Црна хроника
Во три дена на релација Скопје – Охрид, приведени 20 лица кај кои е пронајдена дрога

Во периодот од 29.7.2022 до 2.8.2022 година од страна на полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција – Единица за недозволена трговија со дрога, СВР Скопје-Единица за недозволена трговија, СВР Охрид и СВР Гостивар, во рамки на ,,Безбедно лето“, беа преземени заеднички координирани активности со цел откривање на лица сторители на кривични дела од областа на недозволената трговија со наркотични дроги, при што лишени од слобода биле 20 лица.
Како резултат на преземените активности на наплатна рампа Гостивар, при извршена контрола на лица и возила, на 29.7.2022 во 18:00 часот, лишени од слобода се 24-годишните А.А., В.Т., А.П., С.Т., сите од Скопје, затоа што кај А.П. била пронајдена ќеса со марихуана.
Истиот ден во 18:45 часот полициски службеници ги лишија од слобода: Б.Д.(26), К.Ј.(28), А.В.(27), Г.М.(27) и М.Р.(27), сите од Скопје, затоа што при преглед на возило со кое се превезувале, кај К.Ј. биле пронајдени две ќеси марихуана и едно пакување кокаин.
Од страна на Одделението за недозволена трговија при Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар до Основно јавно обвинителство Гостивар против А.П. и К.Ј. се поднесени кривични пријава по чл.215 од Кривичниот законик, по што од страна на судија на претходна постапка при Основен суд Гостивар им е изречена мерка куќен притвор во траење од 30 дена.
На 30.7.2022 во 10:30 часот од страна на инспекторите од Одделението за недозволена трговија со дрога и оружје лишени од слобода се: Б.Х.(19), Б.С.(21) и К.И.(26), тројцата од Скопје, бидејќи при преглед на возило со кое патувале кај Б.Х. две ќесички марихуана. По документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Во истиот период од страна на полициски службеници од Одделение за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Охрид, во содејство со полициски службеници од Оддел за криминалистичка полиција – Единица за недозволена трговија со дрога и од Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кичево беа преземени мерки и активности во угостителски објекти и за време на уметнички настани-концерти на подрачјето на Охрид, со цел ефикасно откривање на кривични дела поврзани со неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори и со оддавање на уживање на наркотични дроги, при што биле приведени 8 лица.
Така, на 29.7.2022 во 22:15 часот во близина на поранешната касарна, за време на одржување на музичка манифестација, кај М.Ј.(20) од Охрид била пронајдена ќесичка со кокаин.
Во 23:15 часот кај 17-годишник од Охрид била пронајдена марихуана. На 30.7.2022 во 23:30 часот во близина на РЦ Запад, кај В.П.(32) од Скопје била пронајдена марихуана. Истиот ден, при контрола во угостителски објект во 23:50 часот, при преглед кај М.М.(18) и 17-годишник, двајцата од Скопје, кај М.М. била пронајдена марихуана.
На 31.7.2022 околу 00:20 часот Охрид за време на музичка манифестација, кај И.М.(19) од Битола пронајдени биле еден куршум една чаура, а во 22:00 часот кај Ф.Н.(22) од Битола била пронајдена таблетка, а кај К.А.(22) од Штип била пронајдена марихуана. Лицата се приведени и по документирање на случаите ќе биде поднесен соодветен поднесок.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Полуматуранти нападнати во Скопје од повеќе врсници – пријавени два случаи за помалку од 4 часа

Во Скопје на 5 јули биле пријавени два одделни случаи на физички напади врз малолетници, случени во различни делови на градот.
Во првиот случај, 48-годишната Ф.Б. пријавила дека околу 18 часот на подрачјето на Бит Пазар, нејзиниот 15-годишен син бил нападнат од тројца малолетници, од кои еден употребил тврд предмет.
Во вториот случај, 44-годишниот В.Д. пријавил дека околу 14:20 часот во Градскиот трговски центар во Центар, неговиот 14-годишен син бил нападнат од неколку малолетници.
Се преземаат мерки за целосно расчистување на двата случаи.
Црна хроника
Уапсен жител на Батинци откако нападнал полицаец во Центар по сообраќајна незгода

Жител на село Батинци е уапсен рано утринава во Скопје, откако физички нападнал полициски службеник кој постапувал по пријава за нарушен јавен ред и мир во Центар, по сообраќајна незгода.
Инцидентот се случил околу 01:20 часот, а приведениот е 25-годишниот А.Т.
Се работи на целосно документирање на случајот, по што ќе следува соодветен поднесок.
Црна хроника
Тетовец ограбен кај Петровец по договорена средба со пријателка

Жител на Голема Речица вчера бил ограбен на подрачјето на Петровец од две машки лица, од кои едното било вооружено.
Според информациите од полицијата, грабежот се случил откако претходно договорил средба со пријателка од Куманово, па бил пресретнат од лицата кои биле во автомобил.
Му биле одземени пари и мобилен телефон. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.