Црна хроника
Затвореник починал во затворот во Струга
Затвореник од Битола, утрово починал во ќелија во затворот во Струга, јавува Охридњус.
Информацијата ја потврди управата на струшкиот затвор, како и полицијата.Врз телото на починатиот не биле забележани траги на насилство, а обдукцијата треба да ги утврди причините за смртта. Триесет и шестгодишниот затвореник бил регистриран наркозависник и се претпоставува дека починал од срцев удар.Затвореникот пред една година од Идризово бил префрлен во затворот во Струга на доиздржување на казна затвор за сторено кривично дело./крај/мф/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Казни за 114 возачи во Скопје, 13 без возачка
Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (03.06.2024) продолжи со контролите во областа на сообраќајот.
На територија на град Скопје изречени се вкупно 114 мерки, меѓу кои за возење без возачка дозвола 13 санкции, седум мерки за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл, шест санкции за користење мобилен телефон при возење.
Изречени се четири мерки за некористење сигурносен појас, пет санкции за непрописно престројување при возење.
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови, најави МВР и апелира до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за посигурни патишта.
Црна хроника
Тепачка во затворот „Идризово“: вработен бил нападнат од негов колега
Вработен во затворот „Идризово“ во полиција пријавил дека бил нападнат од негов колега.
Имено, утрово во 01.55 часот, А.Р.(26) од с.Студеничани, скопско, вработен во Казнено – поправната установа Затвор Идризово, пријавил дека на 02.06.2024 околу 19.30 часот на работното место во установата бил физички нападнат од неговиот колега Х.Х. од Скопје.
Полицијата соопшти дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Тепачка во Скопје: неколку лица биле нападнати со тврди предмети
Вчера во 14.00 часот во СВР Скопје, Д.С.(18) од Скопје пријавил дека на 31.05.2024 околу 00.20 часот на подрачјето на Гази Баба, тој и С.Р.(19), В.П., Ѓ.Н. и Б.М.С., сите од Скопје, биле физички нападнати од неколку лица, кои употребиле тврди предмети.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот, соопшти полицијата.