Свет
Основачот на Amazon третиот најбогат човек на светот

Основачот и претседател на управата на Amazon, Џеф Безос, е третиот најбогат човек на светот во моментов, објави списанието Forbes, истиснувајќи го од таа позиција Ворен Бафет, според рејтингот на агенцијата Bloomberg.
Џеф Безос поседува 18 отсто од акциите на Amazon, чијашто вредност во четвртокот порасна за 2 отсто. Forbes го проценува неговото богатство на 65,05 милијарди долари.
Побогати од него се само соосновачот на Microsoft, Бил Гејтс, чиешто богатство Forbes го проценува 78 милијарди долари а една седмица претходно Bloomberg го процени на 89,1 милијарди долари, и Амансио Ортегата основачот на компанијата и Inditex, сопственик на модните брендови Zara, Massimo Dutti, со богатство од 73,1 милијарди долари според Forbes или 73,4 милијарди долари според Bloomberg.
Според Bloomberg, богатството на Ворен Бафет во периодот од 20-ти јули 2015 до 20-ти јули 2016 година, се намалило за 754,2 милијарди долари, на 65 милијарди долари, а на Џеф Незос загубил во истиот период 136 милиони долари и изнесува 65,05 милијарди долари. Од почетокот на годинава Безос заработил 5,4 милијарди долари (+9 отсто), а Бафет 2,7 милијарди (+4,4 отсто).
Џеф Безос е роден во Албакерки во Ново Мексико во 1964 година. Студирал на Универзитетот Принстон и работел на Волстрит, а во 1994 година го покрена Amazon како интернет продавница за книги која многу брзо се прошири. Во 2013 година го купи дневниот весник The Washington Post./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија
Скок на берзите по објавата на Трамп за стопирање на царините

Берзите силно растат по објавата на претседателот на САД, Доналд Трамп, за стопирање на царините.
Брз поглед на тоа како некои клучни индекси на Волстрит пораснале:
Dow Jones порасна за 5,76 отсто
S&P 500 порасна за 6,46 отсто
Nasdaq порасна за 8,04 отсто
Од вчерашното затворање на пазарот, омпаниите од S&P 500 изгубија пазарна вредност од 5,8 трилиони долари од објавувањето на тарифите на Трамп минатата среда. Тоа е најдлабоката загуба од четири дена од основањето на индексот во 1950-тите, според податоците на „ЛСЕГ“.
Економија
Германија тврди дека трговската војна би била штетна и за САД

Италијанската премиерка, Џорџа Мелони, предупреди на опасностите од трговската војна со Соединетите Американски Држави, а сега слично предупредување доаѓа и од Германија.
Германија, најголемата европска економија и трета по големина во светот според податоците на Светската банка, предупредува дека реципрочните тарифи ќе бидат штетни за сите инволвирани страни пред објавувањето на новите царини подоцна денеска од страна на Трамп.
„Трошоците за трговска војна не паѓаат само на едната страна, туку може да станат скапи за двете страни“, рече владиниот портпарол Штефен Хебестрајт.
Тој додаде дека Берлин е „подготвен да преговара на европско ниво со Соединетите Американски Држави“ за да не биде вовлечен во трговска војна.
Германската економија е многу зависна од извозот, особено од возилата и автоделовите. Според податоците на германската влада, минатата година биле извезени приближно 3,4 милиони нови автомобили, од кои околу 13 проценти биле увезени во САД.
Свет
Во Сирија се случува масакр, над 1.000 лица се убиени за 48 часа

Повеќе од 1.000 луѓе, меѓу кои 745 цивили, се убиени во дводневните судири меѓу сириските безбедносни сили и борците лојални на соборениот режим на Башар ал Асад, соопшти Сириската опсерваторија за човекови права.
Според оваа британска организација, во борбите загинале 125 припадници на безбедносните сили и 148 лица лојални на Асад, додека различни проценки укажуваат дека бројот на жртвите може да биде поголем.
Се споменува дека во петокот и саботата биле извршени околу 30 масакри врз алавитите, верската малцинска заедница од која потекнува Асад.
Судирите избија во четвртокот кога борците лојални на соборениот режим на Асад ги нападнаа безбедносните сили во Џаблех, град во крајбрежната провинција Латакија.
Оваа широко координирана офанзива беше најголемиот предизвик за новите сириски власти, кои дојдоа на власт пред три месеци кога опозицијата, предводена од исламистичката група Хајат Тахрир ал-Шам, го собори Асад.
За да го задуши бунтот, сириската влада повика засилување, предизвикувајќи илјадници борци да пристигнат на брегот од сите делови на земјата. Иако официјално е под контрола на новата влада, многу милиции останаа недисциплинирани и обвинети за злосторства во минатото.
Сириската влада призна дека се случиле масовни убиства, но тврди дека „индивидуалните акции“ предизвикале смрт на цивили и дека доаѓањето на голем број борци во крајбрежниот регион довело до кршење на човековите права.
Според Сириската мрежа за човекови права, повеќе од 40 луѓе биле убиени одеднаш во градот Ал Мухтарија, додека на снимката се гледа како борци во безбедносни униформи убиваат луѓе од непосредна близина, принудувајќи ги затворениците да лаат како кучиња и брутално да ги тепаат. Автентичноста на снимката не е независно потврдена.
Латакија, регион со големо население алавити, сектата од која дојде соборениот претседател Асад, стана сцена на убиства од одмазда. Иако повеќето алавити не беа поврзани со режимот на Асад, новата влада вети дека нема да има репресалии против оваа малцинска заедница.
Но, убиствата на стотици алавити во последните денови предизвикаа бран страв меѓу членовите на религиозната група. Жител на градот Снобар во Латакија опиша како вооружени напаѓачи убиле најмалку 14 негови соседи од семејството Арис, меѓу кои и 75-годишен татко и неговите три сина, егзекутирани пред очите на нивната мајка.
„Откако ги убиле таткото и синовите, ѝ рекле на мајката да го извади златото или ќе ја убијат и неа“, рекол мажот кој побарал анонимност од безбедносни причини.
Друг жител на Латакија рече дека нема струја и вода повеќе од 24 часа и дека луѓето се плашат да ги напуштат своите домови поради милитантите кои ги убиваат сите на патот.
„Тела се расфрлани по улиците. Ова е колективна казна“, вели тој.
Претставникот на ОН за Сирија Геир Педерсен повика на заштита на цивилите, додека Франција го осуди насилството врз цивилите „поради нивната религија“.
Француското Министерство за надворешни работи ги повика сириските власти да обезбедат независна истрага за масакрите и да ги казнат одговорните.
Групите за човекови права предупредија дека вистинската посветеност на транзициската правда и инклузивната влада е клучна за да се спречи Сирија да се врати во насилство.
Новата сириска влада се очекува овој месец да го објави составот на новиот кабинет, кој ќе биде внимателно проверен за да се утврди дали ја одразува верската и етничката разновидност на земјата, особено по овој бран насилство.
Сирискиот лидер Ахмед ал-Шара повика на мир и национално единство по повеќедневните судири меѓу безбедносните сили и лојалистите на поранешната влада во кои загинаа повеќе од 1.000 луѓе, повеќето од нив цивили.
„Мораме да го зачуваме националното единство и граѓанскиот мир колку што е можно повеќе и, ако даде Бог, ќе можеме да живееме заедно во оваа земја“, рече Шара во говор одржан од џамија во Дамаск.