Црна хроника
Во притвор разбојникот што ограби казино во Гевгелија
Основното јавно обвинителство Велес донесе наредба за спроведување истражна постапка против 40-годишен гевгеличанец поради недозволено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи.
„Осомничениот во временскиот период од 12.10.2018 до 22.2.2019 година неовластено држел преправено огнено оружје кое на граѓаните им е забрането, и тоа ловечка пушка „збројовка брно“ во калибар 16 мм и 8 ловечки куршуми во калибар 16 мм. На пушката претходно ѝ биле извршени механички интервенции со кои ѝ се скратени цевките и кундакот.
Со ова оружје осомничениот на 9 јануари околу 2.40 часот отишол во казино во Гевгелија, каде што, кога влегол преку споредниот влез маскиран со качулка на главата, го вперил оружјето кон касиерот. Притоа осомничениот од фиоката што се наоѓала на работното биро и од касата ги одзел парите во вкупен износ од 150.000,00 денари во разни апоени, ги ставил во најлонска кеса и преку споредниот влез излегол од казиното и заминал“, наведува ОЈО.
Основното јавно обвинителство Велес смета дека постојат околности што укажуваат на опасност од бегство на осомничениот и можности да ги повтори кривичните дела поради што до судијата на претходна постапка на Основниот суд Велес предложи против осомниченото лице да се определи мерка притвор. Предлогот е прифатен и од страна на судија на претходна постапка на осомничениот му е определена мерка притвор во траење од 30 дена.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Приведен 15-годишник во делчевско по пријава за обљуба врз малолетничка
На 28 февруари 2026 година во 14:30 часот во делчевско, полициски службеници од ОВР Делчево лишиле од слобода 15-годишник, постапувајќи по претходна пријава од 17-годишна малолетничка.
Според пријавата, откако претходно се договориле да се сретнат, тој извршил обљуба врз неа.
За настанот бил известен јавен обвинител, како и Центарот за социјална работа, а известен бил и родител на малолетникот. Надлежните институции преземаат мерки за целосно расчистување и документирање на случајот.
Црна хроника
Пронајдена граната од Првата светска војна во битолско село
На 28 февруари 2026 година во 09:40 часот во СВР Битола, П.С. од село Добромири, битолско, пријавил дека во дворното место пронашол стара граната.
По пријавата, на местото излегол пиротехничар од Дирекција за заштита и спасување, кој безбедно ја подигнал гранатата. При извршената проверка било утврдено дека станува збор за минофрлачка граната од 75 милиметри, која потекнува од Првата светска војна.
Надлежните апелираат до граѓаните доколку пронајдат сомнителни експлозивни направи веднаш да ги пријават во полиција и да не ги допираат.
Црна хроника
Тешко повреден 17-годишен мотоциклист во сообраќајка во Битола
На 28 февруари 2026 година во 14:42 часот во СВР Битола било пријавено дека на крстосницата меѓу улиците „Македонски Гемиџии“ и „Индустриска“ во Битола се случила сообраќајна несреќа меѓу товарно возило мерцедес со битолски регистарски ознаки и мотоцикл лонгиа, исто така со битолски ознаки.
Товарното возило го управувал З.В. (42) од Битола, додека мотоциклот го управувал 17-годишник од Битола.
Во несреќата мотоциклистот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Клиничка болница Битола.
Увид на местото на настанот извршила увидна екипа на СВР Битола.

