Црна хроника
Дедо Љубе очекува правдата да победи, судењето одложено
Сметам дека правдата ќе победи. Јас го преживеав ова и се надевам дека судот ќе ја најде вистината за тоа што ми се случи, рече дедо Љубе пред насобраните граѓани пред Основниот суд во Куманово на почетокот на судскиот процес против него.
Судењето, како што пренесува Телеграф, беше одложено откако адвокатите на дедо Љубе побараа да се повтори истрагата за точно утврдување на тоа што се случило на 27-ми февруари 2013 година во домот на старецот и неговата сопруга во село Којково, каде биле нападнати од разбојници.Семејството и дедо Љубе ги ополномоштија адвокатите Христијан Георгиевски од Куманово и Жарко Стефаноски од Прилеп.„Одбраната сметаше дека постојат сè уште битни факти кои треба да се утврдат, а од кои зависи самото обвинение и неговото подигнување, вклучувајќи ја тука и правната квалификација. Овој предлог беше внимателно разгледан од Кривичниот совет, беше усвоен и постапката ќе се врати во фаза на истрага“, рече адвокатот Георгиевски.Обвинителството го гони за три кривични дела: убиство на миг, убиство во обид и неовластено држење оружје.Инцидентот се случи пред две години, кога во домот на Љубoмир Митев и неговата сопруга, во кратовското село Којково, според кажувањата на дедо Љубе, ги нападнале двајца разбојници кои ги измачувале и сакале да ги ограбат. Но, дедо Љубе успеал да се ослободи и застрела еден од разбојниците.Дедо Љубе доби голема поддршка на социјалните мрежи преку кои се бара слобода за старецот./крај/мф/
Извор: Фото: Дневник
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Камион удри во крава на патот Крива Паланка – Куманово
Камионџија од Бугарија усмрти крава на патот Крива – Паланка – Куманово.
Според информациите на МВР, вчера во 18:00 часот во ОВР Крива Паланка e пријавено дека на магистралниот пат Крива Паланка – Куманово, во село Жидилово, кривопаланечко, товарно возило „мерцедес“, управувано од Е.М.С.(59) од Бугарија, удрило во домашно животно – крава, по што животното починало, а тој со возилото го напуштил местото.
По преземени мерки Е.М.С. бил пронајден и против него ќе следува соодветна пријава. Увид извршила екипа од ОВР Крива Паланка.
Црна хроника
84-годишна битолчанка измамена за сума од 9.600 евра
Осумдесет и четиригодишна битолчанка пријавила во полицијата дека била измамена од едно лице за сума од 9.600 евра.
„Според пријавеното, претходно лицето ѝ се јавило, се претставило како лекар и ѝ кажало дека нејзината ќерка се здобила со скршеници и било потребно да се направи итна операција, за што требало да плати. Како што е пријавено, таа ги дала парите на едно лице кое дошло пред нејзината зграда, а откако подоцна се слушнала со нејзината ќерка сфатила дека е измамена“, велат од МВР.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Фото: Depositphotos
Црна хроника
Скопјанец нашол паричник во Струга, ги потрошил парите, па пазарел и со картичката, МВР го пронајде
Полицијата во Струга поднесе кривична пријава против П.П. (41) од Скопје, со привремено живеалиште во Струга, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем“.
Тој, во угостителски објект во Струга пронашол паричник сопственост на лице од струшко село, по што со парите а потоа и со банкарска платежна картичка, на повеќе продажни места, неовластено извршил плаќање за свои потреби.

