Daily news
И во Бугарија не веруваат на аргументите на Груевски
„Протестот од четвртокот лично за мене беше режиран“, изјави претседателот на Агенцијата Фокус” Красимир Узунов во врска со ситуацијата во Македонија по судирите во парламентот минатиот четврток.
“Беше прашање на време кога ќе се случи она што се случи во четвртокот. И не беше дилема дали ќе бидат натепани пратениците, туку колку и кога”, рече Узунов.
Според него треба да се бара одговор на прашањето кој имал интерес од такво нешто.
Тој коментира дека е неспорно тоа дека граѓанската иницијатива “За заедничка Македонија” се диригира од ВМРО-ДПМНЕ, но дека партијата на Никола Груевски немаше корист од таков судир, кој ги катализираше процесите и го забрза доаѓањето на заменик државниот секретар на САД, кој рече дека треба да се врачи мандатот за да запрат овие деструктивни процеси.
” Груевски ја развлекуваше со процедурални потези работата на парламентот со цел да дојде осми јуни, кога истекува 18-месечниот период на СЈО”, истакна Узунов.
Според него, од друга страна пумпањето на тензиите во земјата работело во корист на ВМРО-ДПМНЕ, кои чекале да помине време за да се заборави интервјуто на Груевски, од што стана јасно дека е подготвен да ги даде истите отстапки на Албанците како Зоран Заев.
Според Узунов процесот што го гледаме во Македонија може да доведе само до еден реален завршеток – физичкото распаѓање на Македонија. За жал процесите водат токму таму – како однесување на политичките лидери, како пораки што се испраќаат за Македонија, како однесување на институциите. Односно оваа политичка криза, која трае веќе две години во Македонија дефинитивно е криза на институциите, недостаток на нивен легитимитет, одлив на мандати, политички расправии и албанизација, додаде тој.
Според него етничките Албанци со нивните четири политички партии во пракса не носат никаква политичка вина или одговорност за тоа.
“Тоа го овозможуваат само и единствено македонските политички партии кои имаат доминантна позиција во парламентот”, рече тој. „Нема опасност од војна во Македонија или меѓуетнички тензии„, смета сосема спротивно Мирослав Ризински – политички аналитичар.
Според него случувањата во Македонија имаат за цел да се блокира формирањето на новата влада.
“Со формирањето на новата влада постои огромна опасност владеечките структури да бидат кривично гонети за сè што правеле во изминатите 10 години”, смета Ризински, додавајќи дека Никола Груевски има две опции – или да остане на власт или да оди во затвор.
Според него вистинската причина за тензиите не е изборот на Талат Џафери за претседател на македонскиот парламент, бидејќи тој веќе два мандата беше министер за одбрана во владата на Груевски.
“Во моментов политичката криза тргнува од македонскиот блок. Етничките Албанци во ниту еден момент не се вклучија во овој конфликт “, смета тој.
„Во моментов во Македонија се случува државен преврат“, тврди европарламентарецот од Бугарија, Ангел Џамбаски.
„Има избори, има резултат, а претседателот го крши Уставот и не ја исполнува обврската да го врачи конечно мандатот”, смета Џамбаски.
Според него претседателот целосно зависи од Никола Груевски и одлучил да ја следи целосно неговата политичка линија. Врз настаните во Македонија, според Џамбаски, влијаат внатрешни и надворешни фактори. Внатрешните се поврзани со неподготвеноста на ВМРО-ДПМНЕ да отстапи од власта, ја држат целата државна администрација и имаат многу што да кријат и од што да се срамат. Од другата страна, пак, нема добри херои.
Опозицијата во лицето на Зоран Заев прави тешки и опасни компромиси со т.н. Албанска платформа “, објасни тој.
Анализата на напаѓачите во македонскиот парламент покажува дека тоа се главно вработени во македонската полиција и армија и раководни лица во други државни претпријатија, коментира историчарот Спас Ташев.
Според него другиот дел се со криминално досие. Според него тешко дека ќе се дојде до нови избори, попрво ќе има европски притисок за прифаќање на сегашните реалности.
“Ова е обид за предизвикување на етничките тензии, што во моментот не постојат, и тоа во однос на Албанците”, изјави Ташев.
“На Груевски му треба време. Тој има проевропски ориентирани пораки, но неговите акции воопшто не ги поддржуваат”, истакна тој додавајќи дека “самиот факт дека тој добива поддршка претежно од Путин, покажува дека оди кон авторитарен тоталитарен режим”. крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Daily news
Награда за „Бизнисот на задоволството“ на фестивалот во САД, кој ги откри Спилберг и Џорџ Лукас
Долгометражниот филм „Бизнисот на задоволството“ на Гоце Цветaновски е добитник на наградата „Сребрено реми“ на „Хјустон интернешнал филм фестивал“ (WorldFest-Houston International Film Festival) во САД.
Овој значаен фестивал, кој постои цели 57 години е еден од најстарите во Америка и најстар во светот за независни филмови. Се гордее со тоа што во својата историја им ги доделил првите награди на легендарни режисери како што се Стивен Спилберг, Џорџ Лукас, Анг Ли, браќата Коен, Ридли Скот, Брајан де Палма, Оливер Стоун, Роберт Родригез, Спајк Ли, Дејвид Линч и уште многу други.
„Ова е голем успех. Да бидеш награден во конкуренција од над 4.000 филмови од 70 држави, е признание кое ја потврдува естетската вредност на филмот. Дефинитивно влеговме во убаво друштво, со оглед на тоа кој се’ е добитник на „Реми награда“ во историјата на фестивалот. И’ честитам на целата екипа којашто допринесе за меѓународниот успех на филмот и едвај чекам сите да се собереме повторно и во септември да го претставиме филмот пред македонската публика.“, рече режисерот Гоце Цветановски.
Наградата е деветта по ред на филмските фестивали во светот, а трета во САД, откако претходно „Бизнисот на задоволството“ го доби признанието за најдобар филм на „Риверсајд филм фестивал“ во Калифорнија и за највпечатлив филм во Седона, Аризона.
Улогите ги толкуваат Муса Исуфи, Слаѓана Вујошевиќ, Исмаил Касуми, Дамјан Цветановски, Осман Ахмети, Елени Декидис, Мендим Муртези, Егзона Салиху, Авни Далипи и Катерина Коцевска, а Цветановски го потпишува и сценариото. Продуценти на филмот се Дритон Рамадани, Богдан Јончевски и Гоце Цветановски.
Снимен е со поддршка на Агенцијата за филм.
Daily news
Прва правна конференција Tres Partes
На 26 декември година во хотелот „Континентал“, со почеток во 10 часот, ќе се одржи првата правна конференција Tres partes, во организација на „Јанаки знае“, а ќе биде поделена во три дела.
Првиот дел е со работен наслов „Дали е потребно укинување на извршителите?”, на кој ќе учествуваат Зоран Василевски, кој ќе ја застапува тезата ПРО укинување на извршителите, извршител Снежана Андреевска, која ќе ја застапува тезата КОНТРА укинување на извршителите и извршител и поранешен судија за извршување, Христо Јованов, кој ќе предава во делот на извршувањето пред да се укинат судиите извршители.
Вториот дел е со работен наслов „Дали се шаблонизира институтот надомест на нематеријална штета“, на која предавачи ќе бидат адвокатката Маруша Митровска, судијката Љубица Колиќ од Основен суд Скопје 2 и судијата Ѓорѓи Радојков од Апелациониот суд Скопје.
Третиот т.н. кривичен дел е со работен наслов „Неприменување на кривично-правните институти“, во кој предавачи ќе бидат адвокатот Јанаки Митровски, Никола Тупанчевски, редовен професор по казнено право при „Јустинијан Први“, Александра Деаноска, вонредна професорка по казнено право при „Јустинијан Први“, и Оља Ристова, судијка при Основниот суд Скопје 1.
Предвиден е и интерактивен дел со публиката преку поставување прашања и коментари од учесниците.
Daily news
Груевски оди во затвор – Апелација му ја потврди казната
Апелациониот суд Скопје, постапувајќи по кривичниот предмет познат во јавноста под името „Тенк“ по одржана јавна седница, донесе пресуда со која му ја потврди двегодишната затворска казна на премиерот Никола Груевски. „Жалбите на обвинетиот Никола Груевски изјавени лично и преку неговите бранители ги одби како неосновани, а првостепената пресуда ја потврди во целост, со што му ги потврди двете години затворска казна“, пишува во соопштението од судот.
Второстепениот суд делумно му ја уважи жалбата на Ѓоко Поповски и му ја намали казната на 4 години и 6 месеци, а во останатиот дел првостепената одлука ја потврди.
За Гордана Јанкулоска за „Тенк“ е издвоена во друга постапка и пресудата за неа, под обвинение дека ја злоупотребила службената положба и го натерала Поповски да го намести тендерот за „мерцедесот“ што го посакал Груевски, ќе биде изречена на 8 октомври.