Регион
Рама: Грците не се сопственици на православието

Албанскиот премиер Еди Рама изјави дека Грците не можат да се однесуваат како да се сопственици на православието.
Рама реагирајќи на изјави на лидерот на политичкиот субјект на грчкото малцинство во Албанија – Партијата за Човекови права Вангел Дуле кој побара интерпелација во Собранието за рушење на една православна црква во јужна Албанија, рече дека никој не може да биде сопственик на православието, а со тоа ниту Грците.
Има и православни Албанци и таа црква „Свети Атанас“ во Дрмија е албанска, а не грчка, нагласи албанскиот премиер.
Рама го обвини Дуле за политичка злоупотреба на верата.
Од друга страна лидерот на грчката партија Дуле оценува дека Владата намерно ја има рушено оваа црква која според него е грчка./крај/мн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Одземен претседателскиот мандат на Милорад Додик: тој веднаш одговори

Централната изборна комисија на Босна и Херцеговина му го одзеде мандатот на правосилно осудениот претседател на Република Српска, Милорад Додик. Одлуката беше донесена едногласно на денешната седница.
Додик е осуден на една година затвор и шест години забрана за вршење службени функции, потсетуваат медиумите во регионот.
Според Изборниот закон на БиХ, на секој што ќе биде осуден на правосилна затворска казна од шест месеци или повеќе, ќе му биде прекинат мандатот.
Одбраната на Додик има право да поднесе жалба на оваа одлука до Апелацискиот оддел на Судот на БиХ, кој ги разгледува изборните жалби. По завршувањето на жалбената постапка, одлуката ќе биде конечна, објавува „Кликс“.
По тоа, ЦИК, во законскиот рок од 90 дена, мора да распише предвремени избори за претседател на ентитетот РС.
„Уште едно срa*е од Сараево. Последното“, напиша Додик на „Икс„ по одлуката на ЦИК.
Додик претходно објави дека додека е претседател на РС, нема да дозволи предвремени избори.
Суад Арнаутовиќ, член на Централната изборна комисија на БиХ, изјави дека поради разните толкувања на правните експерти, постојат сомнежи за постапките на ЦИК по пресудата на Додик.
„Донесуваме декларативна одлука според одредбите од законот. Како што е случајот според член 1.10 од Изборниот закон, кога некој ќе почине, кога некој ќе поднесе оставка и кога некој ќе биде осуден. Ние дејствуваме според силата на законот, нема можност ЦИК да не ја спроведе оваа одлука“, рече Арнаутовиќ.
Исто така, ЦИК побара од надлежните полициски органи да обезбедат полициска заштита на своите членови откога биле под притисок пред наведената одлука, пишува „Н1 БиХ“.
Инаку, Додик од 2010 година трипати ја извршуваше функцијата претседател на РС, со исклучок на периодот од 2018 до 2022 година кога беше член на Претседателството на БиХ, пишува „Дневни аваз“.
Фото: принтскрин
Регион
Додик по одземање на мандатот: Уште едно с**** од Сараево

Централната изборна комисија на БиХ (ЦИК) денес му го одзеде мандатот на Милорад Додик како претседател на Република Српска, врз основа на конечна пресуда на Судот на БиХ, со која тој беше осуден на една година затвор за неспроведување на одлуките на високиот претставник на меѓународната заедница.
ЦИК едногласно му го одзеде мандатот на Додик (66) како претседател на ентитетот, на седница одржана во Сараево, заклучувајќи дека тоа е во согласност со одредбите од Изборниот закон на БиХ, кој предвидува таква мерка за секој избран функционер осуден на затворска казна од повеќе од шест месеци.
Додик сè уште има можност да поднесе жалба на оваа одлука, која може да ја поднесе до Апелациониот оддел на Судот на БиХ, што е механизам што се применува во случаите на сите одлуки на ЦИК на БиХ.
Конечната пресуда на Судот на БиХ, објавена на 1 август, исто така му забрани на Додик политичка активност во период од шест години. Во пракса, ова значи дека тој не може да биде кандидат на избори за која било функција или да биде назначен на која било позиција во органите на извршната, законодавната или судската власт, или во која било институција чија работа е целосно или делумно финансирана од јавни средства.
Доколку сака да ја продолжи својата политичка кариера, Додик ќе може да го стори тоа дури откако ќе наполни 72 години, откако суверено ги управуваше политичките процеси во РС речиси две децении, доведувајќи го во прашање опстанокот на БиХ како држава, поради што беше под санкции од САД, Велика Британија и некои земји-членки на ЕУ.
Тој не мора нужно да оди во затвор бидејќи може да побара оваа казна да се замени со парична казна со плаќање на 100 конвертибилни марки, или 50 евра, во државниот буџет за секој ден што го поминува зад решетки. Таквото барање мора да биде одобрено од судот што ја донел пресудата.
Изборниот закон на БиХ предвидува нови избори да се распишат во рок од 90 дена по завршувањето на мандатот на претседателот на РС, но уставот и законите на ентитетот не утврдиле прецизно кој ќе ја извршува претседателската функција во меѓувреме.
Веднаш по изрекувањето на пресудата, првата лута реакција на Додик беше дека нема да се повлече од функцијата претседател на РС, ниту пак ќе дозволи предвремени избори или отворање на гласачки места на територијата на тој ентитет.
Још једно срање из Сарајева.
Посљедње.— Милорад Додик (@MiloradDodik) August 6, 2025
„Уште едно срање од Сараево. Последното“, напиша тој на X.
Фото: ЕПА
Регион
Српскиот министер кој доживеа мозочен удар во емисија е свесен, но сè уште е во критична состојба

Министерот за јавни инвестиции на Србија, Дарко Глишиќ, се разбуди по операцијата поради мозочен удар и е свесен, но има тешкотии со говорот, објавија медиумите.
Министерот сè уште е во опасност.
Глишиќ вчера утрото доживеа мозочен удар за време на гостувањето во живо на ТВ Пинк, а како што најави министерот за здравство Златибор Лончар по операцијата во Клиничкиот центар на Србија, следните 24 часа се клучни.
„Операцијата е завршена, траеше подолго од очекуваното, но најважно е што она што сакавме да го постигнеме со процедурата беше успешно. Исклучително комплицирана операција, работеа неколку тима, имаше и тромб и крварење, интубиран е, на респиратор и на одделението за интензивна нега, каде што борбата за неговиот живот ќе продолжи. Најважно за нас беше да ја решиме блокадата на крвниот сад, тоа е крвниот сад што ја пренесува крвта до мозокот, говорниот центар, а без тоа, немаше да има шанси. Има уште еден сад кој исто така беше проширен и во него има тромбна маса, која крвареше. Тоа беше нашата главна задача, да го решиме тоа. Следува период кога неговото тело мора да се бори и да се справи со она што го доживеал. Се јави навреме и тоа беше направено во првите неколку часа“, рече Лончар.
Тој додаде дека министерот сè уште е во сериозна состојба.
„Мораше да биде интубиран, на респиратор. Сè уште е на интензивна нега, на респиратор. Следува сериозна борба. Луѓето кои работеа, нашите експерти се задоволни. Извршени се интервенции кои се изведуваат во неколку центри во светот. Причината е елиминирана, но ќе видиме како ќе реагира неговото тело. Не ме прашувајте за прогнозата, се бориме час по час, наша работа е да го правиме она што медицината го знае“, рече Лончар.