Црна хроника
Граната од Првата светска војна пронајдена при ископ во центарот на Битола
Граната од Првата светска војна вчера била пронајдена на улицата Илинденска во Битола.
Според информациите на МВР, вчера во 11.40 часот било пријавено дека на улицата Илинденска во Битола, при вршење ископ, била пронајдена артилериска граната во калибар од 75 мм од Првата светска војна.
Гранатата била безбедно подигната од екипа на Дирекцијата за заштита и спасување.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
