Црна хроника
(Видео) Ангеловски: 2020 е година со најмал број на загинати лица во сообраќајни несреќи

„Мобилната единица за безбедност во сообраќајот при Министерството за внатрешни работи вчера (29.01.2021) спроведе засилена акциска контрола во областа на сообраќајот на територијата на Струмица, при што санкционирани се 107 возачи, од кои 69 кои возеле со брзина поголема од дозволената, 19 возачи за возење без возачка дозвола, четири за возење на нерегистрирано возило…“, соопшти портпаролот на МВР, Тони Ангеловски на прес-конференција во Струмица.
„Контролите се главно насочени кон санкционирање на прекумерната брзина затоа што направените анализи покажуваат дека токму возењето со поголема брзина од дозволената е најчеста причина за сообраќајни незгоди со тешки последици. Засилените контроли продолжуваат и денеска и во наредните денови и евидентно е дека имаме намалување на бројот на сообраќајни незгоди во периодот кога овие контроли се спроведуваат. Во ноември 2020 споредено со ноември 2019 имавме намалување од 21 отсто, а кога ќе ги споредиме декември 2020 со декември 2019 имаме намалување од 23 отсто на бројот на сообраќајни незгоди. Како резултат на преземените активности, 2020 година е со најниска бројка на жртви во сообраќајот во историјата на државата“, рече Ангеловски.
На територија на Струмица бројот на сообраќајни незгоди во декември е намален за 35 отсто, а во јануари за 46 отсто, додека бројот на сообраќајни незгоди со жртви во јануари е намален за 100 отсто.Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот, рече Ангеловски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Казнети 245 возачи во Скопје, 39 за брзо возење

На територијата на Скопје изречени се вкупно 245 казни за сообраќајни прекршоци, информираат од министерството за внатрешни работи.
Меѓу нив за непочитување на брзина на движење казнети биле 39 возачи, 35 санкции биле изречени за возење без возачка дозвола, 11 за некористење сигурносен појас.
МВР соопштува дека 10 казни биле изречени за користење на мобилен телефон, 5 за возење под дејство на алкохол и 69 мерки за непрописно паркирани возила.
Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови, информираат од МВР.
Црна хроника
Кривични за сопственици на локали во Тетово и Велес каде што не се почитувале мерките против вирусот

Тетовската полиција поднесе кривична пријава против Н.М.(49) од село Вешала, управител на угостителски објект, поради сомнение за сторено кривично дело непостапување според здравствените прописи за време на епидемија.
Како што информираат од МВР, на 15. февруари годинава околу 21.35 часот, полицијата во Тетово извршила контрола во локалот и констатирале дека Н.М. постапил спротивно на одлуката на Владата и по дозволеното работно време во објектот имало гости.
За истото кривично дело поднесена е пријава и против Н.З.(64) од Велес, сопственик и управител на локал.
На 24 декември минатата година полициски службеници извршиле контрола во објектот и констатирале дека не се почитуваат владините одлуки, односно објектот работел по дозволеното време и во него имало гости.
Црна хроника
Куќен притвор за дилер на ЛСД од Кисела Вода

Скопското основно јавно обвинителство донесе наредба за спроведување истрага против 23-годишник од Скопје за кривично дело неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги.
Како што информираат од Обвинителството, при претресот во домот на осомничениот, на улицата Саса во општина Кисела Вода, полицијата пронашла 70 картончиња диетиламит на лизергинска киселина (ЛСД), како и 0,34 грама семки од канабис.
На 23-годишникот судот му определил куќен притвор и му наложил повремено да се пријавува кај службено лице, а исто така привремено му е одземена патната исправа, односно изречена е забрана за издавање нова.
- Книги3 месеци
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Македонија3 месеци
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Македонија2 месеци
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот
- Регион2 месеци
(Видео) Прекината прес-конференција на градоначалникот на Бања Лука: „Луѓе ова е сериозен земјотрес“
- Регион2 месеци
(Видео) Снимен моментот на потресот во Петриња – луѓе не можат да се задржат на земјата
- Европа1 недела
Планот за отклучување на Германија протече во медиумите, Меркел: Имаме трет бран
- Свет1 месец
Поради примање мито во Кина погубен поранешен државен функционер