Црна хроника
Во комбе на автопатот Гевгелија – Скопје пронајдени 43 мигранти

На автопатот Гевгелија – Скопје, кај клучката Прдејци, во попладневните часови на 11 март полициски службеници запреле комбе, управувано од 21-годишник од Косово, а во сопственост на 28-годишен жител на Арачиново.
Како што информираат од МВР, при преглед во возилото биле пронајдени 43 мигранти од Пакистан, Индија, Кашмир и Авганистан.
Мигрантите биле приведени во Полициската станица за граничен премин „Богородица“, а возачот бил уапсен и предаден во Полициската станица Гевгелија. По целосно документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Скопјанка измамила странец: му дала клуч од туѓ стан, тој и’ платил без да го види, па не можел да отклучи

21-годишник од Република Турција пријавил во полицијата дека бил измамен од женско лице од Скопје.
Според пријавеното, откако на 29 ноември на социјалната мрежа Фејсбук видел дека жената изнајмува стан, стапил во контакт со неа и договориле средба.
Како што е пријавено, на средбата тие се договориле да го изнајми станот, по што и дал 200 евра и земал клуч од станот, но не отишле да го видат затоа што наводно имало станари. Според пријавеното, на 2 декември тој отишол до станот, но не можел го отвори со клучот, по што ја побарал телефонски, но не му одговорила и сфатил дека е измамен.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Средовечна жена од Валандово го нападнала сопругот, полицијата ја приведе

Полицијата доцна синоќа во Валандово приведе 50-годишна жена од градот затоа што физички го нападнала нејзиниот сопруг.
За настанот бил известен јавен обвинител и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава, велат од МВР.
Црна хроника
Охриѓанец заврши во полицијата поради сомнеж дека со автомобилот удрил во сограѓанин по расправија

Со охриѓанец бил извршен службен разговор во текот на вчерашниот ден поради сомнеж дека со автомобилот намерно удрил во сограѓанин.
Од МВР велат дека се работи за 45-годишен маж од Охрид за кој постои сомнеж дека во градот, по претходно недоразбирање, со неговото возило го удрил Д.Т.(22) .
По документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.