Контакт

Топ

Воз прегази мигрант кај Демир Капија

Објавено пред

Мигрант загина на пругата кај Демир Капија откако го прегазил воз. Како што информира МВР, синоќа во 22,50 часот било пријавено дека товарен воз кој се движел во правец Гевгелија-Скопје, пред Демир Капија удрил во А.Н., мигрант од Пакистан, кој од здобиените повреди починал на местото на настанот.

Извршен бил увид од увидна екипа од Полициската станица Гевгелија. По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот е дадено за обдукција.

Свет

(Видео) Прв состанок на Путин и Зеленски на Самитот во Париз

Објавено пред

Рускиот претседател Владимир Путин денеска за прв пат се состанa во Париз со украинскиот претседател, Володимир Зеленски, на самитот насочен кон воспоставување мир во источна Украина.

Зеленски и Путин разговараа и со лидерите на Франција и Германија, претседателот Емануел Макрон и канцеларката Ангела Меркел, пренесе Ројтерс.

По серијата одделни билатерални состаноци во Елисејската палата, Путин и Зеленски влегоа во просторијата за состаноци на четворицата лидери, се погледнаа, но не разменија насмевка, додава агенцијата.

Двајцата лидери не се ракуваа пред камерите.

Денешниот самит е првпат четворицата лидери да се сретнат во т.н. Нормандиски формат, од 2016 година.

Веднаш штом пристигна во Париз, Путин се состана со Ангела Меркел, додека Макрон разговараше со Зеленски во неговата резиденција.

Состанокот, со посредство на лидерите на Франција и Германија, има за цел да ги оживее напорите за решавање на петгодишниот конфликт на Киев со проруските сили, кои држат делови од територијата на југоисточна Украина од 2014 година.

Повеќе од 13.000 луѓе ги загубија животите во конфликтот, а илјадници се раселени.

Главни теми на разговорите се детали од Договорот од Минск, мировниот план со 13 точки од 2015 година, кој предвидува враќање на границите со Русија под украинска контрола, одржување избори во сепаратистичките региони и разоружување и евакуација на руските сили во југоисточниот дел на Украина.

Прикажи повеќе...

Топ

Пешак загина во сообраќајна несреќа во Штип

Објавено пред

Пешак почина во сообраќајна несреќа што се случи синоќа на магистралниот пат Делчево – Штип, на влезот во селото Облешево.

Од МВР информираат дека пешакот бил на 56-годишна возраст, со иницијали Т.Ј., со живеалиште во Штип.

Во него удрил автомобил, управуван од Д.Ј.(23) од селото Стар Караорман.

Во незгодата Т.Ј. починал, а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош. Увид на местото извршиле Јавен обвинител и екипа од Полициската станица Кочани, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција.

Прикажи повеќе...

Македонија

Кривични за вработени во Бирото за метрологија поради злоупотреба на службената положба

Објавено пред

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кичево поднесе кривична пријава против Н.П(39), М.Т.(54) и И.Т.(51), сите од Скопје, вработени во Бирото за метрологија, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело злоупотреба на службена положба и овластување.

„Н.П. изготвил и потпишал потврда за отворање на постапка за идентификација, со која на жител од Кичево му потврдил статус „државјани на РСМ кои се враќаат од странство“, а која се однесувала за товарно возило кое не гo исполнувало законски предвидениот ЕУРО стандард, по што внел податоци од негов колега, без негово знаење и согласност. М.Т., како раководител во Бирото за метрологија, ја потпишал изготвената потврда, без да се увери дека нема потпис од изготвувачот и дека копијата од странската сообраќајна дозвола не била заверена на нотар“, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Како што додаваат од МВР, И.Т., во својство на помошник раководител во Бирото, нелегалната потврда ја потпишал и ја заверил со службен печат од Бирото за метеорологија.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет10 минути

(Видео) Прв состанок на Путин и Зеленски на Самитот во Париз

Рускиот претседател Владимир Путин денеска за прв пат се состанa во Париз со украинскиот претседател, Володимир Зеленски, на самитот насочен...

Топ3 часа

Пешак загина во сообраќајна несреќа во Штип

Пешак почина во сообраќајна несреќа што се случи синоќа на магистралниот пат Делчево – Штип, на влезот во селото Облешево. Од...

Македонија3 часа

Кривични за вработени во Бирото за метрологија поради злоупотреба на службената положба

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кичево поднесе кривична пријава против Н.П(39), М.Т.(54) и И.Т.(51), сите од Скопје, вработени во Бирото...

Македонија3 часа

Мицкоски: Ако не се одржат предвремените избори ќе ги преиспитаме односите со Пендаровски

Одложувањето на предвремените парламентари избори кои беа договорени да се одржат на 12 април, според ВМРО-ДПМНЕ ќе ја втурнат државата...

Македонија6 часа

Приведен 49-годишен скопјанец кој на Фејсбук му се заканувал на Заев

Секторот за компјутерски криминал ќе поднесе кривична пријава против 49-годишен скопјанец, поради објавени сериозни закани по животот на Фејсбук, насочени...

Регион7 часа

Градоначалникот на Нови Сад поднесе кривична пријава против претседателот Вучиќ

Градоначалникот на Нови Сад и потпретседател на владејачката Српска напредна партија, Милош Вучевиќ поднесе кривична пријава, со цел, како што...

Спорт7 часа

Русија исфрлена од Олимписките игри и светското фудбалско првенство

Извршниот одбор на Светската анти-допинг агенција (ВАДА) го прифатил предлогот на независниот комитет на Агенцијата, руските спортисти поради кршење на...

Свет8 часа

(Видео) Веб-камера снимила туристи во кратер на вулканот, секунди пред ерупцијата

Веб-камера открила најмалку десет туристи во кратерот на вулканот на Вајт ајленд на Нов Зеланд, во момент пред ерупцијата, пренесуваат...

Македонија9 часа

Пронајдени 27 килограми марихуана, приведени две лица од Албанија 

Полицијата пронашла 27 килограми марихуана во автомобил кај селото Кажани-на патот за битолското село Ѓавато. Уапсени се две лица, возачот...

Свет9 часа

Избрана новата премиерка на Финска, најмлада во светот

Владејачката социјалдемократска партија на Финска ја избра новата премиерка 34-годишната министерка и пратеничка Сана Марин. Таа ќе биде најмладата претседателка...

Свет10 часа

Тежок понеделник во Франција, продолжува штрајкот и сообраќајните проблеми

И денеска продолжува штрајкот во Франција, а со тоа и хаосот во сообраќајот. Вчера, во четвртиот ден од штрајкот на...

Свет10 часа

(Видео) Ерупција на вулкан на Нов Зеланд, има и жртви

Едно лице загина, а 20-на се повредени во ерупција на вулкан на новозеландскиот Бел остров (White Island), популарна туристичка дестинација...

Регион22 часа

Во Хрватска годишно се фрлаат повеќе од 300.000 тони храна

Повеќе од 300 илјади тони храна се фрла годишно во Хрватска, додека бројни здруженија и организации истовремено бараат да се...

Топ24 часа

(Видео) Страотна сообраќајка во Бутел – излетал oд патот, ја пробил оградата и се превртел на булеварот

Страотна сообраќајка се случи вечерва во скопската населба Бутел. Момче и девојка кои се наоѓале во возило со тетовски регистарски...

Регион1 ден

Поради густата магла откажани сите летови во Сараево

Речиси сите летови до и од главниот град на Босна и Херцеговина од меѓународниот аеродром во Сараево се откажани поради...

Топ1 ден

Девојче повредено во тешка сообраќајка на Качанички пат

Во тешка сообраќаjна несреќа која попладнево се случила на Качанички пат повредено е девојче кое во инцидентот добило скршеница на...

Топ1 ден

Напаѓачот кој прободе момче во Бутел има 12 години, кривична ќе добие и неговиот татко

Скопската полиција ќе поднесе кривични пријави против четворица малолетници од Скопје (двајца од 16 години, еден 15 и еден 12...

Македонија1 ден

Се запали стан на „Рузвелтова“, пожарот избил при готвење

Скопската противпожарна бригада денеска интервенираше при пожар кој изби во стан во зграда на улицата „Рузвелтова“. Според информациите од терен,...

Македонија1 ден

Османи: Венецијанската комисија не вели да се отфрли двојазичноста во судството, туку да се создадат услови

Секој обид за еднострано поместување на балансот во македонско-албанските односи кој е постигнат со многу труд, со многу жртва од...

Култура1 ден

Две престижни признанија за документарецот „Медена земја“ во Лос Анџелес

Документарецот „Медена земја“ освои две престижни признанија на 35. Интернационални документарни награди (ИДА), што се одржаа вчеравечер (7. декември) во...

Досие