Црна хроника
Во Струга пронајдени 42 килограми марихуана

Околу 42 килограми зелена тревкаста материја се пронајдени во патнички автомобил, синоќа во Струга при координирана акција на криминалистичката полиција од Струга и Охрид. Акцијата, беше реализирана околу 22 часот во близина на еден хотел на улицата „Димче Ковачески“ во Струга.
Полициските инспектори заедно со полициски службеници од полициската станица во Струга, извршија запирање на патничко моторно возило „Мини Купер“ со струшки регистарски ознаки управувано од 31-годишниот Ф.И. од струшкото село Калишта.
При извршен преглед во возилото, забележани се пет вреќи со тревкаста материја завиткана во повеќе јутени и платнени опаковки. Дополнително, во предната лева врата од автомобилот, пронајдена е една мала најлонска паковка со бела прашкаста материја. При извршен претрес во домот на Ф.И. во селото Калишта, пронајдени се две црни најлонски кеси со траги од тревкаста материја.
Пронајдените предмети се одземени и предадени на вештачење во Министерството за внатрешни работи во Скопје, по што ќе биде поднесена соодветна кривична пријава./крај/мф/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Полуматуранти нападнати во Скопје од повеќе врсници – пријавени два случаи за помалку од 4 часа

Во Скопје на 5 јули биле пријавени два одделни случаи на физички напади врз малолетници, случени во различни делови на градот.
Во првиот случај, 48-годишната Ф.Б. пријавила дека околу 18 часот на подрачјето на Бит Пазар, нејзиниот 15-годишен син бил нападнат од тројца малолетници, од кои еден употребил тврд предмет.
Во вториот случај, 44-годишниот В.Д. пријавил дека околу 14:20 часот во Градскиот трговски центар во Центар, неговиот 14-годишен син бил нападнат од неколку малолетници.
Се преземаат мерки за целосно расчистување на двата случаи.
Црна хроника
Уапсен жител на Батинци откако нападнал полицаец во Центар по сообраќајна незгода

Жител на село Батинци е уапсен рано утринава во Скопје, откако физички нападнал полициски службеник кој постапувал по пријава за нарушен јавен ред и мир во Центар, по сообраќајна незгода.
Инцидентот се случил околу 01:20 часот, а приведениот е 25-годишниот А.Т.
Се работи на целосно документирање на случајот, по што ќе следува соодветен поднесок.
Црна хроника
Тетовец ограбен кај Петровец по договорена средба со пријателка

Жител на Голема Речица вчера бил ограбен на подрачјето на Петровец од две машки лица, од кои едното било вооружено.
Според информациите од полицијата, грабежот се случил откако претходно договорил средба со пријателка од Куманово, па бил пресретнат од лицата кои биле во автомобил.
Му биле одземени пари и мобилен телефон. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.