Топ
Во Кавадарци приведен Србин баран за убиство во Србија
Српски државјанин вчера бил уапсен во Кавадарци, а кој во Србија е осомничен за свирепо убиство на својот брат.
Полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за општ и насилен криминал при МВР, по добиено барање од Интерпол Белград, а во координација со Секторот за меѓународна полициска соработка, СВР Куманово, ОВР Кавадарци и РЦ за ГР Север, на 29.9.2021 на територијата на општина Кавадарци, на местото наречено Шамаци, го пронајдоа и лишија од слобода српскиот државјанин А. Ф. (43) од Пожаревац, кој во Република Србија е осомничен за сторено кривично дело свирепо убиство на својот брат.
Приведениот им е предаден на полициските служби на Република Србија за понатамошна постапка.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
(Фото) Загина планинар во Црна Гора
Црногорски планинар загина на планината Хајла. Неговото тело беше пронајдено вчера на црногорската страна од планината, откако беше пријавен за исчезнат во саботата. Спасувачи од Косово и Црна Гора учествуваа во потрагата, а беа известени од хрватски планинари, соопшти Косовската планинска служба за спасување.
Косовската планинска служба за спасување доби повик од косовската полиција во саботата, 21 февруари, за несреќа што се случила на врвот Хајла, на надморска височина од 2.407 метри. Според првичните информации, SOS пораката ја испратила група хрватски планинари. Тие пријавиле дека црногорскиот планинар се лизнал и паднал во клисура на северната падина од врвот и дека изгубиле секаков контакт со него.
Временските услови во областа биле исклучително тешки, што значително ја комплицирало операцијата за пребарување и спасување. Веднаш по приемот на повикот, Косовската планинска служба распоредила тим планински спасувачи и започнала со координирање на операцијата со колегите од Планинската служба за спасување на Црна Гора. Со оглед на географската локација на местото на несреќата и итноста на ситуацијата, започна прекугранична операција.
Екипите, во тесна соработка со црногорските власти и локалните планинари од Рожаје, ја започнаа операцијата во доцните вечерни часови.
Сепак, поради тешките временски услови и слабата видливост, потрагата беше прекината од безбедносни причини и беше одлучено да продолжи во утринските часови.
Во недела, 22 февруари, за време на обемна потрага што се одвиваше во два правци, беше пронајдено безживотното тело на планинарот Ц.Ф..
Телото беше лоцирано на локација позната како „Јама“, на северните падини на Хајла, на територијата на Црна Гора. По завршувањето на процедурите, телото беше транспортирано и предадено на надлежните институции.
Регион
Радев: Украина сè уште има работа пред да се приклучи кон ЕУ, не треба да го заборавиме Западен Балкан
Во интервју за германското издание „Берлинер Цајтунг“, поранешниот бугарски претседател Румен Радев, кој неодамна поднесе оставка и најави влез во трката за премиер изјави дека неговото влегување на парламентарната политика се должи на протестот на Бугарите во декември.
„Тоа е одговор на повикот на бугарските граѓани и нивните очекувања за трансформација на Бугарија во демократска, модерна и слободна европска држава. Масовните граѓански протести во декември низ цела Бугарија, како и во европските градови како Берлин, доведоа до оставка на бугарската влада. Сакаме бугарските граѓани да се чувствуваат целосно слободни, без да зависат од какви било олигархиски интереси и да имаат можност да го развијат својот потенцијал во својата земја“,изјави Радев.
Тој смета и дека завршувањето на војната во Украина бара повеќе дипломатија. Досега, како што вели, фокусот беше ставен на воена и економска помош за Украина, но дипломатските средства не беа доволно искористени. Веќе постои промена во ставот на европските лидери и пореалистичен пристап кон војната во Украина, пренесе БГНЕС. бг.
„Лидери како претседателот Емануел Макрон почнаа да зборуваат за продолжување на дијалогот со Русија и да дискутираат за идната безбедносна архитектура во Европа. Треба да разговараме со Русија бидејќи без дијалог, безбедносната архитектура ќе се базира на ривалство и постојан воен начин на размислување. Како поранешен командант на воздухопловните сили, многу ги ценам инвестициите во одбраната, но мора да бидеме свесни и за долгорочните последици за нашата економија и општествени системи“, рече Радев.
Додаде дека Украина и нејзините граѓани заслужуваат поддршка во ова исклучително тешко време за нив, но членството во ЕУ бара исполнување на Копенхашките критериуми. Радев вели дека земјите од Западен Балкан чекаат со децении и спроведуваат тешки реформи во економијата, администрацијата и владеењето на правото.
„Не смееме да ги заборавиме додека нашиот фокус е на Украина, поради воените дејствија. Брзањето ризикува поткопување на европските принципи, а Украина сè уште има многу работа да направи за да ги исполни критериумите за членство во ЕУ“, додаде тој.
Радев зборува и за Македонија, споменувајќи дека земјата според договореот од 2022 година мора да го промени својот Устав и да ги вклучи Бугарите рамноправно со другите државотворни народи , и само тогаш можат да почнат преговорите за членство во ЕУ.
„Ова е тежок, но неопходен процес и би сакале да го видиме РСМ во ЕУ што е можно поскоро. Не сакаме граници и гранични контролни пунктови, туку сакаме луѓето од двете страни на границата да можат слободно да живеат, работат и комуницираат заедно“, рече Радев.
Свет
Захарова: Се испостави дека вистинските чудовишта се чувствувале удобно во западното општество
Објавувањето на таканаречените досиеја на Епстин разоткри „одвратно ѓубре“ кое со години измислува митови за Русија за да го одвлече вниманието од своите злосторства, изјави портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, во интервју за руската државна новинска агенција ТАСС.
Захарова потсети на бројните обвинувања што западните земји ги упатија против Русија и тврдеше дека Москва одговорила на нив со „аргументи и факти“.
„Со години тие измислуваат митови за Русија, за наводната закана, за злосторствата што ние, како што тврдеа, наводно ги извршивме на нивна територија. Во меѓувреме, целото ова ѓубре работи со години во нивните заедници, во нивното срце, во најлуксузните населби на Њујорк, Лондон и другите европски престолнини, како и во Соединетите Американски Држави“, рече таа.
Захарова додаде дека, по објавувањето на досиејата на Епстин, „се покажува дека вистинските криминалци, вистинските чудовишта, се чувствувале удобно во западното општество“. „Тие биле вклучени во разни гнасни злосторства: корупција, трговија со луѓе, принудна проституција, нелегално затворање и педофилија, и што и да посакате“, рече Захарова.
Објавувањето документи од страна на Министерството за правда на САД ги откри врските на Епстин со многу истакнати личности во политиката, финансиите, академијата и деловниот свет, и пред и откако се изјасни за виновен во 2008 година за обвиненија за проституција, вклучително и заведување малолетници.
Епстин беше пронајден обесен во неговата затворска ќелија во 2019 година откако беше повторно уапсен по федерални обвиненија за сексуална експлоатација на малолетници. Неговата смрт официјално беше прогласена за самоубиство.

