Топ
Автомобил прегази две деца во Охрид
Осумнаесетгодишник и малолетник од Охрид се тешко повредени кога синоќа на булеварот Железничка во Охрид, автомобил „бмв“ удрил во нив.
„ Е. Н. (45) од село Лабуништа, Струшко, управувајќи патничко моторно возило „бмв“, со струшки регистарски ознаки, удрил во И. У. (18) и во малолетник од Охрид.
Во незгодата тешки телесни повреди добил И. У., кој е пренесен во комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје. На малолетникот му е укажана лекарска помош во болницата „Св. Еразмо“ во Охрид. За настанот е известен јавен обвинител и извршен е увид на местото на настанот“, соопшти МВР.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Страшни детали од поплавите во Босна и Херцеговина, загина трудница, а брачен пар се најдени гушнати
Во страшните поплави кои зафатија делови од Босна и Херцеговина, една од жртвите е и 29-годишна трудница од Јабланица. Брачна двојка е пронајдена гушната во одроните во Доња Јабланица, а според првичните информации почина и уште еден брачен пар од овој крај. Најмалку 21 лице го загуби животот во поплавите во БиХ, од кои 16 се сметаат за исчезнати.
„Најмалку 16 лица од областа на северна Херцеговина во моментов се водат како исчезнати, откако беше потврдено дека исто толку луѓе загинале само на подрачјето на Јабланица“, изјави премиерот на Федерацијата на БиХ, Нермин Никшиќ.
Затрупани се многу куќи, а утринава пристигна и дополнителна механизација.
Во тек е состанок на кризниот штаб за координација на спасувачките активности, а по него треба да се дознаат подетални информации за состојбата на теренот.
Најтешка е состојбата во Долна Јабланица каде се сомнева дека каменолом ја предизвикал трагедијата во населбата која е целосно затрупана со отпад од гранит.с
Свет
Се повеќе мали деца се дебели, предупредува ФАО
Организацијата за храна и земјоделство на Обединетите нации (ФАО) предупреди дека прекумерната тежина кај деца под пет години, анемијата кај жените на возраст од 15 до 49 години и дебелината кај возрасните се во пораст во голем број земји.
Западен Балкан со 10,3 отсто и Кавказскиот регион со 9,1 отсто имаат највисока стапка на прекумерна тежина кај децата до пет години, додека стапката на дебелина кај возрасните исто така се зголемува.
Вредностите на анемијата кај жените на возраст од 15 до 49 години ја надминуваат глобалната проценка од 29,9 отсто во Киргистан со 35,8 отсто, Таџикистан 35,2 отсто и Азербејџан 35,1 отсто.
За да се справат со овие предизвици, сите актери во Европа и Централна Азија треба да се фокусираат на квалитетот на исхраната, осигурувајќи дека сите граѓани имаат пристап до разновидна и урамнотежена исхрана.
Никој не треба да се остави зад себе. Ова мора да биде поддржано со едукативни и кампањи за подигање на јавната свест кои поттикнуваат поздрав и поодржлив избор на храна, се додава во соопштението.
Регион
(Видео) Маж од Јабланица: Спасивме момче чии родители загинаа на лице место, детето беше под ѕид
Аднан Ѓелмо кој во најтешките моменти спаси животи во Јабланица го сподели со Дневни аваз најтешкото искуство во денешниот катастрофален ден во Босна и Херцеговина.
„Еден од најтешките моменти беше кога го извлекувавме тоа момче каде што неговите родители загинаа, за жал, на лице место. Го најдовме детето под тој ѕид, тој момент беше најтежок, низ што тоа дете… Како што слушнавме понатаму, тоа момче се бори за живот, пренесено е во болница, момчето имало седум-осум години“, изјави Ѓелмо за Аваз.
Да потсетиме, според последните информации во Јабланица животот го загубија најмалку 16 лица.