Црна хроника
Автомобил удри во петгодишено дете во Скопје

Петгодишно дете е тешко повредено откако во него вчера удри автомобил „бмв“ на ул.„Методија Митевски“ во Скопје.
Во незгодата пешакот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“, каде што бил пренесен за укажување на лекарска помош.
Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Скопје.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Претрес во Куманово, пронајдена дрога, приведено едно лице

Вчера во 08.30 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишија од слобода Е.А.(31) од Куманово.
При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, пронајдена е марихуана. Тој е приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Две одделни тепачки во Охрид, полицијата најави пријави

Ноќеска во 01.10 часот, полициски службеници од СВР Охрид го лишија од слобода 24-годишниот М.Р. од Охрид затоа што претходно физички го нападнал 26-годишниот М.Р. од Охрид. По документирање на случајот, против напаѓачот ќе биде поднесена соодветна пријава.
Вчера во СВР Охрид е пријавено дека во 23.40 часот пред угостителски објект на улица „Јане Сандански“ во Охрид е нарушен јавниот ред и мир со физички напад извршен од И.М. врз М.Р.(24), двајцата од Охрид.
По документирање на случајот, против напаѓачот ќе биде поднесена соодветна пријава.
Топ
Турски државјанин почина во автобус кој превезувал група туристи кон туристичкиот комплекс „Св. Наум“

Вчера во 11.30 часот во СВР Охрид е пријавено дека во автобус кој превезувал група туристи од Република Турција кон туристичкиот комплекс „Св.Наум“, починал турскиот државјанин И.Х.(64).
Смрт без траги на насилство констатирал лекар од Итна медицинска помош, а увид на местото изврши екипа од СВР Охрид.
По насоки на јавен обвинител, телото на починатиот е предадено на погребално претпријатие.