Црна хроника
(Видео) 192 сообраќајни прекршоци во Скопје, 116 за брзо возење
Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (18.4.2021) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.
На територијата на Град Скопје изречени се вкупно 192 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 116, 15 санкции за возење без возачка дозвола, три за нерегистрирани возила.
Изречени се 10 санкции за користење мобилен телефон, четири за некористење сигурносен појас и 17 мерки за непрописно паркирани возила.
Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемат безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесат за посигурни патишта.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
60-годишна жена натепана на автобуска постојка
Вчера во 20:10 часот во СВР Скопје, З.А.(60) од Скопје пријави дека на 12.02.2026 во 06:50 часот на автобуска постојка на подрачјето на Центар во Скопје, едно женско лице физички ја нападнало.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Со возило се обидел да удри работници
Во СВР Скопје на 14 февруари 2026 година во 20:00 часот било пријавено дека неколку часа претходно се случил сериозен инцидент на градилиште на подрачјето на Кисела Вода.
Според пријавата од Н.К. од Скопје, околу 14:15 часот, И.Д. од Скопје најпрво им се заканувал на двајца вработени кои работеле на објект во изградба. По вербалните закани, тој го стартувал патничкото возило „форд“ и се обидел да ги удри, но во тоа не успеал.
Потоа, со возилото удрил во автомобил „сеат леон“ со скопски регистарски ознаки, кој бил паркиран пред објектот. Од силината на ударот, „сеатот“ се придвижил и удрил во друго паркирано возило „фолксваген поло“.
Од Министерството за внатрешни работи информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување и документирање на случајот.
Црна хроника
Кривична пријава против сопственик и фирма од Делчево поради пожар со 30 гости во објектот
МВР поднесе кривична пријава против правно лице од Делчево и неговиот сопственик Н.Д. (35), поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност“, односно поради пожар, кој избувнал на 1 јануари 2026 година, во момент кога во неговиот објект биле сместени околу 30 гости и довел до сериозна опасност за нивниот живот и здравје, информира полицијата.
Според полицијата, неправилностите во изградбата и непочитувањето на безбедносните стандарди директно придонеле за ризикот од поголеми последици.
-Пријавените не ги почитувале законските одредби за изградба на објект, предвидени во член 68 и член 70 од Законот за заштита и спасување, односно не обезбедиле проект за објектот, одобрение за градење од надлежниот државен орган и согласност на елаборатот за заштита од пожари и експлозивни материи и извршувале дејност без соодветна документација и без да биде евидентиран објектот во Агенцијата за катастар на недвижности, се наведува во соопштението.

