Топ
Велешанец со „опел“ удрил во столб од наплатна станица, двајца повредени

Денеска во СВР Велес било пријавено дека околу 00.06 часот на автопатот Скопје – Велес, на наплатна станица Сопот, патничко возило „опел“ со велешки регистарски ознаки, управувано од 41-годишниот А.Д. од Велес, удрило во столб од наплатната станица.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил Л.М.(41) од Велес, сопатник во возилото, а со телесни повреди се здобил возачот, констатирани во болницата во Велес.
По овластување на јавен обвинител, увид на местото извршила увидна екипа од СВР Велес.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Таравари: Немам информација од Токсикологија за труење со парацетамол поради предизвик

Министерот за здравство, Арбен Таравари нема информации од Клиниката за токсикологија за труење на млади пациенти поради опасниот предизвик со парацетамол на „Тик-ток“.
Таравари одговарајќи на новинарско прашање рече дека првпат слуша за тоа, а и самиот не ја користи платформата „Тик-ток“.
Претходно, докторот Нико Беќаровски, предупреди на опасниот предизвик кој почнал од почетокот на оваа година, а се однесува на внесување на големи дози парацетамол. Тој вели дека колку и да звучи чудно, труењата со парацетамол се меѓу најсмртоносните труења со лекови.
„Дури и мали дози 10-15 таблети предизвикуваат оштетувања на црниот дроб. 20-40 таблети предизвикуваат сериозни труења и оштетувања на црниот дроб, а труењата со над 50 таблети многу често завршуваат со смрт, дури и при интензивно лекување. Секоја година 30-50 отсто од акутните трансплантации на црниот дроб во САД и Европа се прават поради труења со овој лек! Затоа, контролирајте ги вашите деца пред да ни се случи нова трагедија“, се вели во објавата на докторот.
Додава дека ако сепак се случи труење, а не се поминати 2-4 часа, треба да се интервенира со 10 таблети медицински јаглен и АЦЦ (2 кесички) и итно да се побара лекарска помош. Секундите некогаш значат спасен или изгубен млад живот.
Македонија
Заев и Ковачевски потрошиле 280 илјади евра за фејсбук-реклами за своите лаги и манипулации, вели ВМРО-ДПМНЕ

„Додека ја крадеа државата СДС, Заев и Ковачевски потрошиле и 280 илјади евра за фејсбук реклами. 280 илјади евра завршија на промоција на пропаднатите политики на СДС, Заев и Ковачевски, кои ја упропастија државата“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„СДС, Заев и Ковачевски, дадоа 280 илјади евра да ја покријат одговорноста и за модуларната болница во Тетово, и за Дурмо Турс и за тендерите на Васко Ковачевски, и за сите криминали и рекети кои ги направија.
280 илјади евра СДС, Заев и Ковачевски потрошија за дефокус на народот додека браќата на Заев и Филипче градеа фотоволтаични централи заедно, и додека владата на Ковачевски даваше земја за соларна централа на неговата сопруга.
Наместо за народот, СДС, Заев и Ковачевски потрошија 280 илјади евра за нивните лаги и манипулации“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
Економија
Граѓаните тешко осиромашени за осум месеци, Мицкоски допрва анализира што да се прави, велат од СДСМ

„Тотално фијаско на политиките на Мицкоски и ДПМНЕ во економијата, цените продолжуваат да растат, граѓаните имаат се помалку пари и едвај врзуваат крај со крај. Мерките со некакви „кошнички“ доживеаја дебакл. Наместо намалување се случи зголемување на цените на храната, на основните производи, затоа што власта им остави време и простор на трговците да ги зголемат“, соопшти СДСМ.
„Граѓаните беа принудени сами да се организираат и преку бојкот на маркети да кренат глас против високите цени и големите поскапувања.
И наместо веднаш да преземе мерки и да ги намали цените Власта на Мицкоски така си ги остава работите, ништо не прави за намалување на цените. Граѓаните се оставени сами.
Мицкоски вели ќе разгледувале, ќе правеле анализи, ќе презентирале нешто на наредната седница на Влада.
Човекот што троши за една реклама на Фејсбук повеќе од една минимална плата си поигрува со народот кој секој ден плаќа поскапо а има помалку.
Па 8 месеци поминаа допрва ли ќе разгледува Мицкоски? Нели ветуваше дека ќе се намалат цените? Еве цените не се намалија, се зголемија, неспособноста излезе на виделина.
Власта има 6 милијарди евра буџет. Зошто едноставно не ги покачи платите? Што се чека?
Едноставен е одговорот, политиките на Мицкоски се насочени кон заштита на интересите на големите трговци и елитата а граѓаните се оставени сами на себе.
Секогаш кога ДПМНЕ е на власт се зголемува економската несигурност на семејствата, народот има се помалку пари, а се богатат само неколкумина во врвот на власта“, се наведува во соопштението на СДСМ.