Надворешна политика
Иванов – Матарела: Без Балканот ЕУ не може да биде целосна
Италија е пријател и поддржувач не само на Македонија, туку на целиот наш регион, затоа што без Балканот, Европската унија (ЕУ) не може да биде целосна, изјави претседателот Ѓорге Иванов, по средбата со претседателот на Италија, Серџо Матарела, посочувајќи дека двете држави ги поврзува традиционално пријателство и дека италијанскиот претседател одлично ги познава состојбите на Балканот.
Италија е пријател и поддржувач не само на Македонија, туку на целиот наш регион, затоа што без Балканот, Европската унија (ЕУ) не може да биде целосна, изјави претседателот Ѓорге Иванов, по средбата со претседателот на Италија, Серџо Матарела, посочувајќи дека двете држави ги поврзува традиционално пријателство и дека италијанскиот претседател одлично ги познава состојбите на Балканот.
На средбата било разговарано и за статус-кво состојбата во однос на македонското членство во НАТО, како и за блокадите со кои се соочува Македонија.
„Во однос на НАТО беше искажана цврстата определба дека Италија ќе продолжи да ја поддржува Македонија, затоа што Македонија го заслужува членството, со сето она што го прави досега и што досега го има превземено“, изјави македонскиот претседател.
Во тој контекст, италијанскиот претседател Матарела покрај силна поддршка во однос на европските и евроатлатските интеграции на Македонија, искажал и разбирање дека политичките кризи со кои се соочува Македонија се резултат на блокадите на патот на кон евроинтеграциите.
„Претседателот Матарела јасно го искажа неговиот став дека Италија стои зад Македонија и дека прави се со цел Македонија да го добие тоа што го заслужува . Без оглед на тоа што имаме постојано политички кризи, и самите се свесни дека сето она што и се случува на Македонија е резултат и на постојаните блокади кои ги имаме на тој пат“, рече Иванов.
На средбата биле разменети мислења и информации и во однос на мигрантската криза и последниот план на претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер. Двајцата соговорници се согласиле дека е потребна заедничка стратегија на ЕУ и координирана меѓународна акција за решавање на проблемот, односно одговорен пристап на земјите кон овој предизвик.
„Италија и самата долг период се соочува со бран на мигранти кои доаѓаат од Африка. Искажавме благодарност затоа што единствената помош која досега како земја во однос на бегалците и мигрантите сме ја добиле, е токму од Италија. Италијанската Влада упати 90 000 евра за Црвениот Крст на Македонија, во поглед на хуманитарната помош што им ја даваме на бегалците и на мигрантите“, изјави Иванов.
Македонскиот претседател истакна дека Италија е петти трговски партнер на Македонија, и дека минатата година е остварена преку 700 милиони долари трговска размена, посочувајќи на присуството на италијанските бизнисмени во Македонија.Во разговорите, претседателот Иванов упатил и покана за посета на Македонија од страна на италијанскиот претседател./крај/мф/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Муцунски во прва работна посета на Брисел на средби со генералниот секретар на НАТО и високи претставници на ЕУ
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, од Луксембург продолжува во прва работна посета на Брисел, во чии рамки ќе се сретне со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, како и високи претставници на Европската Унија.
Во фокусот на разговорите ќе бидат евроинтегративниот процес на државата, реформските процеси, како и активностите во рамките на НАТО, со посебен фокус на претстојниот аамит на алијансата, што ќе се одржи идниот месец во Вашингтон.
Посетата на Муцунски на Брисел на почетокот на мандатот како министер за надворешни работи и надворешна трговија е показател за цврстата определба на земјата за што побрзо членство во Европската Унија и посветениот придонес кон глобалниот мир и регионалната стабилност како кредибилна земја членка на НАТО.
Македонија
Муцунски се сретна со Вархељ: Новата Влада е силно посветена на реформската агенда и европските интеграции
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, се сретна со еврокомесарот за соседство и проширување, Оливер Вархељ, во Луксембург.
Во фокусот на разговорите беа приоритетите и активностите на новата Влада, како и актуелностите поврзани со европското досие на земјата.
„Новата Влада е силно посветена на реформската агенда и европските интеграции, а во периодот што следува ќе преземеме низа активности во насока на забрзување на нашиот евроинтегративен процес. Политиката на проширување на ЕУ е најдобрата алатка за поттикнување на реформските и демократските процеси, но истовремено е и клучна геостратешка инвестиција во мир, стабилност и економски развој на земјите од регионот, но и Европа како целина“, нагласи Муцунски.
Соговорниците разменија мислења и за планот за раст на ЕУ оценувајќи го како силна поддршка од страна на ЕУ за економско зајакнување на земјите од Западен Балкан, поттикнување на регионалната соработка, но и доближување на земјите од регионот поблиску до ЕУ и пред формалното членство.
Македонија
Средба на претседателите на Собранијата на Македонија и Украина, Митрески и Стефанчук
Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Јован Митрески, во рамките на посетата на Киев по повод втората годишнина од почетокот на руската воена агресија врз Украина, оствари средба со претседателот на Врховната рада на Украина, Руслан Стефанчук.
Претседателот Митрески изрази благодарност за поканата и нагласи дека посетата претставува потврда на цврстата и непоколеблива поддршка на Република Северна Македонија за Украина, на сите полиња. Тој нагласи дека уште од самиот почеток силно ја осудуваме руската агресија против Украина, континуирано ја потврдуваме нашата поддршка за украинскиот територијален интегритет, суверенитет и целовитост и изразуваме целосна поддршка на правото на самоодбрана на земјата.
Претседателот на Собранието истакна дека Северна Македонија целосно се приклучи на сите рестриктивни мерки и санкции на ЕУ кон Руската Федерација, ко-спонзорираше бројни резолуции и иницијативи во однос на Украина, а упати и воена и хуманитарна помош за земјата.