Контакт

Топ

(Видео) Уапсен 24-годишник од Скопје, при претрес пронајдено речиси еден килограм дрога

Објавено пред

Денеска во 00.20 часот во Скопје, на подрачјето на Карпош, полициски службеници од СВР Скопје, со судска наредба, извршиле претрес во дом и други простории на И.Ј.(26) и Ф.Ј.(24) од Скопје. Во домот бил затекнат Ф.Ј.(24), а при претресот, под седиштето на мотоцикл, кој бил во подрумот, биле пронајдени и одземени околу еден килограм марихуана и дигитална вага.

dobivaj vesti na viber

Ф.Ј. е лишен од слобода и задржан за понатамошна постапка, а се преземаат мерки за пронаоѓање на И.Ј.. Известен е јавен обвинител и по целосно расчистување и документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.

Македонија

Пет пациенти денеска се враќаат од Србија, во странство хоспитализирани уште 38

Објавено пред

Министерството за здравство информира дека денеска пет пациенти од повредените во трагедијата во Кочани ќе се вратат од лекување од Клиничкиот центар во Србија по што, во согласност со протоколот, тројца ќе бидат под опсервација на Клиниката за пулмологија и по еден пациент на Клиниката за пластична хирургија и во Хируршката клиника „Св. Наум Охридски“.

dobivaj vesti na viber

Во текот на вчерашниот ден еден пациент се врати од лекување од Хрватска и се наоѓа под опсервација на Клиниката за пластична хирургија, со што во странските медицински центри остануваат на лекување уште 38 пациенти.

Во земјата во моментот се лекуваат 7 пациенти, од кои во Хируршката клиника „Св. Наум Охридски“ се хоспитализирани вкупно 4 пациенти, на Клиниката за пластична хирургија еден пациент, а во приватната болница „Систина“ двајца пациенти.

Министерството за здравство континуирано ја следи состојбата со повредените пациенти со цел обезбедување најдобар можен третман, како и натамошна рехабилитација, нагласуваат од Министерството.

Прикажи повеќе...

Македонија

Таравари не може и да соработува со ДУИ и да биде дел од Владата, вели Меџити

Објавено пред

Министерот за животна средина и вицепремиер Изет Меџити очекува министерот за здравство Арбен Таравари и лидер на Алијансата за Албанците, како што ја напушти коалицијата „Влен“ за претстојните локални избори, да ја напушти и Владата. Меџити вели дека синоќа имале седница на Владата, на која, покрај за реализација на програмите и проектите, разговарале и за политичката ситуација.

dobivaj vesti na viber

„’Влен’ нема никакви дилеми, продолжува во таа насока за што и ги побара тие 107 илјади гласа како победник во албанскиот кампус. Како што ветивме – донесовме промена, ротација, плурализам и демократија во албанскиот кампус. Ние стоиме цврсто на тој пат. Тука е проблем господинот Таравари. Ние одлучивме дека ‘Влен’ ќе биде едно, ќе се стопат сите политички партии во ‘Влен’ оти тоа го бараат нашите гласачи. Второ, одлучивме дека и соработка со ДУИ и останување во ‘Влен’ не е можно и мислам дека и соработка со ДУИ и дел од Владата не штима, не оди.  Тоа е нашиот политички став, ист ќе биде и на 29 април и на 1 мај. Нема логика да се соработува со ДУИ и да се биде дел од Владата“, рече денес министерот Меџити по обраќањето на Форумот за енергетика и технологија помеѓу Чешка и Северна Македонија.

Според него, Меџити треба да се определи. Има легитимно право да соработува со ДУИ, но треба да не се срами, да го објави тоа и да премине во тој табор.

Меџити не одговори конкретно на прашањето дали од премиерот Христијан Мицкоски ќе побара Тарвари да ја напушти Владата, но потврди дека е можна средба меѓу нив, на која, без разлика на кој датум ќе се одржи, политичкиот став на „Влен“ ќе биде ист.

Спојувањето на партиите што сега се дел од коалицијата „Влен“, со исклучок на Алијансата за Албанците, е во тек. Меџити извести дека претседателството ќе има 23 члена и дека неговото име е меѓу оние што се споменуваат како кандидати за лидери.

Прикажи повеќе...

Македонија

Голема полициска акција на повеќе локации: сомнение за кривични дела на штета на Фондот за здравство

Објавено пред

Под раководство на јавен обвинител од ОЈО ГОКК, МВР спроведува координирана акција на повеќе локации во државата.

dobivaj vesti na viber

Како што извести Обвинителството, станува збор за основано сомнение за сторени повеќе кривични дела, со кои е сторена штета на Фондот за здравство.

„Со оглед на обемот на акцијата повеќе информации ќе бидат споделени по нејзиното завршување“, додаваат од ОЈО ГОКК.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 час

Пет пациенти денеска се враќаат од Србија, во странство хоспитализирани уште 38

Министерството за здравство информира дека денеска пет пациенти од повредените во трагедијата во Кочани ќе се вратат од лекување од...

Македонија2 часа

Таравари не може и да соработува со ДУИ и да биде дел од Владата, вели Меџити

Министерот за животна средина и вицепремиер Изет Меџити очекува министерот за здравство Арбен Таравари и лидер на Алијансата за Албанците,...

Македонија2 часа

Голема полициска акција на повеќе локации: сомнение за кривични дела на штета на Фондот за здравство

Под раководство на јавен обвинител од ОЈО ГОКК, МВР спроведува координирана акција на повеќе локации во државата. Како што извести...

Македонија3 часа

Скопјанец обвинет за демнење: ја следел својата поранешна сопруга, психички ја вознемирувал и ја застрашувал

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен предлог против 44-годишен скопјанец кој се товари дека сторил кривично дело – Демнење од...

Топ3 часа

Кривична против директорот на Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид: ја оштетил установата за 150 илјади денари

СВР Охрид поднесе кривична пријава против 48-годишниот Г.С. од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „несовесно...

Македонија4 часа

(Фото) Спречени обиди за шверцување парфеми, тутун, облека со потпис на познати модни брендови

На Меѓународен Аеродром Скопје државјанин на Обединети Арапски Емирати родум од Индија се обидел да криумчари во државата 76 парфеми....

Македонија4 часа

Колку милиони евра однесоа Заев и Филипче во Дубаи, прашува ВМРО-ДПМНЕ

„И по неколку дена сè уште молк од СДС дали Филипче исто како и Заев поседува златна виза во Дубаи...

Македонија4 часа

„Љутков ги гази колективниот договорот и правата на културните работници“, велат од СДСМ

„Вчерашното интервју на министерот Љутков, во кое без срам го нарече колективниот договор за култура „незаконски“, е директен напад врз...

Европа5 часа

Масовен руски напад врз украинскиот регион, девет загинати, 30 повредени

Руско беспилотно летало удрило во автобус со работници во украинскиот град Марханец рано утринава, при што загинале најмалку девет лица...

Македонија5 часа

ДУИ: Се урива еден од столбовите на Законот за јазиците – секој молк денес е соучесништво утре

„Демократската унија за интеграција остро реагира на последните скандалозни информации поврзани со Инспекторатот за примена на Законот за употреба на...

Европа6 часа

Путин призна дека Русија напаѓа цивилни цели во Украина, го обвини киевскиот режим дека користи жив штит, објави „Медуза“

Владимир Путин во понеделникот призна дека Русија повеќепати напаѓала цивилни цели во Украина тврдејќи дека цел на овие напади биле...

Свет7 часа

(Видео) Трамп: Значително ќе ги намалиме царините за Кина, но тие нема да одат на нула

Американскиот претседател Доналд Трамп вчера сигнализираше можност за олеснување на трговската војна со Кина, велејќи дека високите царини за кинеските...

Свет7 часа

Израелската војска: Од Јемен е лансирана ракета кон Израел

Израелската војска во средата објави дека „најверојатно успешно пресретнала“ ракета истрелана од Јемен кон Израел. Поради лансирањето на ракетата, прогласена...

Македонија20 часа

Судот ја одби гаранцијата од милион евра на Асмир Јахоски

Судот ја одби гаранцијата од еден милион евра на бизнисменот Асмир Јахоски, осомничен за перење пари, во замена да биде пуштен...

Македонија24 часа

Културните работници на протест: Се надеваме дека платата за март ќе ја добиеме барем пред првомајските празници, стигнаа нови насоки

Голем број вработени во институциите од културата денес точно напладне излегоа на протест пред Министерството за култура, кое ги принуди,...

Македонија1 ден

(Видео) Филипче: Ако се обединиме на патот кон ЕУ, нема пречка што нема да ја совладаме

Патот кон Европската унија трае предолго, но не смее да се откажеме, мораме да се обединиме бидејќи кога сме заедно...

Економија1 ден

Се намалува цената на мазутот, а на дизелот и на бензините не се менува

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука...

Македонија1 ден

„Дали Зоран Заев во Дубаи гради високи згради над 50 ката и дали на тој начин ја стекнал златната виза“, прашува ВМРО-ДПМНЕ

„Времето изминува, СДС се занимава со сè и сешто, шета од тема на тема, но за темите што ги интересира...

Свет1 ден

Објавено кога ќе биде погребан папата

Погребот на папата Франциско ќе се одржи в сабота, соопшти Ватикан. Погребот на папата ќе се одржи в сабота, со...

Топ1 ден

Сообраќајна несреќа кај планинскиот превој Пресека: неколкумина повредени, меѓу нив и две деца

Вчера во 15.30 часот, на магистралниот пат Кичево-Охрид, кај планинскиот превој „Пресека“, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко моторно возило...