Црна хроника
Вкупно 142 казни во Скопје за прекршоци во сообраќајот

Изречени се вкупно 142 мерки на возачи на територијата на Gрад Скопје кои ги прекршиле сообраќајните правила, соопшти Mинистерството за внатрешни работи.
Од таму известуваат дека по засилените акциски контроли во областа на сообраќајот за непочитување на брзина на движење, казнети биле 39 возачи, 11 казни се изречени за возење без возачка дозвола, а шест за технички неисправни возила за јавен превоз.
„Изречени се пет санкции за користење мобилен телефон, шест за минување на затворен семафор, пет за некористење сигурносен појас и 16 за непрописно паркирани возила“, велат од МВР.
Напоменуваат, дека засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Двајца напаѓачи ограбиле охриѓанец на улица

Двајца напаѓачи ограбиле охриѓанец на улица. Тие му украле мобилен телефон и картички од кои подоцна извадиле пари.
Според информациите на СВР Охрид, вчера во 21.40 часот било пријавенo дека на крстосницата помеѓу улиците „Серафим Китаноски“ и „Војдан Чернодрински“ во Охрид, две лица физички го нападнале Ф.К.(31) од Охрид и со закана му украле мобилен телефон и две банкарски картички, од кои подоцна подигнале 20.000 денари.
СВР Охрид презема мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Во Трубарево уапсени разбојници додека со автомобил пренесувале украдени предмети

Во скопското село Трубарево, во вечерните часови на 28 февруари, полицајци сопреле автомобил „шкода“, со скопска регистрација, во кој биле пронајдени предмети од претходно извршена тешка кражба.
Како што информираат од МВР, „шкодата“ била управувана од Д. К. (31) од Куманово, а совозач бил А. Ј. (33) од Скопје. Двајцата веднаш биле уапсени поради сомнение за сторено кривично дело тешка кражба.
Заедно со предметите тие биле предадени во Полициската станица Гази Баба и во извршениот разговор изјавиле дека кражбата ја извршиле истиот ден од вагон на железничката станица во Трубарево.
Црна хроника
Затворен угостителски објект во село Вруток, работел по дозволеното време

Инспекторите затворија угостителски објект во село Вруток затоа што работел по дозволеното време.
Според информациите на МВР, вчера, во 21.20 часот, полициски службеници со Државниот пазарен инспекторат извршиле контрола во угостителски објект во Вруток, Гостиварско, сопственост на К. С. (23) од село Вруток, при што констатирале дека објектот работи и внатре биле затекнати 13 лица заедно со сопственикот.
Поради непочитување на работното време, односно постапување спротивно на препораките од Владата, објектот бил затворен од Државниот пазарен инспекторат, а сопственикот бил приведен во полициска станица.
По целосно документирање на случајот, против К. С. ќе биде поднесена пријава за непостапување според здравствените прописи за време на епидемија.
- Книги2 месеци
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Црна хроника3 месеци
Млада девојка од Штип пронајдена мртва во нејзиниот дом
- Македонија3 месеци
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Македонија2 месеци
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот
- Регион2 месеци
(Видео) Прекината прес-конференција на градоначалникот на Бања Лука: „Луѓе ова е сериозен земјотрес“
- Регион2 месеци
(Видео) Снимен моментот на потресот во Петриња – луѓе не можат да се задржат на земјата
- Европа5 дена
Планот за отклучување на Германија протече во медиумите, Меркел: Имаме трет бран