Надворешна политика
Ахмети: Иднината на регионот е интеграција во НАТО и ЕУ

Претседателот на ДУИ Али Ахмети во четвртокот оствари средба со амбасадорката на Босна и Херцеговина (БиХ) во земјава, Лепа Бабиќ, пришто двајцата разговараа околу политичката ситуација во Македонија и во регионот, преговорите за спроведување на договорот од 2-ри јуни и 15-ти јули, Охридскиот договор и евроатланските интеграции.
Ахмети повтори дека клучните делови од договорот веќе се одобрени во Собранието, додека и останатите прашања треба да бидат завршени во најкраток рок. Ахмети ја запозна амбасадорката со фактот што ДУИ има воспоставено дијалог со медиумите на албански јазик и ги усогласиле позициите во преговорите за да се овозможи целосна слобода на медиумите, но и општествена одговорност.
Ахмети истакна дека спроведувањето на обврските на договорот во јуни го отвора патот да се фокусираат напорите за решавање на споровите со соседите кој овозможува членство во НАТО и почеток на преговори со ЕУ, но исто така ја стабилизира и внатрешната ситуација помеѓу двете етнички заедници. Претседателот на ДУИ исто така ја поздравил одлуката на Алијансата за покана на Црна Гора да стане полноправна членка на НАТО.
Само ова е иднината на нашиот регион, целосно интегрирање во НАТО и во ЕУ, порачал Ахмети.
Во однос на рамковниот договор, Ахмети го потенцирал значењето на анализата на овој мировен документ и ги нагласил очекувањата сите партии да придонесат за реализација на обврската што произлегува од Извештајот за напредокот и одлуките на Владата./крај/мф/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Муцунски во прва работна посета на Брисел на средби со генералниот секретар на НАТО и високи претставници на ЕУ

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, од Луксембург продолжува во прва работна посета на Брисел, во чии рамки ќе се сретне со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, како и високи претставници на Европската Унија.
Во фокусот на разговорите ќе бидат евроинтегративниот процес на државата, реформските процеси, како и активностите во рамките на НАТО, со посебен фокус на претстојниот аамит на алијансата, што ќе се одржи идниот месец во Вашингтон.
Посетата на Муцунски на Брисел на почетокот на мандатот како министер за надворешни работи и надворешна трговија е показател за цврстата определба на земјата за што побрзо членство во Европската Унија и посветениот придонес кон глобалниот мир и регионалната стабилност како кредибилна земја членка на НАТО.
Македонија
Муцунски се сретна со Вархељ: Новата Влада е силно посветена на реформската агенда и европските интеграции

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, се сретна со еврокомесарот за соседство и проширување, Оливер Вархељ, во Луксембург.
Во фокусот на разговорите беа приоритетите и активностите на новата Влада, како и актуелностите поврзани со европското досие на земјата.
„Новата Влада е силно посветена на реформската агенда и европските интеграции, а во периодот што следува ќе преземеме низа активности во насока на забрзување на нашиот евроинтегративен процес. Политиката на проширување на ЕУ е најдобрата алатка за поттикнување на реформските и демократските процеси, но истовремено е и клучна геостратешка инвестиција во мир, стабилност и економски развој на земјите од регионот, но и Европа како целина“, нагласи Муцунски.
Соговорниците разменија мислења и за планот за раст на ЕУ оценувајќи го како силна поддршка од страна на ЕУ за економско зајакнување на земјите од Западен Балкан, поттикнување на регионалната соработка, но и доближување на земјите од регионот поблиску до ЕУ и пред формалното членство.
Македонија
Средба на претседателите на Собранијата на Македонија и Украина, Митрески и Стефанчук

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Јован Митрески, во рамките на посетата на Киев по повод втората годишнина од почетокот на руската воена агресија врз Украина, оствари средба со претседателот на Врховната рада на Украина, Руслан Стефанчук.
Претседателот Митрески изрази благодарност за поканата и нагласи дека посетата претставува потврда на цврстата и непоколеблива поддршка на Република Северна Македонија за Украина, на сите полиња. Тој нагласи дека уште од самиот почеток силно ја осудуваме руската агресија против Украина, континуирано ја потврдуваме нашата поддршка за украинскиот територијален интегритет, суверенитет и целовитост и изразуваме целосна поддршка на правото на самоодбрана на земјата.
Претседателот на Собранието истакна дека Северна Македонија целосно се приклучи на сите рестриктивни мерки и санкции на ЕУ кон Руската Федерација, ко-спонзорираше бројни резолуции и иницијативи во однос на Украина, а упати и воена и хуманитарна помош за земјата.