Црна хроника
Штипјанец се обидел да силува свештено лице
Во вторникот во штипската населба Сењак, 39-годишен штипјанец се обидел да силува свештено лице. Настанот се случил откако попот и клисарот поѕвониле на вратата за да направат претпразнично светење со вода, пренесува ТВ Стар.
Во истиот момент штипјанецот видно се возбудил, го вовлекол свештеното лице во куќата и со голема сексуална страст го нападнал. Од поголеми проблеми свештеното лице било спасено благодарение на присебноста и мобилниот телефон.
Повикана била полиција и пожарникари кои ја скршиле вратата и него го извадиле надвор. По ова, напаѓачот бил приведен, а потоа му била укажана и лекарска помош.
Од Брегалничката епархија не сакаат да го коментираат немилиот настан, но од СВР Штип случајот се потврдува, додава ТВ Стар./крај/мф/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Сопружници загинаа во пожар во Крива Паланка
Сопружници загинаа во пожар во Крива Паланка. Телата се откриени по интервенција на противпожарните служби.
„Во 08:57 часот добиена е пријава за запалена куќа на ул.Херој Карпош во Крива Паланка. Во гаснењето на пожарот интервенирале 9 пожарникари со 2 ПП возила. Пожарот е изгаснат во 10:00 часот. Во пожарот имало и две жртви сопружници на постара возраст (над 80 години)“, известија од Центарот за управување со кризи (ЦУК).
Црна хроника
Крадец среде бел ден во Карпош сакал да ограби маркет, па откако не успеал повредил вработена
Министерството за внатрешни работи информира дека во текот на вчерашниот ден маж влегол во маркет во скопски Карпош и на сила се обидел да одземе продукти, но откако не успеал, повредил една од вработените.
„На 10.01.2025 во 18.30 часот во СВР Скопје, било пријавено дека околу 15.40 часот во маркет на подрачјето на Карпош, машко лице со физичка сила и закана со остар предмет кон вработените се обидело да одземе производи, но не успеало. При тоа и нанел повреда на една од вработените“, велат од МВР.
Оттаму потенцираат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Во водите на Вардар кај Зелениково пронајдено тело на женско лице заглавено во гранки
Вчера во 11.15 часот во СВР Скопје било пријавено дека во водите на реката Вардар во с.Таор, општина Зелениково, покрај стариот пат кон с.Пакошево, општина Зелениково, било пронајдено тело на починато женско лице, кое било заглавено во гранки.
Од екипа на Одделот за специјални полициски операции при МВР, телото било извадено, а по наредба на јавен обвинител било дадено на обдукција.