Црна хроника
Екстрадиран осомничен од полициската акција „Чекан“
Министерството за внатрешни работи во соработка со хрватската полиција екстрадираше осомничен од полициската акција „Чекан“, кој како дел од криминалната група од Гостивар се товари за изнуда, лихварство, перење пари и злосторничко здружување.
Четириесет и четиригодишниот гостиварец беше уапсен на граничниот премин Бајаково на 10 јануари по распишана меѓународна потерница од страна на Интерпол и беше спроведен во ектрадиционен притвор во Хрватска. По завршувањето на екстрадиционата постапка осомничениот бил преземен на аеродромот во Загреб и спроведен во затвор Скопје по претходно одредена мерка притвор во траење од 30 дена.Криминална група организирана од страна на пет лица меѓу кои и сега екстрадираниот гостиварец започнала да делува во континуитет од 2008 година, претежно на територијата на општина Гостивар при што мотивот бил стекнување на противправна имотна корист со извршување на повеќе кривични дела, а така стекнатата имотна корист ја пуштале во легалниот платен промет, за што користеле голем број на сопствени фирми, банкарски сметки, вложувајќи во недвижности и во превозни средства, стекнување на недвижен имот, како и давање на незаконски позајмици на физички и правни лица, притоа пресметувајќи им високи-лихварски месечни камати. За враќањето на позајмиците бил вршен притисок при што користени се сериозни вербални закани и физички напади врз оштетените. Инаку од страна на Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал беше поднесена кривична пријава против 19 физички како и едно правно лице, додека пак во продолжение на акцијата “Чекан“ беше поднесена кривична пријава и против полициски службеник и Командир на полициската станица Гостивар. /крајј/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Стружанец објавувал експлицитна содржина од малолетничка
Полицијата во Тетово поднесе кривична пријава против А.А.(41) од Струга, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на лични податоци“ и „производство и дистрибуција на детска порнографија“.
Пријавениот, на социјална мрежа, објавил фотографии и видео снимки со експлицитна содржина од женско лице, кое во тоа време било малолетно.
Црна хроника
Жена од Гевгелија измамила Грк дека е од Царина и му зела 2.000 евра
Полицијата поднесе кривична пријава против М.Ј.(46) од Гевгелија, поради измама.
„Пријавената, на 13 септември на царинскиот терминал на Граничниот премин „Богородица“, го довела во заблуда грчкиот државјанин К.Г.К., на начин што лажно се претставила дека е застапник во царински постапки и лажно му прикажала факти дека сторил тежок царински прекршок, поради што ќе биде задржан на македонско-грчката граница од страна на царинските власти и му побарала 2.000 евра, за да му помогне, на што се согласил“, објави МВР во дневниот билтен.
Црна хроника
Демолиран изборен штаб во Конче
Г.Г.(45) од село Дедино, општина Конче, пријавил во полицијата дека ноќта помеѓу 24 и 25.04.2024 во времето од 22.00 до 06.00 часот било скршено стакло на објект во село Дедино, кој се користел како штаб на кандидат за претседател на државата.
Увид на местото извршила екипа на ОВР Радовиш и се преземаат мерки за расчистување на случајот.