Црна хроника
Автомобил удри во 71-годишна жена во Делчево
Седумдесет и едногодишна жена е тешко повредена откако во неа удрил автомобил на улицата Методија Митевски Брицо во Делчево.
Инцидентот се случил вчера околу 12:40 часот, а возилот го управувал 33-годишен жител на делчевското село Драмче.
Во незгодата Б.С. се здобила со тешки телесни повреди и била пренесена во Клинички центар – Штип за укажување лекарска помош. Извршен е увид на местото на настанот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Пијан скопјанец паднал од трговски центар: со тешки повреди е пренесен во болница
Синоќа во 20:14 часот во СВР Скопје, од Ургентен центар при Комплекс клиники „Мајка Тереза“ Скопје е пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди е донесен И.Д.(30) од Скопје.
Според пријавеното, тој под дејство на алкохол паднал од висина од трговски центар на подрачјето на Центар во Скопје.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Топ
МВР со детали за убиството во Старата скопска чаршија: загина маж од Турција
Денеска во 01:11 часот во СВР Скопје било пријавено дека пред угостителски објект во Стара скопска чаршија“ бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка, при што две лица се здобиле со повреди од остар предмет.
Полициски службеници излегле на местото и со повреди од остар предмет се пронајдени А.М.Д.(22) од Турција, кај кого во 01:30 часот лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт, и Ч.Е.(23) од Турција, кој е пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување помош.
Полицијата соопшти дека е известен јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Скопјанец повреден од огнено оружје: бил пренесен во болница
Утрово во 03:17 часот во СВР Битола, лекар од Итна медицинска помош Македонски Брод пријавил дека кај нив со повреда на рака од огнено оружје е донесен Н. Н.(52) од Скопје.
Со возило на Итна медицинска помош, тој е пренесен во болницата „Борка Талески“ во Прилеп за укажување на лекарска помош.
Пoлицијата соопшти дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.

