Скопје
ЈСП ќе превезува граѓани кои сакаат да помогнат на поплавените
Сите граѓани кои сакаат да помогнат во расчистувањето на поплавените домови и улици во скопско, може да се превезат до таму организирано со автобуси на ЈСП.
Поаѓањето на автобусите на ЈСП Скопје кои превезуваат волонтери за помош во поплавените подрачја во Скопје ќе поаѓаат во 9, 12 и 15 часот од следните локации:Ѓорче Петров – пред црквата Св. Петар и Павле; продолжува кон Карпош – спроти City Mall; продолжува кон Центар – Југодрво, потоа кон Хотел Континентал (Спроти Општина Гази Баба) и продолжува кон крајната точкаКисела Вода – пред општина Кисела Вода, продолжува кон Аеродром – на бул. Србија пред ОКТА и продолжува кон крајната точкаБутел – пред стара општина Бутел, продолжува кон црква Св. Јован и продолжува кон крајна точка е Обиколница (Пункт накај Стајковци)Последното враќање е во 19 часот./крај/со/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без вода денеска дел од Центар
Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известуваат дека денеска:
· поради поврзување од стара на нова водоводна мрежа со пречник од ф-200 мм на улицата Тодор Александров бб, од 08:30 часот до завршување на интервенцијата, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од делови од улиците: Тодор Александров, Партениј Зографски и Периша Савелиќ, општина Центар.
Македонија
Дел од Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 10:00 до 12:00 часот, корисниците од дел од улицата Ловќенска, општина Карпош.
Македонија
(Фото) Кисела Вода: Компјутери, принтери и телевизори за училиштата „Рајко Жинзифов“ и „Кирил Пејчиновиќ“
Набавени се компјутери, принтери и телевизори за основните училишта „Рајко Жинзифов“ и „Кирил Пејчиновиќ“ во Кисела Вода, како дел од континуираните активности за унапредување и модернизација на наставниот процес, извести Општината.

„Во периодот кога учениците се на зимски распуст, во училиштата се врши опремување со нова информатичка опрема, со цел второто полугодие учениците да го започнат со поквалитетна настава и полесен пристап до дигитални содржини.

Со оваа инвестиција, општина Кисела Вода уште еднаш ја потврдува својата определба за дигитализација на образованието и создавање современи услови за учење, во чекор со новите образовни стандарди и потребите на учениците“, соопштуваат од Општината.

– Нашата цел е децата да учат во современи и опремени училишта, каде што ќе имаат можност да стекнуваат знаења и дигитални вештини неопходни за нивниот понатамошен развој. Компјутерите, принтерите и телевизорите кои ги обезбедивме во училиштата „Рајко Жинзифов“ и „Кирил Пејчиновиќ“ се уште еден конкретен чекор во таа насока, а учениците по зимскиот распуст ќе бидат пречекани со значително подобри услови за настава, изјави градоначалничката на општина Кисела Вода, Бети Стаменкоска Трајкоска.




