Контакт

Свет

Коен: ECB би требала да започне да купува државни обврзници

Објавено пред

Европската централна банка (ЕЦБ) би требало да започне да откупува државни обврзници за да поттикне раст на ниската инфлација во еврозоната и да ја подобри довербата на инвеститорите, изјави Лук Коен, член на советот на ЕЦБ.

dobivaj vesti na viber

 

 

Гувернерот на белгијската централна банка во интервју за весникот La Libre Belgique изјави дека ЕЦБ веќе предолго чека и дека таквиот потег би помогнал да се поттикне економската активност во 18-члената еврозона и да се сузбијат дефлацијските притисоци.

 

„Во тој контекст, откупот на држвни обврзници би можел да се покаже како ефиканса алатка“ рече Коен.

 

Тој смета дека челниците на ЕЦБ од почетокот на годината систематски го потценувале влијанието на инфлацијата. Во еврозоната инфлацијата веќе со месеци се движи на исклучително ниско ниво од 0,3 до 0,4 отсто, што од ЕЦБ е нарекувано „опасна зона“, додека нејзина цел е да поттикне раст на потрошувачките цени кон два отсто.

 

„Доколку на почетокот на годината инфлацијата биде негативна и упаднеме во дефлациска спирала, влијанието на однесувањето на домаќинствата и претприемачите би можело да биде многу негативно“, рече Коен./крај/



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија

Светските берзи паднаа поради заканата на Трамп за ЕУ

Објавено пред

На светските берзи цените на акциите паднаа минатата недела бидејќи инвеститорите беа загрижени за намалувањето на кредитниот рејтинг на САД, а на пазарите негативно влијаеа и новите закани на Вашингтон за зголемување на царините за увозот од Европската унија.

dobivaj vesti na viber

На Волстрит минатата недела, Dow Jones се лизна за 2,5 отсто, на 41.603 поени, додека S&P 500 падна за 2,6 отсто, на 5.802 поени, а индексот Nasdaq 2,5 отсто, на 18.737 поени.

Од самиот почеток на неделата индексите беа во минус бидејќи агенцијата Мудис го намали кредитниот рејтинг на САД од Ааа на Аа1 поради големиот дефицит на федералниот буџет, високите финансиски трошоци и планираните даночни намалувања.

Јавниот долг на САД е околу 36.200 милијарди долари, а може да се зголеми за уште 3.800 милијарди во следните десет години бидејќи претседателот на САД Доналд Трамп има намера да ги намали даноците. Поради ова, приносите на државните обврзници значително се зголемија, што значи дека владата мора да се задолжува по повисока цена.

Намалувањето на даноците веројатно би ја стимулирало потрошувачката и би го поддржало економскиот раст, но од друга страна, јавниот долг би се зголемил доколку не се намалат државните трошоци. И намалувањето на федералните трошоци, што е еден од приоритетите на Трамп, не оди толку глатко како што најави претседателот. Освен тоа, се чини дека проектот не е доволно добро подготвен.

Сепак, на крајот на неделата, приносите на обврзниците донекаде се стабилизираа, откако Претставничкиот дом на Конгресот тесно го поддржа предлог-законот на Трамп за даночни намалувања, па се уште се чека поддршката од Сенатот.

Но, во петокот, Трамп повторно ги потресе пазарите заканувајќи ѝ се на Европската унија со царини од 50 отсто од 1 јуни, бидејќи не е задоволен од тоа како напредуваат трговските разговори меѓу САД и ЕУ.

И на повеќето европски берзи цените на акциите паднаа минатата недела. Додуша, лондонскиот FTSE индекс зајакна за 0,4 отсто, на 8.717 поени, но франкфуртски DAX се лизна за 0,6 отсто, на 23.629 поени, а париски CAC 1,9 отсто, на 7.734 поени.

Прикажи повеќе...

Економија

Макрон: Албанија за 2 години ќе биде во ЕУ, дојдете и инвестирајте

Објавено пред

Францускиот претседател Емануел Макрон од Тирана упати силна порака до странските инвеститори, повикувајќи ги да дојдат и да вложуваат во Албанија, за која изрази убеденост дека „за две години ќе биде дел од Европската унија“.

dobivaj vesti na viber

Изјавата беше дадена на економскиот форум „Приоритет Европа“, организиран од Институтот „Иницијатива за идни инвестиции“ на Ричард Атијас, кој има за цел да ги поврзе европските лидери и иноватори со големи инвестициски фондови од Блискиот Исток, Азија и САД.

„Албанија е влезна точка за регионот на Балканот и медитеранскиот басен. Европа е стабилно и доверливо место. Во овој луд свет, да не ја потценуваме силата на таквите квалитети“, порача Макрон.

Тој додаде дека премиерот Еди Рама има јасен мандат и посветеност Албанија да ја внесе во ЕУ до 2027 година, а според Макрон, тоа би можело да се случи дури и порано – за две години.

Премиерот Рама, пак, изјави дека неговата земја ги започна преговорите со Европската Унија во 2022 година и дека ако ги завршат сите задачи добро, ќе може да ги затворат преговорите до 2027 година. Ова според Рама би било навистина неверојатно.

Прикажи повеќе...

Свет

Пресврт во трговската војна – САД побараа разговори со Кина

Објавено пред

Од

Соединетите Американски Држави се обратија до Кина за да побараат разговори за царините од 145 проценти што ги воведе претседателот Доналд Трамп, а вратата на Пекинг е отворена за разговори, соопшти утрово кинеското Министерство за трговија сигнализирајќи потенцијално ублажување на трговската војна.

dobivaj vesti na viber

„САД треба да бидат подготвени да преземат мерки за да ги исправат погрешните практики и да ги откажат едностраните царини“, соопшти Министерството за трговија додавајќи дека Вашингтон мора да покаже искреност во преговорите.

„Обидот да се искористи разговорот како изговор за принуда и изнуда нема да функционира“, соопшти Министерството за трговија.

Пекинг отворено го изрази својот гнев поради царините за кои вели дека не може да го запрат подемот на втората по големина економија во светот. Тој го фокусира својот гнев на поттикнување на јавната и глобалната осуда на американските ограничувања за увоз.

„Кина сака да се сретне и да разговара за трговија, а разговорите ќе следуваат набргу“, изјави синоќа американскиот државен секретар Марко Рубио за „Фокс њуз“.

„Нашиот министер за финансии Скот Бесент е вклучен во овие напори и нивните дискусии ќе следуваат набргу“, рече тој додавајќи дека прашањето е колку САД треба да купуваат од Кина во иднина.

Трамп завчера изјави дека верува оти постои многу голема шанса неговата администрација да постигне договор со Кина.

Тој го изјави ова неколку часа откога кинескиот претседател Шји Џјинпинг ги повика официјалните лица да преземат мерки за приспособување кон промените во меѓународната средина, без конкретно да ги спомене САД.

Прикажи повеќе...

Најново

Регион5 часа

Трета жртва од тешката сообраќајка во Сремска Митровица – почина за време на операцијата

Уште едно лице загинало по сообраќајната несреќа што се случи денес во Сремска Митровица, кога автобус се преврте и излета...

Свет8 часа

Трамп: Царината од 100 отсто за кинеска стока не е одржлива, но бев принуден на тоа

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека неговата најавена царина од 100 проценти на кинеска стока не е одржлива, но дека...

Македонија8 часа

Контролорите за летање нема да штрајкуваат, но обвинуваат за незаконска одлука и лоши услови за работа без вода и систем за греење

Струковиот синдикат на контролори на летање на Македонија соопшти дека ќе ја почитува одлуката на Граѓанскиот суд во Скопје со...

Македонија9 часа

Одобрено обвинението против сопственикот на фирмата за обезбедување на „Пулс“

Кривичниот суд информира дека е одобрено и второто обвинение за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, со што предметот преминува...

Топ11 часа

Штитеници во установа за згрижување деца имале сексуален однос пред 12-годишно дете

Вчера во 16:45 часот во СВР Скопје е пријавено дека во август 2025 година во соба во установа за згрижување...

Топ11 часа

Пукање во Ѓорче Петров, жител пријавил дека му е скршен прозорецот од дневната соба, а во куќата нашол две зрна од оружје

Доцна синоќа во 03:00 часот во СВР Скопје, М.Ј.(39) од Скопје пријавил дека околу 02:50 часот, додека бил во неговиот...

Македонија13 часа

Се гледаме во вториот круг, рече Шукова и повика недела да биде празник на демократијата и на слободата на одлучување

Кандидатката за градоначалничка на Скопје од СДСМ, Каја Шукова, ја заокружи кампањата за првиот изборен круг со повик до граѓаните...

Македонија13 часа

Секој изгубен ден во политички престрелки е изгубена можност за Скопје, в недела масовно да излеземе, повика Ѓорѓиевски

На последниот ден од изборната кампања за првиот круг на локалните избори, кандидатот за градоначалник на Скопје од ВМРО- ДПМНЕ,...

Македонија14 часа

Андоновски: Македонија добива современ и сеопфатен план за дигитален развој

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, денеска ја претстави новата Национална стратегија за информатичко-комуникациски технологии – „СМАРТ/МК 2030“, со што,...

Свет15 часа

Нема моќно оружје за Украина: Трамп ја менува приказната по разговорите со Путин

Американскиот претседател Доналд Трамп денес ќе го угости украинскиот претседател Володимир Зеленски во Белата куќа, но има сè повеќе знаци...

Македонија15 часа

(Фото) Министерот за здравство се вакцинира против грип: Апелирам граѓаните навреме да се заштитат

Министерот за здравство Азир Алиу денеска го посети одделението за епидемиологија во Гостивар, каде и тој прими вакцина против сезонскиот...

Европа17 часа

(Видео) Русија: Нападнавме украински аеродром, каде што беа стационирани авиони на НАТО

Руските сили извршија напад врз воениот аеродром во Криви Рих, каде што наводно биле стационирани авиони на НАТО, објави руската...

Свет17 часа

Зеленски реагира на најавениот самит Трамп – Путин: тој денес пристигнува во Белата куќа

Американскиот претседател Доналд Трамп денес е домаќин на украинскиот претседател Володимир Зеленски во Вашингтон за да разговараат за иднината на...

Европа17 часа

(Видео) Трамп: Го прашав Путин дали би имал ништо против ако им дадам неколку илјади „томахавки“ на Украинците

Претседателот на САД, Доналд Трамп, изјави дека за време на разговорот со рускиот претседател Владимир Путин ја споменал можноста Украина...

Регион18 часа

Пицула ја критикува ЕУ за пофалбите што ги дава на Србија: „Наместо тоа, барајте вистински реформи“

Известувачот на Европскиот парламент за Србија, Тонино Пицула, изјави дека претставниците на ЕУ треба да се воздржат од прекумерно фалење...

Свет19 часа

Дописник на Би-би-си: Заборавете на „томахавките“, состанокот Трамп – Путин е ладен туш за Украинците

Доналд Трамп повторно се обидува да ги комбинира дипломатијата и политиката на моќ – овој пат помеѓу Москва и Киев....

Македонија19 часа

Шукова: Време е за резултати, уреден Бутел, нови паркови, подобар превоз и вода за сите

Кандидатката за градоначалник на Град Скопје од СДСМ, Каја Шукова, вчера одржа митинг во Бутел, каде пред жителите порача дека...

Свет1 ден

Трамп по телефонскиот разговор: Ќе се сретнам со Путин во Будимпешта

Американскиот претседател Доналд Трамп денес разговараше по телефон со рускиот претседател Владимир Путин, еден ден пред најавената средба со украинскиот...

Македонија1 ден

МВР со детали: Поткопан е темелот на куќата на Владо Малески, против сторителот ќе биде поднесена кривична пријава

Се огласи полицијата по случајот со уривањето на дел од спомен-куќата на Владо Малески, авторот на текстот на македонската химна....

Македонија2 дена

Очекувам победа во првиот круг, не за да добијам политичка круна, туку за да не се пролонгираат сегашната голгота и хаосот, рече Ѓорѓиевски

Кадидатот за градоначалник на Скопје од ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски, е убеден во победа, а вели дека искрено очекува тоа да...