Црна хроника
Вработен во СВР Битола заработи кривична, агресивно се однесувал во ноќен клуб

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при Министерството за внатрешни работи, до Основното јавно обвинителство Битола, поднесе кривична пријава против Џ.Р. од Битола – вработен во Одделение за заеднички работи во СВР Битола, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“ по член 144 став 4 од Кривичниот законик.
На 05.01.2025 околу 02.30 часот во ноќен клуб во Битола, пријавениот агресивно се однесувал и се заканувал на едно лице, а при интервенцијата на лица од обезбедувањето, тој се однесувал агресивно и кон нив.
Откако бил отстранет од објектот, исто така, продолжил со агресивното однесување.
Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди ќе поднесе предлог за поведување на постапка за утврдување на дисциплинска одговорност и ќе изрече задолжителна мерка лицето да биде суспендирано од работното место до завршување на дисциплинската постапка.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Прегазен малолетник на паркинг во кругот на Клиника во Скопје: возачот побегнал

Во СВР Скопје вчера околу 10.00 часот било пријавено дека на паркинг простор во кругот на Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, патничко возило „шкода“ удрило во малолетник од Скопје, по што возачот со возилото го напуштил местото.
Во несреќата, пешакот се здобил со телесни повреди, констатирани во Ургентен центар во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.
Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Скопје и се преземаат мерки за расчистување на настанот.
Црна хроника
Болничар допирал малолетничка која била на пракса во болницата во Штип

Вчера во 17.05 часот, полициски службеници од СВР Штип го лишија од слобода Т.Ј.(60) од Штип.
Тој се сомничи дека на работното место болничар во Клиничка болница Штип допирал по телото малолетничка од Радовиш, која била на пракса во болницата.
Тој е задржан во полициска станица и за настанот е запознаен јавен обвинител.
По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава, соопшти полицијата.
Црна хроника
Управувал возило со брзина од 108 километри на час во населено место: приведено лице од Липковско

Вчера во 11.30 часот, на регионален пат Куманово – село Никуштак, полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај при СВР Куманово го лишиле од слобода Ф.А.(21) од село Никуштак, општина Липково.
При контрола на патниот сообраќај било констатирано дека управувал патничко моторно возило „фолксваген голф“ со брзина од 108 километри на час во населено место каде што дозволената брзина е 40 километри на час.
Против него ќе биде поднесена кривична пријава по член 297а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“, информира МВР.