Контакт

Европа

Шенгенот можно е да биде укинат на две години

Објавено пред

Советот на министри на Европската унија може да воведе контрола на една или повеќе внатрешни шенгенски граници и на период од две години ако се оцени дека постои нефунционалност на шенгенскиот режим, но Европската комисија смета дека засега не дошло до таква ситуација.

dobivaj vesti na viber

Ова го изјавила портпаролката во Европската комисија, Наташа Берто која навела дека некои членки на шенгенскиот простор веќе вовеле пасошка контрола на патниците во рок од шест месеци, период којшто истекува во мај.Берта со тоа одоговорила на новинарските прашања дали се точни наводите во италијанските медиуми дека поради бегалската криза која ја загрозила безбедноста на ЕУ, Европската комисија предлага најпрвин потполна контрола на шенгенските, а со тоа и на границите на ЕУ, најпрвин да се воведе во Грција, а потоа и на две години да се суспендира цел шенгенски поредок.Ставањето на дневен ред на заканата за укинување на Шенгенот за две години има за цел да ја натера Грција да го прифати воведувањето на европските гранични и поморски стражи со обвластување и да се оневозможи влезот за мигранти на границите со Турција./крај/мф

Европа

Со какви санкции му се заканува ЕУ на Путин?

Објавено пред

Главните европски сојузници на Украина ја повикаа Русија на безусловно 30-дневно примирје и се заканија со нови санкции, според заедничкото соопштение објавено на 12 мај. Министрите за надворешни работи на Франција, Германија, Италија, Полска, Шпанија и Велика Британија, заедно со високата претставничка на ЕУ Каја Калас, се состанаа во Лондон на состанокот „Вемаир+“, на кој се дискутираат прашања за евроатлантската безбедност и руската агресија врз Украина.

dobivaj vesti na viber

„Заедно со Украина, повикуваме на итен, целосен и безусловно 30-дневен прекин на огнот за да се отвори простор за разговори за праведен, сеопфатен и траен мир“, изјавија официјалните лица по состанокот.

Украинскиот министер за надворешни работи Андриј Сибиха им се обрати на учесниците преку видео врска и потврди дека руските сили не го почитувале прекинот на огнот што требаше да стапи на сила на 12 мај. Украина и нејзините клучни сојузници ја предупредија Москва на 10 мај дека доколку одбие прекин на огнот, ќе воведат уште построги санкции.

Удар за руските приходи и енергија
Во својата изјава, министрите ги наведоа конкретните мерки што планираат да ги преземат.

„Се договоривме за посилни чекори за понатамошно ограничување на способноста на Русија да води војна – ќе ги намалиме приходите на Кремљ, ќе го спречиме работењето на нивната „флота во сенка“, дополнително ќе го заостриме ограничувањето на цените за нафтата и ќе продолжиме да го намалуваме увозот на руска енергија“, се вели во соопштението.

Тие додадоа дека руските државни средства остануваат блокирани сè додека Москва не ја запре својата агресија и не ја надомести штетата што ја предизвикала. Покрај економските мерки, сојузниците повторија дека ќе продолжат да ја зајакнуваат украинската армија, да обезбедуваат безбедносни гаранции и да градат силен НАТО сојуз.

Путин нуди преговори, но под стари услови
Како одговор на овој притисок, рускиот претседател Владимир Путин ја покани Украина на директни преговори во Истанбул, кои треба да започнат на 15 мај. Како што објасни неговиот советник Јуриј Ушаков, преговорите ќе се базираат на разговорите од Истанбул 2022 и „актуелната ситуација на бојното поле“.

Претседателот Володимир Зеленски изјави дека е подготвен да оди во Турција и да се сретне со Путин, но сепак инсистираше на целосно и безусловно примирје.

Неименуван украински функционер за „Аксиос“ изјави дека Зеленски дефинитивно ќе биде во Турција на 15 мај, без оглед на тоа дали Москва се согласува на прекин на огнот. На прашањето на „Киев Индепендент“ дали претседателот ќе патува дури и ако Русија го отфрли предлогот, извор близок до неговиот кабинет рече: „Подготвени сме за сите опции. Но, чекаме одделно одговор за примирјето“.

Путин сè уште официјално не го потврдил своето пристигнување во Истанбул.

Нов бран санкции најавен за 14 мај
Германија јасно стави до знаење дека ќе воведе дополнителни санкции против Русија доколку прекинот на огнот не се почитува до крајот на 12 мај. Извори од ЕУ, исто така, најавија нова рунда европски санкции за 14 мај.

Прикажи повеќе...

Европа

(Видео) Русија поставува шатори, писти и хангари: значителна руска воена активност на границата со Финска

Објавено пред

Нови сателитски снимки покажаа значителна руска воена активност во близина на источната граница на Финска. Аналитичарите истакнуваат дека бројот на сместувачки капацитети за војници се зголемува во неколку клучни бази, се распоредуваат авиони и се гради нова инфраструктура, пишува „Хелсинки тајмс“.

dobivaj vesti na viber

Снимката ја објави шведската телевизија СВТ, а ја зема компанијата „Планет Лабс“. Тие покажуваат интензивна активност на четири локации. Според проценките, Русија го зголемува своето воено присуство во регионот како одговор на влегувањето на Финска и Шведска во НАТО.

Началникот на шведската армија, Михаел Клаесон, изјави дека овие случувања се потврда за она што Русија го најавува како „воено-технички одговор“ на проширувањето на НАТО. „Кога аплициравме за членство во НАТО, Русија рече дека ќе преземе одредени мерки. Сега гледаме дека ги спроведува“, рече Клаесон.

Финска официјално стана членка на НАТО во 2023 година, поместувајќи ја границата на Алијансата директно кон северозападна Русија. Како одговор на тоа, Финска ги зајакнува сопствените одбранбени капацитети и гради команден центар на НАТО во Лапонија, кој треба да биде оперативен до крајот на годината.

Прикажи повеќе...

Европа

Ултиматумот на Европската Унија до Путин и Русија истече

Објавено пред

Украина и европските лидери се согласија на безусловно примирје во траење од 30 дена, почнувајќи од 12 мај, со поддршка на американскиот претседател Доналд Трамп. Во исто време, тие му се заканија на претседателот Владимир Путин со нови „масивни“ санкции доколку не се придржува до договорот.

dobivaj vesti na viber

ЕУ му постави ултиматум на Путин да се согласи на 30-дневен прекин на огнот од полноќ или да се соочи со значително построги санкции. Кина, исто така, го поддржа планот.

Русија не се огласи по ова прашање до полноќ.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија31 минута

МВР со апел до граѓаните: Внимавајте на лажни е-пораки – фишинг линкови

Секторот за компјутерски криминал при Бирото за јавна безбедност на Министерството за внатрешни работи периодов констатираше зачестена појава на така...

Европа2 часа

Со какви санкции му се заканува ЕУ на Путин?

Главните европски сојузници на Украина ја повикаа Русија на безусловно 30-дневно примирје и се заканија со нови санкции, според заедничкото...

Македонија2 часа

Несреќа на патниот правец Берово – Виница, сообраќајот е во прекин

АМСМ извести дека се случила сообраќајна незгода на патниот правец Берово – Виница, кај село Будинарци. Поради незгодата од 07:30...

Свет3 часа

(Видео) Трамп: ЕУ игра повалкано од Кина

Американскиот претседател Доналд Трамп вчера повторно ја нападна Европската Унија, велејќи дека е полоша од Кина во многу аспекти, само...

Свет3 часа

Кинескиот претседател по договорот со Трамп: Малтретирањето води до самоизолација

Кинескиот лидер Кси Џинпинг ги осуди малтретирањето и хегемонијата во своето прво јавно појавување откако САД и Кина постигнаа привремен...

Македонија3 часа

Опожарено возило во Аеродром

Во периодот од 01:40 до 02:40 часот, пожарникарите гаснеле запалено патничко моторно возило, на површина од 2м2 на булеварот Видое...

Свет3 часа

(Видео) Трогателна средба: Еден Александар го прегрнува своето семејство откако е ослободен од Хамас

Израелско-американскиот заложник Еден Александар се врати на своето семејство во Израел, откако помина 19 месеци во заробеништво на Хамас во...

Европа3 часа

Ултиматумот на Европската Унија до Путин и Русија истече

Украина и европските лидери се согласија на безусловно примирје во траење од 30 дена, почнувајќи од 12 мај, со поддршка...

Македонија12 часа

Одиме во опозиција, доколку има сомнежи во тие што се во Владата, нема што да бараме таму, соопшти Таравари

Минатата година со гордост ја донесовме промената во албанскиот блок после 20 години и за тоа сме многу гроди, изјави...

Свет14 часа

Зеленски: Ќе бидам во Турција, се надевам дека ќе дојдат и Путин и Трамп

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека ќе отпатува во Истанбул на мировни преговори и дека е подготвен да се сретне...

Свет16 часа

Орбан: Никој не се осмелува да признае, но ја загубивме војната во Украина

Зapaдната стратегија насочена кон уништување на Русија не успеа, санкциите не ја постигнаа својата цел, а Русија ја спречи Украина...

Македонија22 часа

Левицата предлага инспекторат кој ќе казнува за непочитување на грбот, знамето и химната: МВР реагира за сквернавење, но не влегува во канцеларии

Партијата Левица оваа недела ќе поднесе предлог-закон за формирање инспекторат за употреба на грбот, знамето и химната на државата, како...

Македонија22 часа

Мицкоски: Државата беше во слободно паѓање, ни требаше стабилизација во оваа прва година

Премиерот, Христијан Мицкоски, на денешниот Самит 2025 во организација на „Македонија 2025“ истакна дека првиот ден од стапување на функцијата...

Економија22 часа

Се зголемуваат цените на бензините, се намалува на дизелот

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука...

Македонија24 часа

СДСМ: Филипче нема никави инвестиции, ниту имот во ОАЕ

„ВМРО-ДПМНЕ во целосна безидејност продолжува да лаже иако претседателот на СДСМ, Венко Филипче јасно кажа дека не поседува никакви инвестиции...

Свет24 часа

Масовни апсења деца во Европа, планирале терористички напади врз концертни сали и верски објекти

Вештачката интелигенција, колку и да е корисна, е сè повеќе фактор во радикализацијата на младите луѓе, што го покажуваат случаите...

Свет1 ден

САД и Кина постигнаа договор

САД И Кина се согласија за значително намалување на царините за стоките меѓусебно за период од 90 дена, по разговорите...

Македонија1 ден

Независниот синдикат на полицијата најави протест: Основната плата не може да биде под минималната во државата

Независниот синдикат на полицијата денеска со почеток од 12.00 часот на раскрсницата Мавровка кај судовите ќе одржи полициски протест. „Полициската...

Европа1 ден

Захарова: Русија и Кина се борат да го зачуваат историското сеќавање на Втората светска војна

Русија и Кина се борат да го зачуваат историското сеќавање на херојските дела на своите народи во Втората светска војна,...

Свет1 ден

Трамп: На корумпираните демократи им пречи бесплатниот авион

Владата на американскиот претседател Доналд Трамп има намера да прифати авион „Боинг 747-8“ како подарок од катарското кралско семејство, кој...