Црна хроника
Возило излета од патот, тројца повредени на патот Куманово – Свети Николе

Вчера во 16:20 часот било пријавено дека во Куманово, на регионалниот пат Куманово – Свети Николе, патничко возило „опел астра“, со кумановски регистарски ознаки, управувано од М.П.(40) од Куманово, излетало надвор од коловозот. Во незгодата сопатничката З.П.(68) од Куманово се здобила со тешки телесни повреди, а возачот и друга сопатничка С.П.(60) од Куманово се здобиле со телесни повреди, констатирани во Општата болница Куманово. Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Куманово.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Разбојници нападнале и ограбиле 20-годишно момче во Центар

Двајца разбојници со метален предмет нападнале и ограбиле 20-годишно момче во Центар.
Според информациите на МВР, вчера во Полициска станица Центар, Д.Р.(20) од Скопје пријавил дека околу 20 часот на подрачје на Центар бил физички нападнат со метален предмет од две лица кои му украле пари, мобилен телефон и други предмети.
Од МВР велат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Кривични пријави против три лица за незаконско проширување парцела во Охрид

СВР Охрид поднесе кривични пријави против три лица и правно лице за узурпирање на недвижности. Според информациите, првопријавениот незаконски проширил парцела која се уште не била на негово име.
Се работи за Н.З.(59) од Охрид, Н.И.(51) од Струга, Р.Б.(47) од Охрид како и против правно лице со седиште во Охрид.
„ Првопријавениот, иако знаел дека неговата катарстарска парцела во населбата „Далјан“ во близина на Охридското езеро, се уште не е запишана во Агенцијата за катастар на недвижности на негово име, со намера да ја прошири парцелата, ги ангажирал второ и трето пријавените-вработени во правниот субјект од Охрид и, побарал дотур на земја, камен и крупен градежен шут на брегот и во водите на Охридското Езеро. Истите, извршиле дотур на земја и камен со што, ја прошириле парцелата на 900 метри квадратни навлегувајќи и во водите на Охридското езеро“ соопшти СВР Охрид.
Црна хроника
Затворен угостителски објект во Тетово, приведена сопственичката

Полициски службеници од СВР Тетово вчера извршиле контрола во угостителски објект на ул.“120“ во Тетово кој бил отворен и во кој биле послужени неколку гости.
Објектот бил времено затворен од Државен пазарен инспекторат, а сопственичката Ј.Б.Н.(49) била приведена и по целосното документирање на случајот ќе биде поднесена кривична пријава.
- Свет3 месеци
Поради примање мито во Кина погубен поранешен државен функционер
- Европа2 месеци
Планот за отклучување на Германија протече во медиумите, Меркел: Имаме трет бран
- Економија2 месеци
Сите брендови на Индитекс доаѓаат во „Ист гејт мол“
- Свет1 месец
(Видео) Полиција собори маж на земја пред неговото мало дете зашто немал маска
- Црна хроника3 месеци
Брат и сестра нападнати на Широк сокак
- Економија3 недели
„Оштетени штедачи“: Фирма на Игор Џамбазов зела неповратен кредит од Еуростандард банка
- Регион2 месеци
Вучиќ за ковид-пасошите: Кои сте вие да го ограничите движењето на некој што не сака да се вакцинира?
- Македонија3 недели
Ѓорчев: Мојот татко е во кома откако се вакцинираше во Ниш