Македонија
Во Македонија генерално се почитуваат верските слободи и права

Во Македонија генерално се почитуваат верските слободи и права што е овозможено со Уставот, Законот за правниот статус на црквите, религиозните заедници и групи од 2007 г. и дугото законодавство, се наведува во годишниот Извештај на американскиот Стејт департмент за верските слободи во светот
Владата генерално ги почитува верските слободи и права. Нема случаи на затворање поради верски убедувања, ниту на принудување за менување на верата. Годинава е усвоен и Законот за антидискриминација, кој овозможува заштита против дискриминацијата врз основа на верски убедувања. Сепак, забележани се проблеми во примената на постапките за регистрација на одредени верски групи. Во тој контекст се спомнува т.н. Охридска архиепископија на Јован Вранишковски.Во Извештајот се посочува дека двете главни религии во Макеоднија се православното христијанство и исламот. Околу 65 проценти се православни христијани, а 32 муслимани. Во земјата има и помали групи римокатолици, протестанти и Евреи. Генерално има соработка меѓу различните етнички и религиозни заедници.Во Македонија нема официјална државна религија, но во уставниот амандман од 2001 година се посочуваат пет религиозни групи – Македонската православна црква, Исламската верска заедница, Римокатоличката црква, Еврејската заедница и Евангелистичко-методистичката црква. Припадниците на другите религиозни групи забележуваат дека токму наведените во Уставот пет верски заедници имаат повластен третман од властите.Во Извештајот на Стејт департментот се наведува и дека неколку религиозни празници Велигден, Божик и Рамазам Бајрам се одбележуваат како национални празници. Останатите христијански, исламски или еврејски празници не се национални празници, но на верниците им е овозможено слободно да ги слават.Според законодавството, религиозните групи мора да се регистрираат и тие се одвоени од државата. Не е дозволено отворање верски основни училишта, но нема ограничувања во повисоките нивоа на образование или за верска едукација во црквите, џамиите и други верски објекти.Извештајот го нотира и укинувањето на изучувањето на веронаука во основните училишта од страна на Уставниот суд, како и можноста да се изучува предметот Етика на религиите, а се спомнуваат и плановите за изградба на црква на МПЦ на централниот плоштад во Скопје, како и барањата на дел од муслиманските верници за изградба и на џамија. Како се уште актуелен проблем се наведува денационализацијата на имотот на верските заедници кои им бил национализиран во време на поранешната Југословенска Федерација. гв/са/9:22
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Сиљановска-Давкова го прими Ристо Дурловски, претседател на организацијата „Обединети Македонци во Канада“

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска го прими Ристо Дурловски, претседател на организацијата „Обединети Македонци во Канада“.
На средбата, таа уште еднаш ја потврди својата определба за формирање на Совет за дијаспора, како политички исчекор во соработката меѓу државата и дијаспората. Во Советот, претседателката гледа институционален одговор на потребата од засилена и продлабочена комуникација со нашите иселеници во сите области.
Дурловски истакна дека примарна цел на Организацијата останува да биде промоцијата и заштитата на правата на Македонците во Канада, како и нивната интеграција во канадското демократско општество. За него, македонските корени се силна мотивација за поддршка на македонските национални интереси.
Соговорниците се согласија дека бројната македонска дијаспора може да биде фактор на зајакнување на канадско-македонските политички, економски, културни и други односи.
Македонија
Од утре авионско и терестрично прскање против комарци во Скопје

Градот Скопје ги известува граѓаните дека утре ќе започне авионска дезинсекција на подрачјето на градот Скопје, против возрасни форми на комарци, а на 16 септември терестрична дезинсекција против возрасни форми на комарци и ларви од комарци, односно:
1. Авионската дезинсекција на подрачјето на градот Скопје, против возрасни форми на комарци, ќе се одвива на 12.09.2025 (петок) и на 13.09.2025 (сабота), во раните утрински часови.
2. Терестричната дезинсекција на подрачјето на градот Скопје, против возрасни форми на комарци и ларви од комарци ќе се одвива од 16.09.2025 (вторник) до 19.06.2025 (петок), во период од 22.00 до 03.00 часот, наредниот ден
Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата, истата ќе се изврши во истиот термин првиот нареден ден, кога временските услови ќе бидат поволни, додаваат од Градот Скопје.
Исто така се известуваат пчеларите навремено да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите.
Македонија
Зголемена фреквенција на возила на Табановце за излез од државата

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, извести АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На ГП Табановце за излез од државата се бележи зголемена фреквенција на возила, времето на чекање е околу 30 минути.
На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата, додаваат од АМСМ.