Топ
Бегајќи од полиција, излетал од патот со полн автомобил мигранти: приведени двајца тетовци

Синоќа, на регионалниот пат Удово – Демир Капија, кај местото наречено раскрсница Удово, полицијата привела две лица, кои со автомобил превезувале десет лица мигранти од Сирија.
Според информациите, се работи за М. С. (22) од с. Желино, Тетовско, и А. Џ. (20) од Тетово. А. Џ. се сомничи дека со патничко возило „мерцедес“, со словачки национални ознаки, превезувал 10 лица мигранти од Сирија, а М. С. со патничко возило „мерцедес“, со тетовски регистарски ознаки, бил претходница на возилото на А. Џ..
Имено, околу 16.20 часот, на автопатот А1, кај клучката кај Смоквица, полициски службеници дале знак за запирање на возилото „мерцедес“, со словачки национални ознаки, но возачот не застанал и продолжил со движење. Набргу кај местото наречено раскрсница Миравци возачот изгубил контрола, излетал од коловозот, по што побегнал. Притоа во возилото биле пронајдени 10 лица мигранти од Сирија, кои биле смeстени во Прифатно-транзитниот центар „Винојуг“ во Гевгелија за понатамошна постапка.
По преземените мерки, во 19.20 часот кај Удово лицата биле пронајдени и лишени од слобода, а по целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Милан Радоичиќ призна дека ја организирал групата во Бањска: „Лично ги направив сите подготовки“

Потпретседателот на Српската листа, Милан Радоичиќ, ја презеде целосната одговорност за настаните во селото Бањска на северот од Косово. Неговата изјава за медиумите ја прочита адвокатот Горан Петронијевиќ.
„Ја информирам јавноста дека на 24 септември заедно со моите сонародници дојдов на северот од Косово во регионот на Бањска“, се вели во соопштението на Радоичиќ.
Како што додава, причината за неговото враќање во Косово била „да го охрабри народот во отпорот против режимот на Аљбин Курти“.
Радоичиќ во својата изјава истакна дека нема помош од властите во Белград ниту, пак, ги информирал за своите намери бидејќи веќе се разделиле за одредени позиции.
На прашањето на новинарот „N1“ дали знае каде е Милан Радоичиќ и зошто се крие од јавноста, Петронијевиќ рече дека Радоичиќ не се крие.
„Ги информирам сите дежурни прогонувачи на српскиот народ дека лично ги направив сите логистички подготовки за одбрана на српскиот народ од окупаторите и овој чин нема никаква врска со мојата претходна политичка инволвираност. За ова не известив никого од српските власти или локални структури ниту, пак, добив помош од нив бидејќи дотогаш веќе имавме разлики во мислењата“, се вели во писмената изјава на Радоичиќ.
Тој изјави и дека Србите во Косово во неколку наврати се повлекувале без да постигнат видлив резултат, што, според неговото толкување, приштинската страна не го сфатила како добра волја и создавање предуслови за преговори, туку како слабост.
Македонија
Млекото со афлатоксин се враќа во Србија, Трипуновски лажно шири паника, велат од АХВ

Неосновано ширење паника и доведување на граѓаните во заблуда е последната објавена вест на Цветан Трипуновски, претседател на Комисија за земјоделство, шумарство и водостопанство на ВМРО-ДПМНЕ, дека на рафтовите во продавниците се пласирани над 20 тони трајно млеко по потекло од соседна Србија кај кое лабораториски е детектирано присуство на афлатоксин М1 над максимално дозволените концентрации. Граѓаните да бидат спокојни, „канцерогено“ млеко со афлатоксин по потекло од Србија, како што тврди Трипуновски, на полиците во маркетите нема. Денес, со согласност на извозникот, од граница тоа се враќа во Република Србија во согласност со законски дефинираните процедури, велат од Агенцијата за храна и ветеринарство.
„За да нема идни шпекулации и замајувања на јавност, дека граѓаните во земјата пијат небезбедно млеко со афлатоксин, одговорно тврдиме дека со цел спречување на ризикот за јавното здравје, поради утврдено зголемено присуство на афлатоксин М1, во сила е решението за безбедносни мерки при увоз на млеко, производи од млеко и храна за исхрана на животни од 1 декември минатата година, кое го донесе Агенцијата за храна и ветеринарство. Со него се врши задолжително лабораториско тестирање на присуство на афлатоксин М1 на секоја пратка со млеко и производи од млеко што се увезува во земјата, а е по потекло од Република Србија или од Босна и Херцеговина“, информираат од Агенцијата.
Според нив, мостри се земаат на граничните премини, односно пратките не се пуштаат во промет до добивање задоволителен резултат од тестирањата.
„Оттаму, небулозно е денешното тврдење дека небезбедно млеко по потекло од соседна Србија завршило на рафтовите во продавниците.
Веста на Трипуновски за афлатоксинот во сурово млеко по потекло од една од поголемите млекарници е стара неколку месеци, иако и со неа денес се обиде да манипулира. Ова млеко, во согласност со операторот, уште во април годинава нештетно е уништено и не е стасано во прометот“, се истакнува во реакцијата од АХВ.
Македонија
(Видео) Мицкоски: Згрозен сум од неморалниот чин на Маричиќ

Како човек сум згрозен со гадење од овој сексистички и неморален чин на Маричиќ, човекот се прослави со сè, само не со тоа што треба да го работи, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, при денешната посета на Гази Баба одговарајќи на новинарско прашање за вчерашниот скандал во Собранието и сексистичкото однесување на Маричиќ кон пратеничката Дафина Стојаноска.
„Вчудовиден сум како овие на кои устата им е полна со Европа не излегоа и не собраа сили да се извинат за она што го стори Маричиќ, па и тој самиот. А од Ковачевски очекував барем оградување од ова што го направи Маричиќ, но, за жал, тоа не го добивме“, рече Мицкоски.
Мицкоски потенцира дека уште некое време политичката сцена ќе се дели со вакви политички маргиналци како Маричиќ, „а по дебаклот што ќе ѝ се случи на власта на парламентарните и претседателски избори, ќе се ослободиме од ваквите маргиналци“.