Црна хроника
Српскиот државјанин осомничен за убиството во Охрид се товари и за недозволено користење на наркотици
Српскиот државјанин кој е осомничен за убиството што се случи на Нова година во Охрид се товари и за недозволено користење на наркотици.
СВР Охрид поднесе кривична пријава против 29 – годишен српски државјанин поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „овозможување на употреба на наркотична дрога“. Се работи за лицето Бојан У. кој е осомничен за убиството на охриѓанецот Димитар Матилоски (27) што се случи на Нова година.Како што информираат од министерството за внатрешни работи, на 31- ви минатата година пријавениот бил сместен во вила во Охрид, заедно со уште две лица од Србија и на истите им овозможил уживање на амфетамин.Бојан У. се наоѓа во притвор во Скопје, а против него Јавното обвинителство поднесе кривична пријава за „свирепо убиство“, за немилиот настан што го потресе Охрид во новогодишната ноќ.Лицата пак кои се опфатени со денешната пријава на полицијата како уживатели на наркотични средства, се истите кои истражните органи ги товарат за помагање на првоосомничениот за убиството што вечерта на Нова година се случи на улицата „Цар Самоил“ во Охрид. Исто така и нив им беше изречена мерка притвор. Употребата на наркотични средства фрла нова светлина на случајот во кој до смрт беше претепан 27-годишниот охриѓанец./крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Претепал сограѓанин и му се заканувал со пиштол пред кафеана, приведен жител на Грчец
Триесет и деветгодишниот З.Ф. од селото Грчец, скопско, бил приведен во текот на денешниот ден поради напад пред угостителски објект на подрачјето на општина Сарај.
Претходно, на 7 февруари, тој со тврд предмет физички го нападнал 47-годишниот Р.З., исто така од Грчец, а потоа му се заканувал и со пиштол, јави МВР.
По целосно документирање на случајот, против З.Ф. ќе биде поднесена пријава.
Црна хроника
Запалени „порше“ и „форд ренџер“ во Батинци, известен е обвинител
Во раните утрински часови во селото Батинци, општина Студеничани, избувнал пожар во кој биле опожарени две возила – патничко возило „порше“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на 47-годишниот Џ.И. од Батинци, и товарно возило „форд ренџер“, сопственост на правен субјект.
Случајот бил пријавен во 02:15 часот во СВР Скопје. Пожарот го изгаснала екипа од Бригадата за противпожарна заштита на Скопје. Во инцидентот нема повредени лица.
Известен е јавен обвинител и се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Фото: илустрација (depositphotos)
Црна хроника
Автомобил излета од патот кај Маврово: скопјанка тешко повредена, сопатникот се здобил со полесни повреди
Седумдесет и тригодишна скопјанка е тешко повредена, а возачот со кој патувала се здобил со телесни повреди, откако нивното возило излетало од коловозот на патот Маврови Анови – Дебар, кај гостиварското село Скудриње.
Несреќата се случила на 7 февруари 2026 година, околу 9 часот наутро, кога патничко возило „опел зафира“ со скопски регистарски таблички, управувано од Ј.М. од Скопје, излетало од патот. Повредените се префрлени во Ургентниот центар во Охрид, каде кај сопатничката биле констатирани тешки телесни повреди.
Извршен бил увид.

