Црна хроника
Вработени што одржувале базни станици ги краделе акумулаторите
Двајца вработени во фирма која како концесионер изведувала работи на одржување на предаватели и базни станици на телекомуникациски оператор украле и препродале 196 акумулатори.
Како што соопшти полицијата, поднесена е кривична пријава против лицата А.А.(37) и Б.П. (28), двајцата од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторени осум кривични дела „тешки кражби“, при што се стекнале со противправна имотна корист од околу 241.616 денари.
За сторените кривични дела од страна на судија на претходна постапка одредена им е мерка одземење на патните исправи и задолжително јавување на надлежен орган.
Пријавените ги извршиле кривичните дела во периодот од 06.06.2016 година до 21.11.2016 година на подрачјето на Скопје. Тие биле вработени во фирма која како концесионер изведувала работи на одржување на предаватели и базни станици на телекомуникациски оператор. Го искористувале оргиналниот клуч, кој што го должел првопријавениот А.А. и отворале повеќе метални ормари на базни станици на повеќе локации на подрачјето на град Скопје, при што извршиле демонтирање на акумулатор-батерии, кои ги одзеле, а подоцна истите ги продале.
На 09.12.2016 година, по претходно добиена наредба од судија на претходна постапка, полициски службеници од Одделението за имотни деликти Гази Баба извршиле претрес на деловен простор-магацин, сместен во поранешната фабрика Газела, при што пронашле 196 акумулатор-батерии разни марки и истите со потврда биле одземени.
Истиот ден во ПС ОН Гази Баба бил извршен разговор со сопственикот на магацинот, при што истиот појаснил дека пријавените лица, по претходен телефонски договор за откуп на предметните батерии, во повеќе наврати му носеле на продажба од истите батерии при што тој им ги откупувал во готово по цена од 900 денари по парче. Во ПС ОН Гази Баба биле повикани и службени лица од оштетените компании, кои во магацинот извршиле препознавање на акумулаторските батерии и кои потврдиле дека потекнуваат од базните станици лоцирани на територија на Република Македонија. Со потврда, акумулаторските батерии им биле вратени.
На 22.12.2016 година извршен бил и претрес во домовите на пријавените лица, меѓутоа не се пронајдени акумулаторски батерии од погоре наведените кривични дела.
Инаку, А.А. и Б.П. се регистрирани сторители на кривични дела од областа на имотните деликти за што од страна на СВР Велес и СВР Скопје им се поднесувани повеќе кривични пријави./крај/со/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Скопјанка со нож нападната од нејзиниот татко
На 02.03.2026 во 18:45 часот во СВР Скопје, 48-годишна жена од Скопје пријави дека околу 15:00 часот во семејниот дом на подрачјето на општина Аеродром била физички нападната од нејзиниот 79-годишен татко, кој со остар предмет и упатувал закани, при што сам се повредил од невнимателност.
Во 20:00 часот, според полицијата, 79-годишен маж од Скопје пријавил дека околу 15:00 часот во семејниот дом неговата ќерка насилно му го одзела мобилниот телефон, при што почнале меѓусебно да се туркаат, а неговиот зет физички го нападнал.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Загина жена од Злетово: ја прегазил „мерцедес“
Вчера во 15:33 часот во ОВР Пробиштип е пријавено дека на ул.„Пониква“ во Злетово, на место викано „Клапчово маало”, Р.З.(50) од с.Неокази, пробиштипско, управувајќи патничко возило „мерцедес“ со пробиштипски регистарски ознаки, удрил во пешакот З.А.(59) од с.Злетово, пробиштипско.
Од здобиените повреди на местото на несреќата починала З.А., а лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт.
По наредба на јавен обвинител, телото на почината е предадено на Судската медицина за обдукција.
Полицијата соопшти дека е извршен увид од увидна екипа на ОВР Пробиштип.
Црна хроника
Уапсен Турчин: во патничко возило превезувал пет лица мигранти
Вчера вечер во 23:00 часот на локалниот пат Гевгелија-Граничен премин Богородица, полициски службеници од Полициското одделение за безбедност на патниот сообраќај Гевгелија го лишија од слобода 46-годишниот Ф.С. од Република Турција.
При сообраќајна контрола, полициските службеници запреле патничко возило „дачија“ со албански национални ознаки, кое го управувал, при што во возилото биле затекнати пет лица мигранти, од кои четири лица од Авганистан и едно лице од Турција.
Лицето е приведено изадржано во Полициската станица Гевгелија, а по целосно расчистување и документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

