Црна хроника
Во Гостиварско најдена дрога, приведени се двајца дилери
Гостиварската полиција ноќеска во периодот од 22.10 до 00.45 часот ги лишила од слобода Ш.Ш.(49) и З.И.(22), двајцата од село Чегране, гостиварско. При претрес во угостителски објект во село Чегране, извршен со судска наредба, сопственост на Ш.Ш., кај сопственикот и вработениот З.И. биле пронајдени и одземени 53 пакувања со кокаин, марихуана и пари.
Како што информираат од МВР, тие биле задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против нив ќе следува соодветна пријава.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Пријавени шест лица по инцидент со насилство и оружје во Желино
Полицијата поднесе кривична пријава против шест лица од Тетово, по инцидент што се случи на 5 ноември 2025 година во селото Желино.
Пријавени се: Б.И. (34), Б.И. (30), В.И. (29), Ј.Б. (37), Џ.Б. (30) и Ј.Џ. (63), за кои постојат основи на сомнение за сторени кривични дела „насилство“ и „загрозување со опасно орудие при тепачка или караница“.
Според полицискиот билтен, инцидентот започнал со претходна расправија помеѓу Ј.Џ. (63) и Б.И. (34). Во текот на оваа караница, Ј.Џ. се обидел да го нападне Б.И. со метален предмет, но лицата биле разделени.
Меѓутоа, ситуацијата ескалирала кога расправијата прераснала во физичка пресметка во која биле вклучени сите шест пријавени лица. Според пријавата, во текот на оваа тепачка, Ј.Џ. со огнено оружје му упатил закани на Б.И.
Истрагата за случајот продолжува.
Црна хроника
Скопјанец претепан пред влезот од домот: претходно добивал закани од таткото на вереницата
Утрово во 00:05 часот во СВР Скопје, Б.И.(18) од Скопје пријавил дека пред влезот на неговиот дом на подрачјето на Чаир во Скопје, неколку лица физички го нападнале.
Според пријавеното, тој се сомнева дека нападот е извршен поради нарушени односи со неговата вереница и дека неколку пати добивал пораки со закани од нејзиниот татко.
Полицијата соопшти дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Ја претепал 48-годишната сопруга: уапсен маж од Кичево
Синоќа во 19:50 часот во Кичево, полициски службеници од ОВР Кичево го лишија од слобода Т.Д.(53) од Кичево.
Полицијата постапила по претходна пријава дека тој во семејниот дом физички ја нападнал неговата 48-годишна сопруга.
По целосно документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

