Црна хроника
Две момчиња загинаа, две се повредени во сообраќајка во тетовско

Две момчиња загинаа, а уште две се тешко повредени во тешка сообраќјна несреќа што се случи утрово околу 4 часот кај тетовското село Палчиште.
Според првичните информации од тетовската полиција, автомобил „бмв“ со тетовски регистарски таблички загубило контрола и се превртело, при што две лица починале на место на несреќата, а другите две се здобиле со тешки телесни повреди.
На лице место починале двајца сопатници Суат Е. (20) и Мирсат (23). Дваесет и едногодишниот возач се здобил со тешки телесни повреди, а со телесни повреди се здобил дваесетгодишен сопатник. кој бил пренесен во клиничкиот центар во тетово.
Во тек е увидот од страна на полицијата и јавен обвинител./крај/мф
Извор: Фото:архива
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Вработена во основно училиште во Гази Баба истепана од ученик

Вчера во 12.45 часот во СВР Скопје, 45-годишната С.Р. од Скопје, вработена во основно училиште, пријавила дека околу 08.40 часот во основно училиште на подрачјето на Гази Баба, била физички нападната од ученик.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Малолетник од Кочани споделувал експлицитни снимки од малолетничка на интернет: во полиција пријавила нејзината мајка

Вчера во 23 часот во Полициската станица Кочани, 43-годишна жена пријавила дека на 08.05.2025 малолетник од Кочани споделувал на социјална мрежа и други апликации видео записи со експлицитна содржина од нејзината малолетна ќерка.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Возило излета од регионалниот пат Валандово – Струмица: во несреќата тешко повредена девојка

Вчера во 22.40 часот во СВР Струмица било пријавено дека на регионалниот пат Валандово- Струмица, на делницата од крстосницата за село Куклиш, струмичко, до крстосницата за село Раборци, струмичко, патничко возило „фолксваген поло“ со валандовски регистарски ознаки, управувано од 25-годишната В.К. од село Собри, валандовско, излетало надвор од коловозот.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката И.П.(24) од с.Собри, валандовско, констатирани во Медицинскиот центар Струмица.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Струмица.