното распоредување може да значи значителна ескалација во речиси тригодишната војна.

Но, за само три месеци севернокорејските трупи се намалени за половина, изјави генералот Олександр Сирски, врховен воен командант на Украина.

Украинските војници кои се бореле против Севернокорејците ги опишаа како жестоки борци, но недостатокот на организација во нивните редови и лошата координација со руските трупи брзо ги зголемија нивните загуби, изјави украински официјален претставник.

Според украинските официјални податоци и извештаите на војниците на бојното поле, откако пристигнале на бојното поле, севернокорејските војници биле оставени сами на себе, напредувајќи со малку оклопни возила и ретко застанувале да се прегрупираат или да се повлечат.

Прикажи повеќе...

Европа

Повеќето Британци сакаат да се вратат во ЕУ

Објавено пред

Помалку од тројца од десет Британци мислат дека Брегзит е добра работа, а повеќето сакаат земјата да се врати во Европската унија, покажа новото истражување на јавното мислење, пет години откако Обединетото Кралство официјално ја напушти ЕУ.

dobivaj vesti na viber

На референдумот во 2016 година, 52 отсто од Британците гласаа за Брегзит.

По долгогодишни тешки преговори, Обединетото Кралство стана првата земја што ја напушти Европската унија на 31 јануари 2020 година.

Но, пет години подоцна, само 30 отсто од Британците веруваат дека земјата ја направила вистинската работа со гласањето за Брегзит, според анкетата на YouGov, чии резултати беа објавени во средата. Анкетата е спроведена на 2225 испитаници.

Според институтот, ова е најниската поддршка за Брегзит досега.

Меѓу Британците кои гласаа за Брегзит, 18 отсто сметаат дека напуштањето на Европската унија е грешка. Но, тој процент се искачува на 55 отсто од сите испитаници. Само 11 отсто од испитаниците веруваат дека Брегзит бил успешен.

Мнозинството Британци, 55 отсто, го поддржуваат враќањето на земјата во Европската унија, вклучително и 20 отсто од гласачите кои гласаа за Брегзит.

Меѓу нив, 39 отсто од испитаниците „силно“ го поддржуваат враќањето во ЕУ.

Британскиот лабуристички премиер Кир Стармер вети дека ќе ги „рестартира“ односите со Европската унија. Сепак, се противи на враќање на полноправно членство во Европската унија.

Прикажи повеќе...

Најново

Економија57 минути

Поскапува цената на парното

Парното поскапува за 5,03 проценти, информира на денешната прес-конференција претседателот на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) Марко Бислимоски. Според него,...

Македонија2 часа

Целиот систем мора да се менува, вели министерот за правда по смртта на Фросина Кулакова

Министерот за правда Игор Филков упати сочувство до семејството и пријателите на прерано загинатата Фросина Кулакова, која беше смртно прегазена...

Топ2 часа

Со задушување ја убил својата партнерка: уапсен 42-годишник од Кавадарци

Вчера во Кавадарци, полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишиле од слобода 42-годишниот И.П. од Кавадарци. Тој се сомничи дека...

Македонија3 часа

Студентскиот отпор: Оваа неправда нема да остане без одговор, сите студенти денеска за Фросина

Студентскиот отпор изразува длабоко сочувство до семејството на Фросина Кулакова. „Оваа загуба е резултат на системски недостатоци, кои ја загрозуваат...

Македонија3 часа

Почина новинарот Ѓорѓи Томиќ

Денеска, по кратко боледување во Скопје, во 42. година од животот почина новинарот Ѓорѓи Томиќ. Томиќ со години беше дел...

Регион4 часа

Регионот денеска ги бојкотира продавниците: Македонија, Србија, Црна Гора, Хрватска и БиХ против големите супермаркети поради енормно високите цени

По повиците на социјалните мрежи, денеска се очекува граѓаните во државата да ги бојкотираат маркетите поради високите цени на прехранбените...

Македонија4 часа

Обвинителството со детали за возачот што ја усмрти Фросина: бил гонет и за други кривични дела, судот го упатил во поправен дом

Обвинителството соопшти детали за возачот од Скопје што ја усмрти 22-годишната Фросина Кулакова на „Партизански одреди“. „МВР против лицето поднело...

Македонија5 часа

Протест на „Партизанска“ поради трагичната смрт на Фросина

Голем број граѓани на социјалните медиуми за денеска во 13 часот повикуваат на протестен собир на местото на кое смртно...

Регион6 часа

Студент од Србија: Го одбив помилувањето на Вучиќ, сакав на суд да ја докажам мојата невиност

Студентот на Правниот факултет во Нови Сад, Михаило Младеновиќ, одбил помилување од претседателот на Србија. Тој рече дека ниту еден...

Европа6 часа

(Фото) 418 лица уапсени за фалсификувани лекови во голема операција на Европол во Европа

Операцијата на Европол од април до ноември минатата година резултираше со повеќе од 400 апсења за трговија со фалсификувани лекови,...

Свет7 часа

Трамп: Кина мора да престане да испраќа фентанил во нашата земја и да го убива нашиот народ

Американскиот претседател Доналд Трамп синоќа по американско време најави дека наскоро ќе одлучи дали ќе го исклучи увозот на нафта...

Свет7 часа

Објавени фотографии од екипата на урнатиот американски хеликоптер, жена била главниот пилот

Тројца членови на екипажот на хеликоптерот Блек Хок на американската армија загинаа во четвртокот кога се судри со патнички авион...

Свет7 часа

(Видео) Интересот на Трамп за Гренланд не е шега, тврди шефот за надворешна политика на САД

Интересот на американскиот претседател Доналд Трамп за купување на Гренланд „не е шега“, изјави државниот секретар Марко Рубио во вчерашното...

Македонија17 часа

Возачот кој ја усмрти Фросина бил гонет за дрога, а судот го пратил во поправен дом третирајќи го како помлад полнолетник

Обвинителството го потврди минатото со дрога на младиот возач од Скопје (В.Ј.) кој синоќа ја усмрти 22-годишната Фросина Кулакова на...

Топ19 часа

Возачот кој ја усмрти Фросина на „Партизанска“ возел под дејство на алкохол, без возачка и поминал на црвено светло

Дваесетгодишникот кој синоќа усмрти 22-годишна девојка на Партизанска, управувал возило на неговиот татко, без возачка дозвола, а бил и под...

Економија20 часа

Мицкоски: Го разбирам бојкотот на граѓаните на маркети, а јавноста ќе дознае како функционери на СДСМ манипулирале со пресметките

Премиерот Христијан Мицкоски на денешната собраниска седница за пратенички прашања истакна дека легитимно право е на граѓаните да изразат револт...

Свет23 часа

(Видео) „Во оваа несреќа нема преживеани“: полека исчезнува надежта за семејствата по судирот на патничкиот авион и американскиот воен хеликоптер

Се стравува дека голем број луѓе загинале кога патничкиот авион на „Американ ерлајнс“ се судрил со хеликоптерот на американската армија...

Македонија1 ден

Гаши за смената во Судскиот совет: Досега неколкупати сме избрзале, сега сакаме да дојдеме до издржливо решение

Собранискиот спикер Африм Гаши оценува дека во правосудството се потребни подлабоки реформи, но дека треба да се внимава. „На сите...

Македонија1 ден

Пријавете мито во полиција, во Здравство или на клиниките, повика Таравари откога хирург беше фатен со бележани 150 евра

Министерот за здравство Арбен Таравари ги повика граѓаните да привајат доколку од нив се бара мито за вршење услуги во...

Свет1 ден

(Видео) Се појави нова снимка од судирот меѓу патничкиот авион и хеликоптерот над Вашингтон

Регионален патнички авион на „Американ ерлајнс“ се судри во воздух со хеликоптер „блек хок“ на американската армија во близина на...